Кога треба да се крштеваме?

Член од
9 март 2007
Мислења
483
Поени од реакции
6
cyberlady напиша:
:jaj:Дали црквата издава крштениче при крштавањето? Мајка ми вели ме крстила, арно ама немам никаков документ. Да не ме лажи мајка ми?
Нека ти каже мајка ти во која црква си крстена,која година па можеш сама да си провериш и земеш крштениче!
 
Fluffy

Hellraiser
Член од
6 мај 2007
Мислења
1.373
Поени од реакции
16
По мое мислење,треба да се крстиме кога ќе почнеме да разбираме некои работи,како на пример вера,религија и учења.Јас почнав да се интересирам за тоа на мои 15-16 години,па мислам тоа би била идеална возраст.Нека не се лути никој,ова е мое лично мислење,ама како родителите знаат дека детето сака да ја задржи истата вера...Ако е некој роден Христијанин не значи дека идните генерации нема да излезат Будисти или Индуси...Секој со своите мисли и убедувања...барем за мене,
 
NIKA

F.B.I (Fausse Bonne Idée)
Член од
11 април 2006
Мислења
791
Поени од реакции
12
Човек треба да се крсти кога сака.Како Исус кој на 30 или некаде таму се крстил...Тоа шо традиција кај нас е на 40 дена бебињата да се крста не значи дека е задолжително....според правилата на Црквата децата до 14 години и припаѓаат на Црквата на која што нивните родители припаѓаат а после 14 можат да си решат кај сметат дека припаѓат...според мене убаво е традицијата да се продолжи така барем сме КРСТЕНИ. Сеа шо ке ми е крстење прочитав дека се спори.....ммммм...зошто пак да не....не ми се спори сега по ова..плус темата не е за тоа а и гледам повеќе атеисти се собрале...залудно ке ми е.....
Всушност мислам да е откажам од коментари на тема религија.....залудно е!!!!!!
 
Член од
1 февруари 2007
Мислења
408
Поени од реакции
15
NIKA напиша:

епа машко морам да те демантирам во некои работи, ако за нешто немаш доволно познавања номој да пишуваш
Христос се крстил на 30 год. во реката Јордан од стрена на св. Јован Крстител, тој се крстил на 30 години за да се исполни пророштвото кажано за него и во израилот возрасен се сметал човек на 30 години и тогаш можел да излезе на проповед
Во Православната црква никаде нема правило кое ни кажува дека ние сме христијани затоа што таткоми е христијанин точно е дека за нес е својствено да бидеме со нашиот творец односно да бидеме христијани но сепак треба да се крстиме обичајот нда се крстат деца на 40 от ден е дека до тогаш мајката е нечиста од породилните маки и нема право на црковни тајни и молитвословија и детето до 40от ден нема имонитет децата до едум години немаат грев на душата и немаат потреба да се исповедаат но мораат да се крстат потребата за да се крстиме како деца е следа ние знаеме дека оној ој не е член на црквата не може да биде спасен а член се станува со крштение то па тогаш одговорими што ке се сличи со тоа дете ако умре не крстено каде ке му оди душата
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Чаир напиша:
но мораат да се крстат потребата за да се крстиме како деца е следа ние знаеме дека оној ој не е член на црквата не може да биде спасен а член се станува со крштение то па тогаш одговорими што ке се сличи со тоа дете ако умре не крстено каде ке му оди душата
а што ќе се случи со тоа дете што е родено од родители Будисти и не се крсти уопште, порасне израснато као будист и умре од старост како Будист?
 
Член од
20 март 2007
Мислења
1.044
Поени од реакции
2
ако гледаме од црковно ниво знаеме дека крштевањето е една од светите тајни. Според тоа сите новоренчиња треба да се крштеваат со цел да и бидат простени гревовите од минатиот живот, бидејќи Библијата верува во реинкарнација и во задгробен живот. А Будистите не се крштеваат ваљда од причина ради тоа што крштевањето како света тајна ја има само во христијанската религија, а дали Будистите и' имаат света книга по која се раководат?!
 
Член од
1 февруари 2007
Мислења
408
Поени од реакции
15
short1 напиша:
а што ќе се случи со тоа дете што е родено од родители Будисти и не се крсти уопште, порасне израснато као будист и умре од старост како Будист?
ако во местото каде што живее тој некртен будист никој никога не слушнал за Христа на никој начин ке му се суди според законот во кој живеел а ако му било проповедано а не се крстил нама да има спасение

Dark Walker напиша:
ако гледаме од црковно ниво знаеме дека крштевањето е една од светите тајни. Според тоа сите новоренчиња треба да се крштеваат со цел да и бидат простени гревовите од минатиот живот, бидејќи Библијата верува во реинкарнација и во задгробен живот. А Будистите не се крштеваат ваљда од причина ради тоа што крштевањето како света тајна ја има само во христијанската религија, а дали Будистите и' имаат света книга по која се раководат?!
мора да те демантирам убаво почна и си помислив дека има некој вистински запознаен со црквата христова но се излажав
ние се крштеваме како бебиња за да преку крштевањето ни се опрости првородниот грев кој го наследуваме од нашите прародители Адам и Ева
црквата верува во задгробен но не во реинкарнација
 
Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Get them while they're young.... како и секој друг клуб, мора да се има нови членови-регрути, оти без нив клубот ќе престане да постои. Подобар начин за опстојување преку крштевање нa новороденчиња, здравје...

Е сега, еден текст од 1998, за тоа како црковните службеници гледаат на оваа тема (btw, ова е 1998, без коментари за авторот):
6. Крштевањето на малите деца

Многумина може да се запрашаат: Ако е крштението акт на слободата на личноста, ако крштевајќи се, слободно го избираме новиот идентитет на постоење, како е тогаш можно да се крштеваат мали деца кои сеуште слободно не ја изразиле својата воља за промена на идентитетот од биолошки во црковен?

Кога би се одело по аналогија на логиката на веќе погоре изложеното ова прашање скоро и да нема одговор. Иако и децата се раѓаат со слободна воља сепак, додека се уште мали нема начин да се дознае која е нивната слободна воља. Првиот пат, кога се раѓаат биолошки никој не ги прашува дали сакаат да бидат родени или не, меѓутоа и овој вториот пат, кога се раѓаат во бањата на повторното раѓање и кога тоа треба да биде по нивна слободна воља се чини дека повторно никој не ги прашува дали сакаат да се родат за вечен живот или не?

Сепак, тоа не е сосем точно. Црквата заедно со кумот го презела на себе тој ризик да се обиде да ја воспита слободата на крстениот богомладенец така што кога тој ќе порасне и ќе може да ја изразува својата слободна воља, истата да ја изрази како: ДА и АМИН на Бога. Детето на крштението го добива кумот или како уште се нарекува восприменик за свој духовен татко, а Црквата за своја мајка. Кумот и Црквата му постануваат на новокрстеното дете родители поголеми од биолошките. Ако биолошките родители го раѓаат некого за живот во смртта, новите родители кои детето ги прима на крштението, а тоа се кумот и Црквата го раѓаат за вечен живот. Тие се гарантот пред Бога дека детето кога ќе созрее и ќе му биде призната зрелост на слободната воља истата ќе ја изрази потврдно на ветувањето кое во негово име го дал кумот пред Бога.

Ако некому сеуште не му е јасно зошто Црквата презела на себе еден толку голем ризик да крштева деца кои откако ќе пораснат можеби не ќе сакаат да бидат нејзини членови, треба да се каже дека Бог како човекољубив Отец не сака никој да загине туку сите да се спасат. Бидејќи смртта е непредвидлива и може да нè стигне и во детска возраст уште пред слободно да одлучиме да се крстиме, Црквата одлучила, секако земајќи го на себе споменатиот ризик, да крштева и мали деца кои сеуште не се способни слободно да ја изразат својата воља да бидат или да не бидат крстени.

Конечно, во колку и некој откако порасне одлучи дека не треба да биде член на Црквата и не сака да влезе во вечниот живот тоа може да го изрази со тоа што нема веќе да се црквува и да се причестува со Телото и Крвта Христови. Со други зборови, крштенито нема принудителен карактер и не го турка некого со сила во рајот. Тоа ја отвара вратата на рајот меѓутоа чекорот за прескокнување на прагот секој од нас треба да го направи слободно.

........ Овој текст е изнесен на Семинар на свештенослужителите од Преспанско-пелагонијската Митрополија во 1998
 
Член од
20 март 2007
Мислења
1.044
Поени од реакции
2
Чаир напиша:
мора да те демантирам убаво почна и си помислив дека има некој вистински запознаен со црквата христова но се излажав
ние се крштеваме како бебиња за да преку крштевањето ни се опрости првородниот грев кој го наследуваме од нашите прародители Адам и Ева
црквата верува во задгробен но не во реинкарнација
ако не верува во реинкарнација тогаш од кој грев ке не прочистува?! :jaj:
 
PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Кога ќе бидеме доволно возрасни и свесни за да одлучиме дали ќе бидеме верници, и на која религија ќе и се наклониме.
Никако како бебиња, кога некој друг одлучува за нас.
 
Член од
16 март 2007
Мислења
317
Поени од реакции
20
епа машко морам да те демантирам во некои работи, ако за нешто немаш доволно познавања номој да пишуваш
Христос се крстил на 30 год. во реката Јордан од стрена на св. Јован Крстител, тој се крстил на 30 години за да се исполни пророштвото кажано за него и во израилот возрасен се сметал човек на 30 години и тогаш можел да излезе на проповед
Во Православната црква никаде нема правило кое ни кажува дека ние сме христијани затоа што таткоми е христијанин точно е дека за нес е својствено да бидеме со нашиот творец односно да бидеме христијани но сепак треба да се крстиме обичајот нда се крстат деца на 40 от ден е дека до тогаш мајката е нечиста од породилните маки и нема право на црковни тајни и молитвословија и детето до 40от ден нема имонитет децата до едум години немаат грев на душата и немаат потреба да се исповедаат но мораат да се крстат потребата за да се крстиме како деца е следа ние знаеме дека оној ој не е член на црквата не може да биде спасен а член се станува со крштение то па тогаш одговорими што ке се сличи со тоа дете ако умре не крстено каде ке му оди душата
КАДЕ ОВА ГО ПИШУВА ВО БИБЛИЈАТА???Зашто извини ама стварно не ми е јасно какова врска имаат " православните " ОБИЧАИ со живиот Бог?
А и ова дека децата се безгрешни до седум години ти е тешка ЗАБЛУДА зашто гревот е во нашата крв што значи децата се раѓаат грешни и како такви и умираат кога се некрстени, но Бог е добар и милостив Бог и знае дека тие немале шанса да го слушнат Евангелието и немале шанса да поверуваат што значи ни да се крстат, но тие не биле свесни, значи немале свест за сево ова и Бог ги прима во РАјот, баш заради овие олеснителни околности.
Многу заблуди во твојата глава Чаир, реши си ги читајќи го Божјото Слово.:helou:
 
Член од
28 јануари 2008
Мислења
1
Поени од реакции
0
Bebeto se radja so cista dusa,a dokaz za toa se gleda vo ocite na bebeto:)Neli ocite se prozorec na dusata,a koga ke poglednete vo oci na bebence se gleda nesto preubavo i precisto!A krstevanjeto najubavo koga sme sremni da go prifatime Isus kako spasitel so cela dusa i telo...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ајде да потврдиме некои работи, кои во православието се „нормирани„, проверени и потврдени како вистини и како Свети Тајни, а една од тие Тајни е и крштевањето:
- се крштеваат бебиња на ниска возраст, после 40-от ден од раѓањето, од причина која беше наведена на форумов;
- крштевањето е Света Тајна, која во превод значи „нурнување“, симболичко миење на првородениот грев од нашите прародители Адам и Ева;
- гревовите кое бебето ќе ги изврши во иднина, ќе бидат НЕГОВИ лични гревови за кои тоа самоте ќе одговара (доколку не ги исповеда);
- со крштевањето истовремено се врши и миропомазание, со масло осветено од Светиот Дух, така да крштевањето претставува едновремено извршување на две Свети Тајни,
- крштевањето е БИЛЕТ за влез во Рајот;кој е во Црквата, може да се надева на спасение, а кој не...е за тоа во друга прилика;
- крштевањето значи и ЗАЧЛЕНУВАЊЕ во Црквата Христова; дали бебето на повисока возраст ќе стане верник или не, тоа е друго прашање;
- бебето,на крштевката МОРА да има СВЕДОК, т.е. КУМ, кој во името од бебето ќе се откаже од злото кое го шири лукавиот;
- кумот е на свој начин, духовен татко на кумашинчето, така да и самиот мора да биде верник и да го поучува и воведува кумашинчето во учењето од Црквата до возраст кога кумашинчето ќе може да си одбере духовен отец;
- до својата седма година, децата се сметаат за НЕПОРОЧНИ, т.е. душата им е чиста па менаат потреба од пост и исповест пред да се причестат, како што е редот во Црквата за возрасните луѓе. После седмата година и детето треба да почне да учи и да се навикнува на постот и исповеста, соодветно на неговата возраст, под раководство од духовникот;
- кој не е крстен на бебешка возраст-нема проблем! Лично понавам луѓе кои се крстени на поодминати години и тоа крштевање за нив беше и духовна преродба. Но, да се биде македонец, да се биде припадник на народ кој 11 векови има своја Црква и тврдоглаво да се остане некртстен и надвор од Црквата, тоа е еден вид духовно самоубиство;
А за тоа што ако некој се роди како будист, ќе лафееме во друга прилика. Дел од одговорот веќе беше даден.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
да се биде македонец, да се биде припадник на народ кој 11 векови има своја Црква и тврдоглаво да се остане некртстен и надвор од Црквата, тоа е еден вид духовно самоубиство;
Една ваква слична изјава на друг форум ми беше глупава и смешна, но има малку вистина во неа. Оној што се крсти (само не формално) на некој начин дава заклетва на учењето на Исус и вербата во Бога.
Всушност друштвото налага човек да се крсти, ако човек не се крсти значи дека се става себеси над тоа друштво и испаѓа дека пати од некој облик на гордост. Да е сето тоа друштво навистина добро...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Но, да се биде македонец, да се биде припадник на народ кој 11 векови има своја Црква и тврдоглаво да се остане некртстен и надвор од Црквата, тоа е еден вид духовно самоубиство;
Ова не ти требаше, непотребен низок удар, играње со националните чувства.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom