Кое е најголемото навивачко ривалство во Македонија?

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Стишени се дербињата, и не се со толкава тензија, пред се затоатшо повеќето не се ни одогирале во последните 5-6 години.
Според мене дербиња на навивачки план за мене како навивач на Вардар се утакмциите против Пелистер, Победа, Беласица па после иде Слога, пред се затоа што во Чаир не може да се гостува и не го вреднувам тоа дерби. Со Шкендија воопшто не ги ни рачунам за навивачи тие, а плус и таа екипа забранува гостински навивачи, па не ни може да се рече дека е дерби.
Има и други интересни дербиња со поранешните браќа Лозари.
Ама дефинитивно според мене е Вардар- Пелситер врвот на едно дерби. Штета што констатно се прават сопки пред секое дерби и сеуште нема ситуација во која двете екипи ќе бидат стабилни и да нема проблем, е тек тогаш ќе се види правиот лик на тоа дерби. Јас би рекол тоа е тоа вистинското фудбалско дерби.
Додека со Слога е пред се ради етничката ситуација со двете групи меѓутоа пак ќе кажам какво дерби е тоа кога констатно кгоа се игра во Чаир се игра без гостински навивачи.
Инаку има интерсни други дербиња, Пелситер-Победа Пелагониското дерби е исто интересно. Еве псоле 2000та година и Тетекс Пелситер е интересна утакмица. Има уште доста интерсни да не ги набројувам пред се локални ривалства.
Точно дека во Чаир не може да се гостува, но тоа не било пречка кога играле Слога-Вардар пред 10тина години, за тогашните Комити да се упатат кон Чаир, по што следувале многу инциденти низ Чаир и Бит-пазар. Исто така, тогаш Комитите од Чаир биле доста активни низ Чаир и Скопје-север.

Тоа што мислиш дека само заради различната етничка припадност е тензично на Вардар-Слога, го мислиш бидејќи најверојатно на Запад си не повеќе од 10 години (извини ако грешам). А и незнам што е тука толку чудно не е ни прво ни последно такво дерби. Исто така, на Олимпијакос-Панатинаикос (во топ 5 дерби во светот) повеќе од 15 год. нема гостински навивачи, но тоа не значи дека го изгуби приматот дерби во Грција, исто како и Паок-Арис и други ризични дерби натпревари.
 
S

Samurai_Sk

Гостин
Не постои било какво ривалство, во последно време веќе нивото на ривалство падна. Многу очекувате од натпреварот Вардар - Слога али јас сум сигурен дека тој натпревар ке биде без двете навивачки групи за Чаир тоа е сигурно ама мислам дека и во Градски приказната ке биде иста, така ни е државаа јебига
 
Член од
10 април 2015
Мислења
257
Поени од реакции
164
Neznam dali voopsto i ima postari na clenovi na forumov no dueli na koi imase najgolemo rivalstvo, publika i ogromen interes bea natprevarite pomegu ekipite Vardar, Pobeda, Pelister a nesto podocna i Sloga.[DOUBLEPOST=1429016940][/DOUBLEPOST]So navivanjeto vo Prilep se slucija nekoi raboti i seto toa se orazi na rivalstvoto so Vardar, Pelister...[DOUBLEPOST=1429017261][/DOUBLEPOST]Rivalstvoto Vardar-Pelister se odrza kolku tolku vo denesno vreme, a od v godina bi trebalo da se vrati derbito Vardar-Sloga. Se nadevam i Pobeda da se vrati vo prva liga za nekoja god.[DOUBLEPOST=1429018703][/DOUBLEPOST]Pobeda-Vardar 1999g.
pobeda vardar.jpg
Pobeda-Pelister 2000g.
pobeda pelister.jpg
Pobeda-Sloga 2000g.
pobeda sloga.jpg
 
Последно уредено:
И

Игнориран член

Гостин
Според мене Пелистер - Вардар беше најголемо дерби , но некако го губи приматот во последните неколку години .
Најголемо дерби затоа што има ривалство на групите и во фудбал а и во ракомет.
Имало одлични дерби изданија и во фудбал и во ракомет до пред некоја година.
Постарите членови ќе се сетат на куп финалиња во ракомет , дерби утакмици на ракомет кога се одлучувало за титула. За фудбал веќе е познато...
Е сеа Пелистер е мизерен во сите спортови па опаѓа и бројот на групата од година во година .
Еве в година сме втора лига фудбал , ракометот несакам ни да го коментирам...
Сето тоа придонесе да се ублажи дербито.
ИСто и ривалството ЦПБ - Фемили во последните неколку години е доста опаднато .
Во моментов нема јако дерби во ниеден спорт.
А како што стојат работите допрва не очекуваат црни денови на тифо сцената.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
НЕМИЛИ СЦЕНИ ПО ПОЛУФИНАЛНИОТ КУП МЕЧ СО ШКУПИ
СКАНДАЛОЗНО: Младинците на Вардар претепани на Чаир! (ФОТО)

Полуфиналната пресметка помеѓу младинските екипи на големите градски ривали Шкупи и Вардар имаше несреќен крај, откако по последниот судиски свиреж настана вистински хаос на теренот, по кој најдебелиот крај го извлекоа вардаровите деца.


Шкупи славеше на реваншот од полуфиналето во младинскиот Куп со 2-0 и така се пласираше во финалето (првиот меч заврши 2-1 за Вардар), но она што се случи по крајот на дуелот ќе остави црна флека на мирното попладне денеска во Чаир.


Имено, вардаровите фудбалери протестираа кај главниот судија поради предвремено отсвирениот крај, но нивните протести кај главниот арбитар наидоа на негодување кај противничките фудбалери, кои набрзо физички ги нападнаа своите колеги. Освен тоа, во теренот влетаа и домашни навивачи, кои денес во сосема солидна бројка го бодреа својот клуб и ги нападнаа вардаровите младинци, кои спасија жива глава благодарение на брзата интервенција на полицијата, како и на лицата од стручниот штаб на Шкупи.


Според тоа што го разговараа официјалните лица од Вардар по мечот, на повреди се жалеле четворица од нападнатите фудбалери, кои биле удирани по главата и по телото.

http://sportmedia.mk/skandalozno-mladintsite-na-vardar-pretepani-na-cair-foto/#1
Еве уште една случка која само потврдува колкаво е ривалството и омразата... и тоа кога играат младинските екипи!
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Еве уште една случка која само потврдува колкаво е ривалството и омразата... и тоа кога играат младинските екипи!
Ова нема ни р од ривалство. Ова е чист криминал и корупција, барем како што е опишано во текстот.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Почнаа уште од сега најави за најголемото градско дерби во Македонија, а и воопшто најголемо!

Овој дел од најавата кажува се...

...Многумина знаат да кажат дека Србија го има дербито Партизан-Ѕвезда, Полска го има дербито Легија-Висла, Аргентина го има дербито Бока Јуниорс-Ривер Плата, но ниту во едно од овие дерби мечеви навивачките групи го немаат оној тип на ривалство кое го имаме ние со Шверцери, поттикнато од навивачки и ненавивачки причини...

ВАРДАР - Слога (Скопје)


ЗА СКОПСКИ ВАРДАР ПЕСНА СЕ ОРИ, СЛОГА ГО ПУШИ, НИЕ СМЕ ШАМПИОНИ...

Минатото враќање во првата лига на Чаирскиот клуб заврши неславно, со откажување на неколку денови пред дуелот со Вардар на Градски. Долго време ја чекаме нашата средба на Градскиот стадион и конечно после години минати во различни лиги, ждребката посака да се соочиме уште во првото коло.

Сезоната за нас веќе започна, отворивме добро против АПОЕЛ, но секогаш можеме и мораме да делуваме уште подобро и поорганизирано. Ретки се дуелите кога имаме бројна навивачка група наспроти нас и конечно можеме да го покажеме нашето вистинско лице. Дербито меѓу Вардар и Слога ја доживеа својата кулминација поради нарушените етнички односи во државата во минатото, а честопати се соочивме со двојниот аршин на полицијата кога се соочувале навивачките групи на двата тима. Навивачката битка која се води насекаде во градот, време е да се префрли на нашиот стадион.

Нерези, плоштад и Кале се местата на кои видовме кој е заштитен како бела мечка, а кој дежурен виновник во нашата држава. Додека Комити сеуште ги плаќаат паричните казни од овие инциденти, противникот има неограничен простор за напредок и масовна мобилизација. Но, ние не се предаваме, сме покажале дека можеме да го одбраниме нашиот град, дека кога сме под најголеми притисоци, знаеме да се издигнеме и да се прикажеме во најдобро светло. Многумина знаат да кажат дека Србија го има дербито Партизан-Ѕвезда, Полска го има дербито Легија-Висла, Аргентина го има дербито Бока Јуниорс-Ривер Плата, но ниту во едно од овие дерби мечеви навивачките групи го немаат оној тип на ривалство кое го имаме ние со Шверцери, поттикнато од навивачки и ненавивачки причини.

Одиме јако, или ќе излеземе како победници, или можеме да се откажеме од епитетот гордоста на градот.

За Вардар, за Скопје, за Македонија, СИТЕ НА ГРАДСКИ!!!

 
Член од
14 декември 2021
Мислења
802
Поени од реакции
3.106
Вардар - Пелистер/ Комити - Чкембари, тука би ја сместил и Победа/Мајмуни штета за Прилепчани и Победа што така пропаѓа, искрено се надевам да се вратат во прва лига и да застанат на здрави нозе, истото важи и за Пелистер, и конечно да имаме вистинска фудбалска лига со навивачки дуели.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom