Книжевен предизвик во 2013

Challenge ACCEPTED - Difficulty level

  • easy - 30 книги

    Гласови: 46 52,3%
  • normal - 40 книги

    Гласови: 15 17,0%
  • hard core - 50 книги

    Гласови: 27 30,7%

  • Вкупно гласачи
    88
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 март 2008
Мислења
694
Поени од реакции
414
3. Врати ми се - Гијом Мисо ( 318 стр )
А престанеш да читаш некое време, после губиш континуитет, мноогу е тешко пак да почнеш. Така и ја со сила ја дочитав А потоа... од Гијом Мисо. Ја влечкам книгава од 20 Јан. Како и да е, интересно романче. Итан е богат и познат адвокат, и еден ден во канцеларија доаѓа еден човек кој тврди дека знае кога некој ќе умре. Човекот му го потврдува тоа кога му кажува за 2-ца луѓе кои стварно умираат. Така Итан ги сфаќа работите премногу лично и сериозно и прави се што е во негов домен за да и ја покаже последната љубов на жената од која се разведе поради работата и неговата ќерка којашто многу ја сака. Како и секој роман на Мисо, така и овој... ве држи во неизвесност до последните 10-тина страни од книгата за после се’ да се открие и вие да останете со отворена уста. Значи :
4. А Потоа... - Гијом Мисо ( ~340 стр )
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
8.Повикувајќи го Ромео - Александра Потер

Интересна книга, што најлошо може да ви се случи на денот на заљубените (14.02). Да ве остави личноста која ви била долгогодишен партнер и тоа кога, на 14 фебруари поточно денот на заљубените, на тој ден кога се искажува љубовта кон саканиот вие да бидете сами и тажни, тоа е нешто грозно, лошо, најлошо што може да ви случи на еден таков посебен ден. Девојката која е оставена од нејзиниот партнер се вика Џулиет. Таа во моменти ќе си по мисли дека живото неможе да и биде полош, да и се случи нешто полошо.
 
Член од
20 март 2008
Мислења
694
Поени од реакции
414
А престанеш да читаш некое време, после губиш континуитет, мноогу е тешко пак да почнеш. Така и ја со сила ја дочитав А потоа... од Гијом Мисо. Ја влечкам книгава од 20 Јан. Како и да е, интересно романче. Нејтан е богат и познат адвокат, и еден ден во канцеларија доаѓа еден човек кој тврди дека знае кога некој ќе умре. Човекот му го потврдува тоа кога му кажува за 2-ца луѓе кои стварно умираат. Така Нејтан ги сфаќа работите премногу лично и сериозно и прави се што е во негов домен за да и ја покаже последната љубов на жената од која се разведе поради работата и неговата ќерка којашто многу ја сака. Како и секој роман на Мисо, така и овој... ве држи во неизвесност до последните 10-тина страни од книгата за после се’ да се открие и вие да останете со отворена уста. Значи :
4. А Потоа... - Гијом Мисо ( ~340 стр )
Едит - името од ликот .. :D
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
1. Ана Каренина - Лев Николаевич ТОЛСТОЈ

2. Капетановата ќерка - Александар С. ПУШКИН

3. Песјо срце - Михаил БУЛГАКОВ

4. На дното - Максим ГОРКИ

5. Ревизор - Никојал В. ГОГОЉ

6. Ние - Евгениј ЗАМЈАТИН
Авторот во оваа книга иронизира со системот на контролираното општество, тој пишува за стравотиите на тоталитаризмот. На почеток книгата делува многу тешка за разбирање, на моменти е толку досадна ама никако не можеш да ја оставиш. Замјатин разиграно без злоба и омраза ги погодува сите апсурдни точки на комунистичко-советскиот систем.​
Револуцијата полека урива се пред себе, цели кон иднината и се прикажува во облик на величествен, нов и возвишен систем кој ја досегнува вселената.​
 
Член од
23 јули 2012
Мислења
23
Поени од реакции
6
10/50. Целиот универзум во еден атом - Далај Лама

Најдобро што можам да ја опишам оваа книга е со тоа што ќе го цитирам самиот Далај Лама:
Оваа книга не е обид да се обединат науката и духовноста, туку еден обид да се истражат двете важни човечки дисциплини со цел да се развие еден холистички интегриран начин на развивање на светот околу нас, пат кој длабоко ги истражува видливите и невидливите нешта (се мисли во науката, како и самата мисла), преку откривање на очигледните нешта, откритија што се потпираат на разум
 
Член од
7 април 2012
Мислења
1.130
Поени од реакции
1.510
Поминаа повеќе од два месеци, а јас воопшто немам пишувано во темав. Потполно ја заборавив, но не заборавив да читам. :P

Еве што имам прочитано досега:

1. Heart of Darkness - Joseph Conrad
2. A Memory of Light - Robert Jordan/Brandon Sanderson
3. The Wars of the Roses - Alison Weir
4. Life of Pi - Yann Martel
5. Fall of the Giants - Ken Follett
6. Winter of the World - Ken Follett
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
9.Најкраткото долго - Жарко Кујунџински - 301 страница

9тата прочитана книга во 2013 година од авторот Жарко Кујнџински, Најкраткото долго. Насловот е малце да те збуни, исто како и самата книга. Колку е долго краткото. Дали на овој свет постои нешто што е уште кратко? Жарко, македонскиот автор ја испитува краткоста. Повеќе незнам што да сврзам прочитајте ја книгата и ќе видите.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.826
Поени од реакции
7.163
9.Најкраткото долго - Жарко Кујунџински - 301 страница

9тата прочитана книга во 2013 година од авторот Жарко Кујнџински, Најкраткото долго. Насловот е малце да те збуни, исто како и самата книга. Колку е долго краткото. Дали на овој свет постои нешто што е уште кратко? Жарко, македонскиот автор ја испитува краткоста. Повеќе незнам што да сврзам прочитајте ја книгата и ќе видите.

Не ме сфаќај погрешно, немам намера да изигравам џандар по темиве, ама мислам дека многу нејасно го напиша описот за книгата. Ова е теориска книга која се обидува да ги пронајде и дефинира терминот микрофикција, односно се обидува да ги дефинира кратките раскази и што ги разликува кратките раскази од обичните раскази.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
1. Како без тебе - Гијом Мисо
2. Затоа што те љубам - Гијом Мисо
3. Дали ме чекаш - Гијом Мисо
4. Врати ми се - Гијом Мисо
5. А потоа - Гијом Мисо
6. Ако го дочекам утрото - Сидни Шелдон
7. Додека ѕвездите блескаат - Сидни Шелдон
8. Гневот на ангелите - Сидни Шелдон

Srcee и Mary Poppins незнам дали ја имате прочитано, но оваа некако најмногу ми се допадна, бидејќи овде некако ми е похрабар, не нудејќи клише хепиенд. Мислам дека те остава да го наслутуваш текот на дејствието, за да час подоцна те остави недефинирано шокиран од развојот на настаните (Моментот со Џошуа и после него се остана сиво) .Забележувам дека предизвик му е главниот јунак да му е жена, најверојатно бидејќи тоа остава простор за повеќе чувства, повеќе кршливост, а и поспектакуларно е некако издигнувањето во овој машки свет.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
^
Форесту, ќе те замарам цел живот ако треба, ама Раскажи ми ги соништата мора да ја прочиташ!
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
8. Гневот на ангелите - Сидни Шелдон

Srcee и Mary Poppins незнам дали ја имате прочитано, но оваа некако најмногу ми се допадна, бидејќи овде некако ми е похрабар, не нудејќи клише хепиенд. Мислам дека те остава да го наслутуваш текот на дејствието, за да час подоцна те остави недефинирано шокиран од развојот на настаните (Моментот со Џошуа и после него се остана сиво) .Забележувам дека предизвик му е главниот јунак да му е жена, најверојатно бидејќи тоа остава простор за повеќе чувства, повеќе кршливост, а и поспектакуларно е некако издигнувањето во овој машки свет.
Да, читана ми е :)

^
Форесту, ќе те замарам цел живот ако треба, ама Раскажи ми ги соништата мора да ја прочиташ!
Леле оваа многу ме потсеќа на шпанската серија Љубовни врски, со трите сестри Марија Гвадалупе, Марија Паула и Марија Фернанда.
Па и крајот е ист.
 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
6. Ловци на глави - Ју Несбе (262 стр.)

Повторно книга од Несбе и морам да кажам дека неговиве книги се вистинско освежување и право уживање за љубителите на трилери. Оваа книга не е дел од серијалот посветен на детектикот Хуле, туку се работи за сосем различна приказна, која искрено не се раскажува, навистина вреди да се прочита. Станува збор за трилер од почетокот до крајот, во кој навистина уживав. Буквално не знаеш што се крие зад следните страници и глави, читаш и не ти се верува, мислам дека баш на Кајгана прочитав дека за оваа книга снимен е и филм, па баш ќе се потрудам да го најдам, со цел да видам како е излезен, иако секогаш првин би избрал да ја прочитам книгата, отколку да го изгледам филмот. Секоја чест. Уште да беше малку подолга, вака многу брзо се случуваа работите, иако тоа не е некоја слабост.

7. Ѕвездата со име мама (Ein Stern namens Mama) - Карен-Сузан Фесел (159 стр.)

Се мислев дали да ја вбројам книгава, но сепак книга си е книга. Бидејќи долго време имам учено германски и прилично разбирам, а со цел да си го одржам јазикот ја земав оваа книга од Германска читална и морам да кажам дека беше прилично интересна, барем си го вежбав мозокот со јазикот. Се работи за германска детска книга, во која се раскажува за едно семејство, каде мајката ќе заболи од рак, а цело време во книгата се раскажува од гледна точка на повозрасното дете, кое отпрвин не знае што се случува. На крајот мајката умира и оттаму доаѓа насловот, односно дека мајката се уште се наоѓа околу нејзе и дека станува ѕвезда.
 
Член од
23 јули 2012
Мислења
23
Поени од реакции
6
11/50. Откриена Кабала - Михаел Лајтман

Накратко оваа книга покажува што навистина претставува оваа древна наука : од каде потекнува, како се развива, и како во денешницата може да послужи како извор и водич за сите нас, помагајќи ни да живееме посигурно и да бидеме успешни во современиот променлив свет.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
1/40 - Викенд - Бернхард Шлинк
2/40 - Ледената принцеза - Камила Лекберг

3/40 „Американски дервиш“ - Ајад Актар (American Dervish)

Понесен од прекрасните дела на Халед Хосеини (Илјада неверојатни сонца, Ловец на змејови) одамна немав прочитано некое дело кое барем донекаде ќе се приближува до тој прекрасен авганистански стил на пишување, иако во оваа книга авторот е од Пакистан. Иако оваа книга не е целосно посветена и пишувана под влијание на тој начин на пишување, сепак ми се допадна доста неговиот начин на пишување. Во оваа книга Ајад ни го опишува животот на муслиманите во САД, голем дел од содржината исто е посветен на муслиманската вера, на цитати од Коранот, и на начините како да се биде добар, и како да се преживее во турбулентното американско општество кога си од различна вера и со поинакви начини на живот. Во центарот на приказната се врти Хајат, младо момче, кое живее со својот татко кој веќе целосно му припаѓа на американскиот начин на живот и неговата мајка која постојано е несреќна поради тоа што нејзиниот сопруг не ги почитува правилата на нивната вера. Се` се променува кога нив ги посетува Мина, пријателка на неговата мајка, и нејзиниот син. Воедно Мина бега од Пакистан поради тоа несреќната женидба, а во САД ќе се заљуби за Американец, и ги крши сите предрасуди за пакистанското општество. Мина ќе биде светлината за животот на Хајат бидејќи ќе го научи на многу нешта за Коранот, и да се посвети целосно на тој живот (посветен на верата), воедно да стане еден американски дервиш.

4/40 „Пред да заспијам“ - Стивен Вотсон (Before I Go To Sleep)

Брилијантен трилер, се уште сум под импресии откако ја прочитав книгата пред само неколку часа. Она што ми се допадна е тоа што задната корица на книгата НЕ открива буквално ни делче од содржината на книгата, така да самиот читател останува незапознат со неа се` додека не започне да влегува во тој свет на мистерии и тајни. Станува збор за животот на Кристина, 47 годишна жена, која секое утро се буди покрај својот сопруг кој го гледа прв пат, не знаејќи кој е тој, и што бара во нејзиниот кревет. Воедно таа многу години живее со ретка амнезија која ги брише сите нејзини спомени кога ќе легне да спие. Единствено нешто што ја управува во живот е тоа што води таен дневник (за кој ја потсетува каде и е скриен нејзиниот таен психијатар кој и помага да се навраќа на нови сеќавања секој ден) и во него ги запишува сите сеќавања што ги дознава секој ден. Проблемот е во тоа што таа не знае дали да му верува на она за што нејзиниот сопруг секојдневно ја потсетува, бидејќи нејзиниот дневник започнува со натписот НЕ ВЕРУВАЈ МУ НА БЕН. Книгата е неверојатна, секој ден започнува со нејзиниот проблем, будејќи се мислејќи дека се` уште е девојка, и дека времето застанало на нејзините 27 години, но со текот на времето таа ќе почне да се сеќава на настани кои никогаш не би помислувала дека се случиле. Голема препорака до сите, ја има во Матица на моменталниот саем за книга кој трае ваљда уште неколку дена до крајот на февруари.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom