КОЗМЕТИКАТА Е ШТЕТНА ПО ЗДРАВЈЕТО
Со сумирање на резултатите од многу научни истражувања се дознава дека многу козметички производи можат да го нарушат имунитетот, составот на хормоните, производството на сперматозоиди, да го оштетат црниот дроб, бубрезите и да предизвикаат алергии.
На козметичките препарати може да се прочитаат разни состојки кои воопшто штетно влијаат на здравјето на луѓето.
Списокот е навистина долг: „Paraben“, „polietilen„, „glikol“, „alkinofenol“...овие и уште многу други состојки ги има во козметиката за секојдневна употреба (хигиена).
Парабените, силните конзерванси дури се поврзуваат и со појавата на рак на дојката, најраширениот тумор кај жените.
Особено штетни можат да бидат парфемите, филтрите за сончеви зраци, дезодорансите, кармините и боите за коса од сите марки.
Еколошката организација „Гринпис“ издаде водич за производите кои содржат опасни материи, кој се вика „Cosmetox“.
Исто така германската новинарка Рита Стејнс напиша книга со наслов „Вистината за козметиката“ во која направи попис на 1200 најштетни хемикалии кои се употребуваат во козметиката.