Ќе изреагирам ко „Лелеее како не ти беше срам ма ко мојата маица да си купиш?“ на шала на смеа ама важно ќе и го кажам па да видам после дали ќе ја облече пак!
И со оние марамине ме изнервираа сите зимово...мојата кај од тунгузија сум ја купила пред 5 години коа сум била на одмор а они сите испокупиле од оние од двеста пеесе денари од еко синтетичкине...и се шеташ низ град и ги глеаш сите (ама буквално СИТЕ) носат исти марами, црно-бело карирано! Па смешно е бе луѓе сите исто да бидат облечени....
Не се лутам ама имам едно непријатно чуство шознам...ми се иде или нејзината да ја искинам или мојата да ја искинам..све само да не бидеме исти...
Извини девојко,никоаш не би дала појќе од 200-250 денари за марама. Зато, ваше величество, длабоко ви се извинуваме шо во земјава е криза и луѓето немаат пари за леб, па купиле марами од 250 денари, и то баш по терк на твојата марама. How sad. Makes me wanna cry.
Не е финтата во копирањето, работата е шо 90% од луѓето не знаат да искомбинираат една комбинација. Виделе на телевизија црни патики со црна марама и сите то го опнале. Не им текнало дека можит и други бои да се комбинирет. Така да, следниот пат ко ке излезиш облечена целата ко излогон од тера нова или од калиопе, не ласкај си дека те копирет.
Смисли некоја друга комбинација, вметни нешто поживо,нешто уникатно, некој детаљ што те претставува тебе. Ако следниот ден некој го бапнал баш истиот детаљ на него, е тек тогаш те копират. Под детаљ мислам некој беџ на марамата, некоја штосна обетка, различни врвци на патиките и такви работи.
Сеа да си се искажам јас
Иам помала сестра,2 години, исти сме во висина, и сите работи ни се заеднички. Пошо сме различни смени, јас ке облечам некоја нова комбинација утре, а задутре таа истото до детаљ го има на нејзе. Including и начинот на врзување на косата и патиките. Е то е копирање. И ме вадит од такт!