Кое е најголемото навивачко ривалство во Македонија?

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.525
Поени од реакции
1.963
Насловот на темата е многу јасен, кое е најголемото ривалство во Македонија на навивачка основа?

Комити - Чкембари
Комити - Шверцери
Комити - Балисти
Чкембари - Балисти
Чкембари - Војводи
Балисти - Војводи
Шверцери - Војводи
FA - CPB
Кумани - CPB
Кумани - FA
Комити - Пирати
или друго?


Според мене најголемо навивачко ривалство во Македонија е Комити - Шверцери, кое освен како ривалство на етничка/културолошка/верска/политичка база може слободно да се каже дека е ривалство на две навивачки групи чии клубови се најтрофејни. Со моето мислење нема да се сложат Чкембари (што е сосем нормално) бидејќи според нив Вардар-Пелистер останува број 1 навивачко дерби на нашата тифо сцена. Времето ќе покаже дали е тоа така бидејќи од на есен Слога или ФК Шкупи по ново, се враќа во Прва лига. Дотогаш ваши мислења за навивачките ривалства во Македонија во изминатите 24 год. од кога се игра каков таков фудбал во Македонија!

Кратка ретроспектива:

Комити од самото основање (1987 г.) имаат традиционално ривалство со Чкембари кое е пред се ривалитет на локална база. Тоа ривалство кулминираше во почетокот на 90тите проследено со низа големи инциденти кои претежно беа со полиција, а не директни судири помеѓу двете навивачки групи. Кон средината на 90тите по шампионската серија на Силекс (клуб на тогашен ФСМ на чело со Ѕинго) на сцена стапи ФК Слога Југомагнат која во 7/8 год. освои 3 шампионски титули и играше 8 финалиња на Куп на Македонија од кои 3 ги освои. НГ Шверцери се основани 1989 г. од страна на Македонци кои живееле во Чаир (од каде била и најсилната подгрупа на Комити), но со тек на време, ситуацијата во оваа навивачка група значително се променила. Водството на групата го превзедоа Албанци кои дотогаше беа присутни на сите натпревари на Вардар заедно со Комити и формираа едно јадро од навивачи чија етничка припадност е претежно албанска. На другата, страна од НГ Комити произлегоа и многу други навивачки групи, но кога се играло дербито Вардар-Слога тие секогаш се обединувале.

За инцидентите помеѓу двете групи по конфиктот 2001 нема потреба од објаснувања, а за инцидентите од пред конфликтот 2001 г. можат да споделат искуства и информации некои постари членови на форумот.

Изданието на Комити од финалето на Куп на Македонија од 1998 г. (Вардар-Слога) беше едно од најдобрите на групата во нивниот цел историјат сиве овие години.





Изданието на Шверцери на последното дерби Вардар-Слога 2009 г. (по исфрлањето на Слога од прва лига и промената на името во ФК Шкупи) беше нивно најдобро издание дотогаш.


Исто така и според сајтот www.footballderbies.com ова дерби е број 1 во Македонија и е во 100те најголеми градски дерби дуели во светот.

http://www.footballderbies.com/fans/index.php?id=110

Во 2000 г. (на мечот Словачка-Македонија) после бруталното претепување на Комитите од страна на словачката полиција во Братислава излегоа со став дека присуството на голем број полицајци било заради големите инциденти во Скопје (на тогашен Градски) помеѓу Комитите и Шверцерите неколку недели пред одигрувањето на мечот на репрезентацијата во Братислава.

За тоа колку е големата омразата и ривалството помеѓу овие два клубови и навивачки групи сведочи и последната реакција на Комити за време на одигрувањето на пријателскиот натпревар помеѓу двете екипи...

„Комитите“ не дозволија доигрување на мечот меѓу Вардар и Шкупи

Вардаровите навивачи „Комитите“ револтирани поради тоа што нивниот клуб игра пријателски натпревар со лидерот во Втората лига, ФК Шкупи од Чаир, го прекинаа пријателскиот натпревар кој денеска се играше во Марино.

„Комитите“, според нашите информации околу 50, најпрво од страна го искажувале својот револт поради одигрувањето на контролниот натпревар, а потоа во второто полувреме влегле на терен не дозволувајќи продолжување на истиот, притоа со обраќање до членовите на раководството на клубот.

„Натпреварот го прекинавме затоа што сакавме да го искажеме нашиот револт од односот на раководството на клубот. Зошто никаде не беше најавено дека ќе има пријателски натпревар? Зошто се криеше одигрувањето на оваа средба? Ние сме навивачи и сакаме да бидеме присутни на секој натпревар на Вардар, па секако и на овие пријателските. Затоа, без никаков инцидент само го прекинавме дуелот. Друго прашање е зошто баш мораше да се игра пријателски натпревар со Шкупи – ни прокоментираа дел од „Комитите“ по заминувањето од Марино.

До моментот на прекин на натпреварот Вардар имал водство од 1-0. Стручниот штаб на „црвено-црните“ се одлучи паузата поради настапот на репрезентацијата да го искористи за квалитетен тест дуел со најдобрата екипа од второлигашката конкуренција.

http://ekipa.mk/komitite-ne-dozvolija-doigruvane-na-mechot-megu-vardar-shkupi/

Очекувам и други мислења на оваа тема, но се разбира без навреди :)
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.422
Поени од реакции
20.126
на национална основа комити со шверцери и балисти а на навивачка ФА со ЦПБ
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
1. ФА - ЦПБ
2. Комити - Чкембари
 

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.484
Поени од реакции
9.909
За мене Вардар - Слога е најголемо дерби, фудбалот секако изумре во државава, а на трибини и надвор од стадион се знае дека најинтересно би било на Вардар - Слога...Двата клуба се трофејни, омразата е огромна, поголема според мене и од ривалста помеѓу многу поголеми групи...Секое скопско маало да не си правеше група и да се дели од таму каде што е научен занаетот, ќе имавме дерби барем на исто ниво како Сараево - Жељо...Вардар - Пелистер е старо дерби исто така, омраза помеѓу градовите и искрено последниве години не го доживувам како она што го чекам следната сезона...Пелистер е 0 во мак фудбалот,а никогаш не би нападнал помала група на Чкембари, ги осудувам оние кои каменуваат бусеви кога ние или они гостуваат...Со Шверцери е поинаку сигурен сум, дека најголем сон им е на нив, а и на нас да се поразат Комити/Шверцери дали преку некоја акција, напад, кога би имале можност да земеме знаме на некоја група сигурно би избрале Шверцери, а они Комити...На Вардар-Слога очекувам и најполн Запад, барем 2 500, исто така добра бројка и во другиот сектор, а сигурно и на Север/Југ ќе има нешто повеќе публика...Вардар - Пелистер исто така е топ дерби, посебно интересно е да се гостува, одлично дерби беше првата сезона кога се врати Пелистер од втора лига, од тогаш па наваму доста слабо, дербиња во сала не ценам, право дерби е дерби на стадион, на стадион е интересно и на дожд и на снег кога е дерби, на стадион се пали пиро и небото гори NO PYRO, NO PARTY! :)
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.953
Поени од реакции
6.751
Ајдуци-Лојал Фанс.Исто така огромно и луто ривалство кое некако е заборавено пред се поради тоа што Беласица веќе низа години не играл со ФК Вардар а и нашиот пад во последните 5 години си го стори своето.Но со нашето екипирање и постојан раст на бројката во последните месец дена и издигањето на ФК Беласица сигурно ќе се вратиме и ние.Ова беше ривалство во кое ни една утакмица не поминуваше без инцидент, без напад од едната за другата група.Реално ЛФ направија подвиг со тоа што искинаа дел од наш транспарент и поради тоа они се во мала предност од тој париод зборено.Гостувањето на ЛФ со забрана од 40 души без организиран превоз е најмудашкото гостување заедно со нашето во Кавадарци од 17 души кога шетавме низ Кавадарци како муви без глави и влеговме сред исток.Секоја утакмица на Вардар- Беласица се зборуваше и за жешкиот дуел на теренот кога сигурно двете екипи ги имаа своите најдобри генерации по независноста на Македонија (тука нормално не ја сметам генерацијата на Вардар која доминираше првите две сезони бидејќи тој беше истиот тим од СФРЈ).Дерби во кое два пати загазија претседатели Бате Ване кога беше нападнат на градски а потоа и осветата кога беше претепан претседателот на ФК Вардар и кога беа нападнати Комити, управата на ФК Вардар тој натпревар го нарече македонскиот Хејсел.
Исто да не го заборавам и нашето гостување при забрана со 2 автобуса кога исто така имаше инцидент кога цел стадион затиша кога Ајдуци пееа ој вардаре македонски а потоа делот кој го разбесни цело Скопје ти го пушиш на Ванчо Таковски.Цело Скопје од 7 до 77 години маваше коцки по Ајдуци :D:D.ЛФ своите најдобри изданија како група на Север како и гостување го имаа токму против Беласица.
За Лојал Фанс покрај омразата постои и голем респект во Струмица бидејќи се работи за група која покажала дека има големи муда , а првиот натпревар со ФК Вардар и тоа како ќе биде интересен затоа што ќе им спремаме специален дочек на лојалните.Исто така покрај тоа што ЛФ уште го чуват тој дел од искинатиот транспарент многу лесно ќе се запали тоа старо ривалство.
Со враќањето на ФК Беласица на старите патеки и со овој силен Вардар повторно очекувам такво дерби каде што ќе има кршење нози на теренот , и многу крв на трибините иако за ова првото тешко со сегашните манекени што ги има ФК Вардар.
А доказ дека и лојалните не го заборавиле ова ривалство е спотот кој го направија за нивната песна каде што го има инцидентот со Ванчо Таковски.Сигурен сум дека и ЛФ со нетрпение го очекуват првото дерби кое ќе го играме меѓу нас.
 

fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Ништо чудно што Пелистер сакаат ( или ) да го исфрлат од прва лига за да има помалку дербиња и уште повеќе, инциденти !
 
Последно уредено:
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799
1. ФА - ЦПБ
2. Комити - Чкембари
Мене ме интересира зошто според тебе ФА - ЦПБ е пред Комити. Кога и двете групи заедно стоеја на Запад и од таму произлегоа членовите. Башка што се во тренд последниве 5 години, ништо повеќе.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.677
Поени од реакции
5.925
Стишени се дербињата, и не се со толкава тензија, пред се затоатшо повеќето не се ни одогирале во последните 5-6 години.
Според мене дербиња на навивачки план за мене како навивач на Вардар се утакмциите против Пелистер, Победа, Беласица па после иде Слога, пред се затоа што во Чаир не може да се гостува и не го вреднувам тоа дерби. Со Шкендија воопшто не ги ни рачунам за навивачи тие, а плус и таа екипа забранува гостински навивачи, па не ни може да се рече дека е дерби.
Има и други интересни дербиња со поранешните браќа Лозари.
Ама дефинитивно според мене е Вардар- Пелситер врвот на едно дерби. Штета што констатно се прават сопки пред секое дерби и сеуште нема ситуација во која двете екипи ќе бидат стабилни и да нема проблем, е тек тогаш ќе се види правиот лик на тоа дерби. Јас би рекол тоа е тоа вистинското фудбалско дерби.
Додека со Слога е пред се ради етничката ситуација со двете групи меѓутоа пак ќе кажам какво дерби е тоа кога констатно кгоа се игра во Чаир се игра без гостински навивачи.
Инаку има интерсни други дербиња, Пелситер-Победа Пелагониското дерби е исто интересно. Еве псоле 2000та година и Тетекс Пелситер е интересна утакмица. Има уште доста интерсни да не ги набројувам пред се локални ривалства.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705
Не можи ова секој да го одговори, на пример јас од наведеното сум осетил само Пелситер-Вардар. Не знам дали е можно да има поголемо знаејќи со каков жар ги чекаме ние утакмиците. Секогаш ќе се вртат муабети дека сме имале комплекси или не знам шо ама едноаставно јас сакам Вардар секогаш да го ебиме, веројатно то е то шо се нареква риваластво од спортска гледна точка.
Од навивачка гледна точка секогаш ќе има дискусија за ова, никој нема да признај другиот дека е поарен во нешто.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.355
Поени од реакции
7.307
Меѓу Комити и Чкембари било и ќе биде. Се друго е само бледа копија!
За ривалството со Шверцери. Дерби настанато поради политичката ситуација во земјата и врз основа на верска и национална припадност за мене не може да биде никогаш право ривалство.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Вулкан против некоја од екипине на Велешта, Кораб, Фљамуртари, Лабуништа, Лирија то ти е секое коло дерби.
:icon_mrgr:
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Од средината на 80 те години од минатиот век кога почнаа вакви ривалства некогаш насилни не селедам натпревари на стадион.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.677
Поени од реакции
5.925
@Казаки сеа ти ја загледав листата за ривалства што си ја ставил и ќе речам прилично смешна ти изгледа во долниот дел. Па ти имаш премногу ривалства пред овие ФА-ЦПБ, Ккумани-ЦПБ/Фа, а посебно Комити-Пирати тоа никад не било ривалство ни ќе биде. Посебно што Пирати едвај се собираа 150 луѓе одкој повеќето девојчиња. Тие се смешна група во годините се докажа на трибните надмоќноста над Комити, со бројка, навивања, кореографии и останто. Едноставно Пирати се многу пониска лига од Комити.
Пак ќе кажам штета што фудбалот во Македонија е на најниско ниво, не само со квалитетот туку и со организацијата и се останато.
Кога само во Прва лига би ги имало Вардар, Пелистер, Тетекс, Победа, Беласица, а и плус уште некој екипи би било феноменално. Рачунај секое коло ќе имаш дерби скоро секоја екипа со совј навивачки групи, е тек тогаш ќе се види правата слика кој е кој во навивањето во Македонија и кој се вистинските дербиња.
Слога ќе пишам пак не ја вбројувам затоа што не може кај нив да се гостува( правадањето е ради едната трибина демек) но јас се сомневам дека и да има тој стадион две трибини или 4 пак не би дозволиле гостување, исто како нивните братучеди од Тетово. Така да поубаво и воопшто да нема такви екипи.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Пирати ти бе? Ривалство бе Пирати? Од кај се тије Пиратите од Карибите?
:pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom