Ајде да потврдиме некои работи, кои во православието се „нормирани„, проверени и потврдени како вистини и како Свети Тајни, а една од тие Тајни е и крштевањето:
- се крштеваат бебиња на ниска возраст, после 40-от ден од раѓањето, од причина која беше наведена на форумов;
- крштевањето е Света Тајна, која во превод значи „нурнување“, симболичко миење на првородениот грев од нашите прародители Адам и Ева;
- гревовите кое бебето ќе ги изврши во иднина, ќе бидат НЕГОВИ лични гревови за кои тоа самоте ќе одговара (доколку не ги исповеда);
- со крштевањето истовремено се врши и миропомазание, со масло осветено од Светиот Дух, така да крштевањето претставува едновремено извршување на две Свети Тајни,
- крштевањето е БИЛЕТ за влез во Рајот;кој е во Црквата, може да се надева на спасение, а кој не...е за тоа во друга прилика;
- крштевањето значи и ЗАЧЛЕНУВАЊЕ во Црквата Христова; дали бебето на повисока возраст ќе стане верник или не, тоа е друго прашање;
- бебето,на крштевката МОРА да има СВЕДОК, т.е. КУМ, кој во името од бебето ќе се откаже од злото кое го шири лукавиот;
- кумот е на свој начин, духовен татко на кумашинчето, така да и самиот мора да биде верник и да го поучува и воведува кумашинчето во учењето од Црквата до возраст кога кумашинчето ќе може да си одбере духовен отец;
- до својата седма година, децата се сметаат за НЕПОРОЧНИ, т.е. душата им е чиста па менаат потреба од пост и исповест пред да се причестат, како што е редот во Црквата за возрасните луѓе. После седмата година и детето треба да почне да учи и да се навикнува на постот и исповеста, соодветно на неговата возраст, под раководство од духовникот;
- кој не е крстен на бебешка возраст-нема проблем! Лично понавам луѓе кои се крстени на поодминати години и тоа крштевање за нив беше и духовна преродба. Но, да се биде македонец, да се биде припадник на народ кој 11 векови има своја Црква и тврдоглаво да се остане некртстен и надвор од Црквата, тоа е еден вид духовно самоубиство;
А за тоа што ако некој се роди како будист, ќе лафееме во друга прилика. Дел од одговорот веќе беше даден.