Музичка програма која ќе ја водат членови од кајгана.
Од 07 до 09-Бомбастичен, со разноразен стил да ги размрда по сабајле пензионерине од Мерлин до ГНР.
Од 09 до 11 -ДаниБМВ, со класик рокот од Dire Straits и Џови, до Парпл
Од 11 до 13 - Рики, турбофолк мадафакери, плус Саша Ковачевич тро.
Од 13 до 15- Анчо, песни од негото време, евергрини.
Од 15 до 17- Коловрт, нешто неофолк, нешто акустик фолк, нешто експериментално.
Од 17 до 19- Некој од екипана аниме, да пушта музика од тоа цртаните како од Death Note со видео.
Од 19 до 21-Kirk1 да внеси тро промена во етерот со негов избор
Од 21 до 23-Емисија со хипстерите, јас, вот, васил, андреј и ќе си пуштаме Редиохед, и ќе си кажуваме како тоа се најдобриот бенд, и божем ќе дебатираме нешто, ама уствари само ќе ги фалиме и воздигаме.
Од 23 до 01- Ханк ќе го пуштиме да спука тро џез.
И од 01 до 07-CafeDelMar ќе пушта класика. И онака уба музика е за спиење, плус ќе зема најголема плата од сите оти 6 сати време ќе има работа.
А така.