Книжевен предизвик во 2013

Challenge ACCEPTED - Difficulty level

  • easy - 30 книги

    Гласови: 46 52,3%
  • normal - 40 книги

    Гласови: 15 17,0%
  • hard core - 50 книги

    Гласови: 27 30,7%

  • Вкупно гласачи
    88
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
31 мај 2012
Мислења
228
Поени од реакции
145
1.Последниот чај - Винка Саздова(почната 2012 завршена 2013)
2.Антихрист - Фридрих Ниче
3.Ангелски повик - Гијом Мисо
4.Таблета против стравот - Андреј Курпатов
5.Уметноста на љувота - Ерих Фром
6.Можеш ако веруваш дека можеш - Норман Винсент Пил (моментално ја читам)
+
7.Што би правел јас без тебе? - Гијом Мисо
8.Затоа што те љубам - Гијом Мисо
(извонредни приказни, во првата станува збор за љубовта која се случува помеѓу 20 годишната Габриел и Мартен кој е од Франција и после љубовта која им се случува летото тој мора да замине назад во Францика. После 13 години тој е успешен полицаец кој брка крадци, а крадецот кој му е опсесија и кој мора да го фати по секоја цена е Арчибалд кој е всушност татко на Габриел за кој мислела дека е умрен.
Интересна и возбудлива книга, непредвидлива и прекрасна.
Во втората книга која ми е сега засега омилена станува збор за Маркес и Крег кои се најдобри пријатели уште од детството, заедно студираат и се успешни психолози. Но, еден ден се се менува кога ќе исчезне Лајла. Маркес станува бездомник, ја напушта куќата и жена му. Потоа се појавуваат Иви и Алисон кои на некој начин се поврзани со двата главни лика Крег и Маркес. На крај со хипноза Кред ги лекува и им помага сите тројца: девојчето Иви и богата наследничка Алисон и неговиот колега Маркес со нивните трогателни проблеми им помага да се соочат со нивните проблеми и да ги прифатат.
 
Член од
23 јули 2012
Мислења
23
Поени од реакции
6
8/50. Rodeni vo krv - John Radcliffe

Samata kniga e podelena na dva dela. Vo prviot del stanuva zbor za vitezite teplari, celta za nivnoto sozdavanje, vremeto i mestoto, nivnoto golemo vlijanie vo sredniot vek, ponatamu za nivniot progon od strana na crkvata i nacinot na koj bili izmacuvani. Vtoriot del e posveten na masonite, koga za prv pat se pojavile javno, ritualite koi gi koristat koga se prima nov clen vo bratstvoto, znacenjeto na nekoi nivn isiboli kako liniarot i sestarot, i na kraj nivnata povrzanost so vitezite templari. Se na se odlicna kniga-
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
6. Гревот на нејзината мајка - Милица Јаковлевиќ - 500 страници

Првата книга во Фебруари. Одлична драма од легендарната писателка Милица Јаковлевиќ, гревот на нејзината мајка. Прво умира таткто на Неда, а потоа умира и нејзината мајка. Неда освен мајка и и татко и немала никого друг, па после нивната смрт таа останува сама, сосема сама. Неда ја напушта куќата каде што живееше со нејзините родители и се преселува во друг град каде што ја очекуваат други проблеми и каде што и се променува животот во целост. Истотака има и серија во врска со оваа книга, пред некое време се пренесуваше на Сител ТВ.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
1. Како без тебе - Гијом Мисо
2. Затоа што те љубам - Гијом Мисо
3. Дали ме чекаш - Гијом Мисо
4. Врати ми се - Гијом Мисо

5. А потоа - Гијом Мисо
6. Ако го дочекам утрото - Сидни Шелдон

Ќе си парафразирам, нема да ми замерите: " Она што денес е грутка снег, утре ќе биде лавина" е моментот од каде ме освои. Ми смета трупањето на настани, убацувањето на ликови на сред книга, гњавењето со небитни детали, но секоја чест за грандиозното преточување на сивилото во розе. Просто ко ја читав не ми се веруваше во што се претвори книгата. Толку лежерно ме дружеше на работа додека го читав на пс со метални подчњаци, толку ми стана рутина во мојот живот , така што нема да дозволам Шелдон да ми недостига во животот. Наредната пак ќе биде од него.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
7. Моето родно место Собри - Др. Мирко Ѓоргиевски - 303 страници

Книга за моето родно село Собри, истотака и родното место на докторот, писател на книгава. Ова е првата книга на Др. Мирко со кој лично се знам и лично ми ја подари оваа книга. Човекот е роден помеѓу првата и втората светска војна па во оваа книга раскажува што се случувало во селото Собри во тие години. Собри во 1920 година има 20 куќи за секоја куќа тој пишува по нешто, личности во тоа време итн. Опишано е селото во минатото, неколку тајни, значајни работи и слично. Интересни приказни, до некаде и поучни и мал дел од книгата е одвоен за поезија. Тој во книгата раскажува повеќе за неговиот живот а потоа раскажува и за животото на другите. Каква била состојбата на селото тогаш, а каква е сега. Секоја чест за книгава.
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
01.Casino Royale - Ian Fleming
Прва книга со Џејмс Бонд. Најмногу ме изненади тоа што филмот Casino Royale со Daniel Craig, е многу веродостојна интерпретација со книгата, сите настани во книгата ги има и во филмот, само модернизирани за денешно време, сепак Бонд во книгата е во 50' години од минатиот век. Тука е и неговата прва средба со SMERH(Смрт на шпионите) руската организација која се занимава со убивање на секакви шпиони, домашни и странски.

02.Live and Let Die - Ian Fleming
Бонд, против американски црн гангстер кој користи вуду да ги држи своите луѓе во линија и да креира легенда околу себе.

03.Moonraker - Ian Fleming
Бонд спречува голема завера со ракетата Moonraker.

04.Diamonds Are Forever - Ian Fleming
Бонд влегува во криумчарски круг во Америка кои некако успеваат да пренесуваат дијаманти од Африка во Америка преку Англија.

05.From Russia With Love - Ian Fleming
Бонд свесно влегува во завера направена од Русите, затоа што целата приказна е толку лудо поставена, што тој и М сакаат да дознаат која е целта. Но тој не знае дека заверата е направена од страна на SMERH.
 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
5. Името на Розата - Умберто Еко (756 стр.)

Првпат читам книга од Умберто Еко, иако доста имам чуено за неговите романи. Секоја чест, многу интересен роман и интересна поставеност на самиот роман. Навистина станува збор за поголема книга и можеби некој би го одвратило од читање на толку голем роман, но сепак се работи за вистински средновековен трилер, сместен во манастир во периодот на 14 век, каде се случува убиство пред доаѓањето на папската делегација. За разрешување на убиството ќе биде задолжен еден тукушто пристигнат монах со еден искушеник и тие ќе се обидат да ги одгатнат тајните на манастирот, а со тие и убиството (т.е. убиствата кои понатаму ќе се случуваат).
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
1. Како без тебе - Гијом Мисо
2. Затоа што те љубам - Гијом Мисо
3. Дали ме чекаш - Гијом Мисо
4. Врати ми се - Гијом Мисо
5. А потоа - Гијом Мисо
6. Ако го дочекам утрото - Сидни Шелдон
7. Додека ѕвездите блескаат - Сидни Шелдон

На моменти досадна, (мејби?),но приметувам дека Шелдон обожава да си поигрува со судбината на неговите главни фаци, водејќи ги до пурпурот, па до сивилото, на крај сместувајќи ги во некоја комфорна средина. Кај Шелдон се убиваш од читање и оп,оп чекај мамицата види го ти шо морална дилема наметнува или каде отидоа (не)реализираните детски соништа или дали мош да се изгубивме себеси во обид да ги реализираме. Ќе се најдеш затечен од обемноста на книгата и тоа е она шо ми смета кај белетристиката, ја единствено кај Шелдон сум го приметил тоа убацување на голема ѕверка(лик) у сред книга (знам дека се повторувам), али Лара ќе ја засакаш од старт и тоа ќе те води низ приказнава.
 
Член од
31 мај 2012
Мислења
228
Поени од реакции
145
1.Последниот чај - Винка Саздова
2.Антихрист - Фридрих Ниче
3.Уметноста на љубовта - Ерих Фром
4.Ангелски повик - Гијом Мисо
5.Таблета против стравот- Андреј Курпатов
6.Можеш ако веруваш дека можеш - Норман Винсент Пил
7.Што би правел јас без тебе? - Гијом Мисо
8.Затоа што те љубам - Гијом Мисо
+
9.А потоа - Гијом Мисо
(Станува збор за мало сиромашно момче Нејтан и едно девојче од Mелори од богато семејство каде мајка му на Нејтан е куќна помошничка т.е чистачка. Eден ден кога имаат 8 години таа се фрла по змејот кој и оди в река и почнува да се дави и тука е Нејтан кој ја спасува, но белите дробови му се полнат со вода и доживува клиинчка смрт. 3а истата случка ќе прчита во досието на доктор Герет Г. кој ќе се појави после 30год. како Гласник кој ја предвидува смртта. Нејтан и Mелори од нивната 13 год. кога им се случува првиот бакнеж се во врска, на 18 год водат љубов и еден ден стануваат брачни партнери. Им се раѓа ќерката Бони, а нивното дете Шон умира на 3 месеци. Нејтан за да и докаже на Мелори дека е достоен за неа(нејзините не и дозволувале првично да биде со него) станува познат и најдбар адвокат во неговиот град. И потоа, се случуваат многу работи, накратко се случува смртта насекаде, Нејтан е опкружен, но и опседнат од смртта. Кого го интересира слободно може да земе да ја чита.)
10.Дали ме чекаш? - Гијом Мисо
(Уште една прекрасна љубовна приказна која за жал има тажен крај. Накратко Елиан е доктор кој му го спасува животот на неговиот најдобар пријател Мет уште пред да стане доктор и од тој момент кога Мет му станува должник се најверни пријатели.Во животот на докторот ќе се појават различни личности меѓу кои и неговата ќерка Енџи и лабрадорот на буквата Р.(не ми текнува на името). Неговата најголема љубов Илијана која ја сретнува на многу судбоносен начин од тој ден знае дека му е пишана, за после тоа судбината да мора да ги раздели, за повторно пак со игра на магичните пилулу повторно да ги спои. Во кратки црти е ова, а за целосно да се доживе, мора да се прочита. За сите реалисти и оние кои веруваат дека некогаш во животот мораш да направиш некоја жртва за да спасиш нешто друго)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.943
Поени од реакции
37.178
01./30. ЛАВОТ, ВЕШТЕРКАТА И ОРМАНОТ - КЛАЈВ СТАПЛС ЛУИС (АЕА Издавачи, 2005)
02./30. ПРИНЦОТ КАСПИЈАН - КЛАЈВ СТАПЛС ЛУИС (АЕА Издавачи, 2006)
По година дена поминати во реалниот свет, во Англија, Петар, Сузан, Едмонд и Луси се враќаат во Нарнија, но една нова Нарнија, 1300 години по времето на нивното владеење, нешто за кое, се разбира дека децата не се свесни при нивното враќање, па така не ни забележуваат дека дворецот Кер Парвел во кој владееја се всушност урнатините на кои сосем случајно ќе налетаат, а од магичните и митолошки суштества и животни кои зборуваат нема ни трага ни глас. Многу години откако заминале од Нарнија, со земјата загосподариле жителите на друга, посиромашна земја од тој свет, земјата Телмар. На чело на државата за време на владеењето на Телмаринците е лошиот крал Мираз кој ги уништил речиси сите магии во Нарнија, а оние малку суштества „од приказните“ се кријат за да не ги снајде слична судбина. Истото ги снашло и сите законски престолонаследници, со исклучок на малиот принц Каспијан, кој исто така почнува да се чувствува загрозено кога на Мираз ќе му се роди син, па во договор со неговиот учител, полу-џуџето доктор Корнелиус, ќе избега од замокот и ќе собере војска од преостанатите суштества на Нарнија со која ќе се спротивстави на својот вујко Мираз. Но квантитетот и квалитетот е на страната на Телмаринците, па Каспијан е приморан да дувне во рогот за кој се верува дека го оставила „прочуената кралица од минатото - Сузан“, по што помошта навистина пристигнува, олицетворена во ликовите на четирите деца од Англија, но истовремено и велики кралеви од нарниската историја, и во ликот на великиот Аслан кој со својот здив ги буди и дрвата, а ја враќа и верата во Нарнија. Сите заедно имаат една цел - да му помогнат на Каспијан да седне на тронот на Нарнија!
Повторно не изостануваат алегориските проекции на христијанството: го имаме Аслан (Исус) назад, Петар (св.Петар), Сузан (Марија), Едмонд (метафора на човекот и неговата двојна природа, иако тоа е поизразено во „Лавот, вештерката и орманот“) и Луси (метафора на децата и нивната безусловна верба воопшто) назад, го имаме пропаѓањето на еден свет на верувања (религиски вредности, сфаќања и догми) и повторното издигнување на истиот преку борбата, ја имаме верата во Аслан и во Нарнија воопшто (верата во Исус, во Бога), има уште еден куп други ситници во кои ќе препознаете библиски обрасци, понекогаш дури и далеку поучливи отколку во „Лавот, вештерката и орманот“. Ако првото издание од серијалот беше алегорија на борбата помеѓу лошото и доброто, верата, воскресението, и вознесението, „Принцот Каспијан“ е алегорија на пропаѓањето на религиските вредности и повторното воздигнување на религијата, враќањето на верата, молитвата по која неминовно стигнува божјата помош... и уште многу, многу од тоа...
 
Член од
23 јули 2012
Мислења
23
Поени од реакции
6
9/50. ПОДРУМИТЕ НА ВАТИКАН - АНДРЕ ЖИД

Тотален промашок на книга, прва за оваа година. Насловот го сватив буквално па затоа и ја зедов да ја читам. мислејки дека станува збор за она што се наоѓа во и под Ватикан, колку ли само погрешив...:facepalm:
Одредена група на измамници ја искористуваат слепата верба на богатата буржуазија и смислуваат генијален план за тоа како да и ги земат парите. Преправајќи се како црковни лица, клисари, одат од фамилија до фамилија со вест дека папата е киндапиран и дека за да го ослоботат бараат одредена сума на пари и дека баш тие ја имаат таа чест да помогнат за да се ослободи папата, дека доколку не платат Господ нема да може да и прости и тн. и тн. :tapp:
 
Член од
12 март 2011
Мислења
376
Поени од реакции
1.234
02. Стакленото ѕвоно - Силвија Плат (276 страници)
0.3 Николас Спаркс - Прибежиште (350 страници)

Еден од бестселерите на Николас Спаркс. Се раскажува за мистериозната Кејти т.е Ерин која се преселува во гратчето Саутпорт, Северна Каролина. Живее во колиба, а до неа има уште една во која живее нејзината пријателка Џо. Во гратчето работи како келнерка во еден ресторан и го запознава Алекс. Алекс е вдовец со 2 деца (Џош и Кристен), поседува продавница во која ќе се запознае со Кејти (Ерин). Кејти претходно била (и сеуште е) мажена за Кевин, детектив кој постојано ја тепал и за најмала ситница. Тој не ја оставал да излегува од дома, не ја оставал да ги посетува комшиите Фелдман, не и давал пари, но таа собирала пари подолг период и успева да му побегне. После одреден период Кевин успева да ја пронајде и се обидува да ја убие такашто предизвикува пожар во куќата на Алекс, но безуспешно е сето тоа.

На крајот од овој прекрасен роман Кејти го чита писмото коешто Карли Џо му го оставила на Алекс за жената во која ќе се заљуби. Всушност пријателката на Кејти, Џо, била замислена, тоа била жената на Алекс. Имате големи препораки да го прочитате овој роман. Поздрав.
П.С Сакам да земам нешто од Агата Кристи, препораки?
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
8. Играј, играј, играј - Харуки Мураками

Научна фантастика, трилер, сатира...
И кога мислев дека Норвешка шума е најдоброто на Мураками, ми падна во раце оваа книга. Се чудам што ли ќе ми се дешава во умот кога ќе ја почнам трилогијата 1Q84.
Битен детаљ за тие што не го читале или се двоумат - Мураками не пишува по шаблон.
(добро освен можеби малку се чувствува тоа кај машкиот главен лик, ама сепак...)
Мураками е различен во секоја книга и не можеш да знаеш што да очекуваш. Можеш само да се изненадиш (пријатно) и како мене, во овој случај, намерно ја тегавев книгата две недели затоа што не сакав да ја прочитам брзо и уживав во секој ред.
Кај Мураками само вкусот за музика во секоја негова книга е постојан: The beatles, Nat King Cole, Rey Charles, Talking heads, Genesis, Bob Dylan, Duran Duran, Bee Gees, Paul Mauriat и да не продолжувам понатаму...
Го обожавам Мураками :love:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom