Казаки
Атаманот - Army of Christ
- Член од
- 2 септември 2011
- Мислења
- 1.526
- Поени од реакции
- 1.967
Насловот на темата е многу јасен, кое е најголемото ривалство во Македонија на навивачка основа?
Комити - Чкембари
Комити - Шверцери
Комити - Балисти
Чкембари - Балисти
Чкембари - Војводи
Балисти - Војводи
Шверцери - Војводи
FA - CPB
Кумани - CPB
Кумани - FA
Комити - Пирати
или друго?
Според мене најголемо навивачко ривалство во Македонија е Комити - Шверцери, кое освен како ривалство на етничка/културолошка/верска/политичка база може слободно да се каже дека е ривалство на две навивачки групи чии клубови се најтрофејни. Со моето мислење нема да се сложат Чкембари (што е сосем нормално) бидејќи според нив Вардар-Пелистер останува број 1 навивачко дерби на нашата тифо сцена. Времето ќе покаже дали е тоа така бидејќи од на есен Слога или ФК Шкупи по ново, се враќа во Прва лига. Дотогаш ваши мислења за навивачките ривалства во Македонија во изминатите 24 год. од кога се игра каков таков фудбал во Македонија!
Кратка ретроспектива:
Комити од самото основање (1987 г.) имаат традиционално ривалство со Чкембари кое е пред се ривалитет на локална база. Тоа ривалство кулминираше во почетокот на 90тите проследено со низа големи инциденти кои претежно беа со полиција, а не директни судири помеѓу двете навивачки групи. Кон средината на 90тите по шампионската серија на Силекс (клуб на тогашен ФСМ на чело со Ѕинго) на сцена стапи ФК Слога Југомагнат која во 7/8 год. освои 3 шампионски титули и играше 8 финалиња на Куп на Македонија од кои 3 ги освои. НГ Шверцери се основани 1989 г. од страна на Македонци кои живееле во Чаир (од каде била и најсилната подгрупа на Комити), но со тек на време, ситуацијата во оваа навивачка група значително се променила. Водството на групата го превзедоа Албанци кои дотогаше беа присутни на сите натпревари на Вардар заедно со Комити и формираа едно јадро од навивачи чија етничка припадност е претежно албанска. На другата, страна од НГ Комити произлегоа и многу други навивачки групи, но кога се играло дербито Вардар-Слога тие секогаш се обединувале.
За инцидентите помеѓу двете групи по конфиктот 2001 нема потреба од објаснувања, а за инцидентите од пред конфликтот 2001 г. можат да споделат искуства и информации некои постари членови на форумот.
Изданието на Комити од финалето на Куп на Македонија од 1998 г. (Вардар-Слога) беше едно од најдобрите на групата во нивниот цел историјат сиве овие години.
Изданието на Шверцери на последното дерби Вардар-Слога 2009 г. (по исфрлањето на Слога од прва лига и промената на името во ФК Шкупи) беше нивно најдобро издание дотогаш.
Исто така и според сајтот www.footballderbies.com ова дерби е број 1 во Македонија и е во 100те најголеми градски дерби дуели во светот.
http://www.footballderbies.com/fans/index.php?id=110
Во 2000 г. (на мечот Словачка-Македонија) после бруталното претепување на Комитите од страна на словачката полиција во Братислава излегоа со став дека присуството на голем број полицајци било заради големите инциденти во Скопје (на тогашен Градски) помеѓу Комитите и Шверцерите неколку недели пред одигрувањето на мечот на репрезентацијата во Братислава.
За тоа колку е големата омразата и ривалството помеѓу овие два клубови и навивачки групи сведочи и последната реакција на Комити за време на одигрувањето на пријателскиот натпревар помеѓу двете екипи...
Очекувам и други мислења на оваа тема, но се разбира без навреди

„Комитите“ не дозволија доигрување на мечот меѓу Вардар и Шкупи
Вардаровите навивачи „Комитите“ револтирани поради тоа што нивниот клуб игра пријателски натпревар со лидерот во Втората лига, ФК Шкупи од Чаир, го прекинаа пријателскиот натпревар кој денеска се играше во Марино.
„Комитите“, според нашите информации околу 50, најпрво од страна го искажувале својот револт поради одигрувањето на контролниот натпревар, а потоа во второто полувреме влегле на терен не дозволувајќи продолжување на истиот, притоа со обраќање до членовите на раководството на клубот.
„Натпреварот го прекинавме затоа што сакавме да го искажеме нашиот револт од односот на раководството на клубот. Зошто никаде не беше најавено дека ќе има пријателски натпревар? Зошто се криеше одигрувањето на оваа средба? Ние сме навивачи и сакаме да бидеме присутни на секој натпревар на Вардар, па секако и на овие пријателските. Затоа, без никаков инцидент само го прекинавме дуелот. Друго прашање е зошто баш мораше да се игра пријателски натпревар со Шкупи“ – ни прокоментираа дел од „Комитите“ по заминувањето од Марино.
До моментот на прекин на натпреварот Вардар имал водство од 1-0. Стручниот штаб на „црвено-црните“ се одлучи паузата поради настапот на репрезентацијата да го искористи за квалитетен тест дуел со најдобрата екипа од второлигашката конкуренција.
http://ekipa.mk/komitite-ne-dozvolija-doigruvane-na-mechot-megu-vardar-shkupi/