Кога јас би имал своја телевизија...

XИкса

Гласник на вистината
Член од
13 август 2015
Мислења
27
Поени од реакции
31
ТВ програма на која исклучиво има документарни, научни серии, со истражувачки карактер, решавање на мистерии, научно потврдување на паранормални појави, објаснување на помалку познатите, а повеќе значајни факти, а со тоа да настане промена на перспективата на која што гледа мнозинството, менување на начинот на размислување, дејствување, кое ќе ја подигне свеста и духовното ниво на човештвото...
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Малку тешко ми е да замислам ама еве ќе пробам. Мислам дека и сега форматот на нашиве телевизии не е лош, проблемот е контентот т.е содржината.

Така да покрај вести во одредени часови(кои ќе бидат водени од новинари во вистинска смисла на зборот) како прво би ставил едукативни емисии од типот на бушавата азбука, македонски народни приказни и ваљда уште многу други кои ги имам веќе заборавено.

Музика не би ставил мислам дека за тоа подобро е да си има посебен канал дедициран на таа тема.
Во 7 - 8 часот навечер би ставил цртани/анимирани филмови наменети за најмалите до кај 9 - 10 часот.
Ова би имало двоен ефект и децата ќе одморат, а и возрасните ќе се релаксираат и плус ќе може да ги спремат за легнување малите.

Кај 10 - 12 навечер би ставил две епизоди од сериски филмови(кои нема да бидат од турско потекло или индиско)
Од 12 - 3 навечер би резервирал за играни филмови.
Од 4-5 порничи

Преку ден во главно би течеле информативно - едукативни програмчиња, можеби некој квиз од типот на милионер.

Еден до два часа би одвоил за некоја емисија готвење и вежбање т.е здрав живот.(Ова во 12 попладне)
Уште еден час за психичко здравје т.е психолози, терапевти па и спиритуални личности доколку имаат нешто да придонесат.

Кај 9-10 сабајле би ставил и по некоја аниме серија.

П.С Спорт не би ставил и за тоа мислам дека треба посебен канал да си има и така.
П.С2 Кај нас телевизииве се толку шит што неам погледна 5+ години телевизор.
 
G

grande-juve

Гостин
Забавно-спортски канал

Работни денови:
7-9 Музика(будење со добра музика)
9-10:30 За деца нешто(наши стари култни емисии, цртанчиња...)
10:30-12 Документарци
12-14 Филм(класика, црно бел)
14-16 Серии хумористични
16-16:30 Емисија со готвење (Алачки и Шумеча таблета)
16:30-17:30 Јаки странски концерти/емисија со музички настапи во живо
17:30-18 Квиз(од тип на Круг на знаење, слагалица)
18-19 Дебатни емисии за филм, музика, спорт, гејминг, мистерии...
19-20 Нешто натпреварувачки со тимови, семејно(како водени лудории на времето)
20-21 Серија(Драма/крими/сајфај, епизодата да биде не постара од 5 дена после премиерата во матичната земја)
21-23 Филм
23-24 Скечови, скриена камера, нешто лесно и смешно
24-1 Хумористично Ток Шоу (ако нема наш по мој вкус, го пуштам Конан)
1-7 НБА во живо

Сабота/Недела
7-9 Музика
9-11 Анимиран Филм/Детска емисија во живо ко Сител Бамбини, Златно Славејче...
11-13 Жанровски филм: Ноар филм/Романса филм
13-14 Музика: Класика/Џез
14-22:30 Спорт
22:30-23:30 Квиз(ко Милионер нешо)/Танц со Ѕвездите( UK и наша верзија) (во UK се вика Stricly come dancing, го препорачуем на сите за опуштање, плакнење очи и позитивна енергија)
23:30-1-30 Режисерски/Жанровски филм: у сабота филм од култен режисер/у недела се мењаат СајФај и Акција
1-30-7 Нба у живо
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Одма повеќето пишаа порно. Абе денес порно има на интернет, кој би чекал некое порно јако на телевизија кога има интернет и плус на интернет можеш да премоташ на јаката поза што ти си ја сакаш
Друг е филингот.
Најверојатно зашо не пука носталгија од порано коа немаше интернет :D
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
нешто ко на гранде јуве ќе пробам и ја

работни денови
6-9 емисија од типов на добро утро македонија и така
9-10 по 2 епизоди од (Futurama, Simpons, South Park, Family Gay)
10-12 мешано музика
12-14 игран филм претежно комедија лесна
14-16 документарци
16-17 квиз
17-20 дебата каде се дискутира актуелна тема на неделата/денот
20-21 епизода од серија која е популарна во цел свет (Game of Thrones, Breaking Baad...)
21-00 игран филм секоја вечер различно
00-7 НБА
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Музичка програма која ќе ја водат членови од кајгана.

Од 07 до 09-Бомбастичен, со разноразен стил да ги размрда по сабајле пензионерине од Мерлин до ГНР.
Од 09 до 11 -ДаниБМВ, со класик рокот од Dire Straits и Џови, до Парпл
Од 11 до 13 - Рики, турбофолк мадафакери, плус Саша Ковачевич тро.
Од 13 до 15- Анчо, песни од негото време, евергрини.
Од 15 до 17- Коловрт, нешто неофолк, нешто акустик фолк, нешто експериментално.
Од 17 до 19- Некој од екипана аниме, да пушта музика од тоа цртаните како од Death Note со видео.
Од 19 до 21-Kirk1 да внеси тро промена во етерот со негов избор
Од 21 до 23-Емисија со хипстерите, јас, вот, васил, андреј и ќе си пуштаме Редиохед, и ќе си кажуваме како тоа се најдобриот бенд, и божем ќе дебатираме нешто, ама уствари само ќе ги фалиме и воздигаме.
Од 23 до 01- Ханк ќе го пуштиме да спука тро џез.
И од 01 до 07-CafeDelMar ќе пушта класика. И онака уба музика е за спиење, плус ќе зема најголема плата од сите оти 6 сати време ќе има работа.

А така.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Мојата телевизија...ОК
Јас би правел реалити програма,
Емисии од карактерот како да фрлиш ѓубре од кола во движење, Фрлање скришно преку тераса. Потоа би имало мини клипчиња за како да го измочаш кучето у лифт и како да го испосереш пред нечија врата.
Во ударни термини би пуштале дирекни преноси од извршители во акција како блокираат сметки на совесни неплаќачи кој глумат невиност.
Во горниот дел на екранот би имало мало прозорче во кое навечер ке се врши директен пренос од пред телевизија. И би ставил така еден банер кој би покажувал во кој сендвичари нема гужва и каде се пушта некоја акција како за два хамбургера кока кола гратис.
Друго...незнам што би сакале овде да гледаат.
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Повеќето напишавте работи кои се научна фантастика за Македонија.
Како прво ниту се видело ниту ќе се види да има вести кои се објективни и реални во Македонија. Кога само ќе го погледнам дневникот од 19 часот на ХРТ 1 и било кои вести на МРТ 1 или која и да е приватна тв од Македонија разликата е небо и земја. На ХРТ 1 ги има застапено сите партии со непристрасно известување, а не кај нас ако некој фрли некоја пара за асфалтирање улица тоа се рекламира како да тој некој ги дава тие пари од свој џеб. Не е ниту Телма објективна 100 % иако е можеби најблиску до објективноста од сите телевизии со вестите.
Кога би имал јас своја телевизија би ставил музика и тоа секаква и фолк музика зошто да не, има извонредна фолк музика која не треба да се запоставува.
Вести воопшто не би пуштал на мојата телевизија затоа што веднаш би имал притисоци ова пуштај а ова не пуштај во вестите, инаку би имало санкции кон мојата телевизија, пример овие некои компании што се водат како приватни не би се рекламирале на моја тв ако не добијат зелено светло од некои си луѓе кои ако не се задоволни од моите вести не би се рекламирале некои компании.
Би пуштал квиз од типот на Потјера и шоу од типот на Тркало на среќата иако е и скапо да се организираат вакви работи.
Инаку од времето додека имав ХРТ 2 ми се допаѓаше што секоја недела навечер имаше емисија се викаше Лига Петице и даваа голови од натпреварите од првенствата во фудбал од Англија, Германија, Италија, Шпанија и Франција. Слична емисија има сега на ХРТ 4 и се вика Стадион, таква емисија би давал бидејќи за да ги давам головите од натпреварите би можела телевизијата да обезбеди, а да се пренесува некое странско фудбалско првенство од најсилните во Европа е невозможно бидејќи преку милион евра за сезона треба да се плати.
Би емитувал значи музика, концерти од пред некоја година стари на познати ѕвезди од регионот и светот, квиз ако имам пари, филмови и серии американски пред се, и би емитувал хумористични серии од поранешна Југославија. Од спорт емисија со голови од фудбалски првенства, и натпревари од бокс кога се боксува за титула светски шампион како што тоа го прави Хрватска Нова тв. НБА лига натпревари е скапо да се откупат правата, плус Спорт клуб ги држи тие права. Скапо е НБА да се дава 1 до 2 натпревари неделно а камоли секоја вечер НБА натпревари, во 90-тите години беа поефтини правата и за НБА и за сите спортови денес се е поскапо вртоглаво поскапо. Вести никако.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.641
Поени од реакции
81.644
од 7 до 11 - Емисија за деца, анимирани филмови, детски песни
од 11 до 13 - Концерт
13 до 14 - Документарна емисија
14 до 14:30 - Кулинарска емисија (налик на Храна и Вино, а може и Џејми Оливер :icon_mrgr: )
14:30 до 16 - Ток шоу со наши познати личности (реприза)
16 до 17 - Америчка хумуристична серија
17 до 18 - Дневник 1 .!.
18 до 20 -
Американски серии
20 до 21:30 -
Ток шоу со наши познати личности (во живо)
21:30 до 22:30 - Дневник 2 .!.
Од 22:30 до 05:30 часот -
Цело време филмови (Акции, Комедии, Хорори, Драми, Македонски филмови итн...)
05:30 до 07 часот - Ретро музика за добро утро

Напомена - Во саботите и неделите да оди Македонско Фудбалско Првенство, повеќе Македонска музика, и документарни емисии

Поубаво од ова здравје, нема мрдање од телевизорот :kafence:
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Музичка програма која ќе ја водат членови од кајгана.

Од 07 до 09-Бомбастичен, со разноразен стил да ги размрда по сабајле пензионерине од Мерлин до ГНР.
Од 09 до 11 -ДаниБМВ, со класик рокот од Dire Straits и Џови, до Парпл
Од 11 до 13 - Рики, турбофолк мадафакери, плус Саша Ковачевич тро.
Од 13 до 15- Анчо, песни од негото време, евергрини.
Од 15 до 17- Коловрт, нешто неофолк, нешто акустик фолк, нешто експериментално.
Од 17 до 19- Некој од екипана аниме, да пушта музика од тоа цртаните како од Death Note со видео.
Од 19 до 21-Kirk1 да внеси тро промена во етерот со негов избор
Од 21 до 23-Емисија со хипстерите, јас, вот, васил, андреј и ќе си пуштаме Редиохед, и ќе си кажуваме како тоа се најдобриот бенд, и божем ќе дебатираме нешто, ама уствари само ќе ги фалиме и воздигаме.
Од 23 до 01- Ханк ќе го пуштиме да спука тро џез.
И од 01 до 07-CafeDelMar ќе пушта класика. И онака уба музика е за спиење, плус ќе зема најголема плата од сите оти 6 сати време ќе има работа.

А така.
ова може да се постигне со радиото, ама нема кој да се залага малце за тоа.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Вести никако освен метеоролошки евентуално спортски, Документарци и документарни емисии, емисии за општеството, филмови и серии, реклами минимално што може, музика на ниво. Отприлика вака. :)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.902
Поени од реакции
7.570
Македонска DM Sat :rolleyes:
Мислев обратно од DM Sat , aко они пуштаат шабанарии јас ќе пуштам се освен тоа ѓубре. Не дека јас не слушан некогаш таква музика но повеќе сакам она што нема допирни точки со фолкот. Ако треба за таква музика ќе направам уште еден канал и исклучиво на тој ќе се пушта само староградска и одреден тип фолк музика во која нема да има говнарии од текстови и музика.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom