Се враќам со подвиткана опашка
И фала на сите што се позамаравте со мене.
6.
Ted Dekker - The bride collector
Интересно романче за еден убиец кој убива млади убави девојки и на местото на злосторот остава невестински вел. Детективот бара помош за случајот кај пациентите на една ментална болница.
Книгава, освен од страната на детективот, има и неколку глави посветени на страната на убиецот.
Океј е книгава, не ме воодушеви ама ми понуди добра забава.
Сепак, не ми се допадна тоа што испадна дека невестинските велови и немаа некоја причина, ваљда се ставени за да го заинтересираат читателот во приказната (успешно, морам да признаам). Потоа, пациентите на менталната болница се претставени како генијалци и јас очекував да го решат случајот на начин што ќе ме остави со отворена уста. Ама не, на еден од нив едноставно му текна кој е убиецот. И толку.
Плус, книгава ме потсети на Stealing faces од Мајкл Прескот, во која исто така убиецот е психијатар, па претпоставувам многу ми дојдоа две слични книги во кратко време.
7.
All she ever wanted - Barbara Freethy
Исто така забавно трилерче кое навистина брзо се чита.
Една средношколка е убиена. Нејзините три другарки продолжуваат со животите. После неколку години објавена е книга која е идентична со убиството, и која ја претставува една од другарките како убиецот.
Има тука и неколку романтични сцени кои ги прескочував, не ми се допаднаа. И на крај една од девојките заврши со психотат бе.
Во секој случај, ќе продолжам да читам книги од оваа авторка.
8.
The Explorer's Code - Kitty Pilgrim
Wannabe Den Braun книга. Писателката не води на пат низ светот заедно со археологист и океанографка, кои се најперфектните ликови на планетава.
Девојката е убава левел Анџелина Џоли, ама толку е искомплексирана - цело време муабетот е како може археологов да се заљуби баш во неа. А тој па идел пред тоа со некоја си манекенка, и оваа Анџелинава колку му префрла за тоа, абе човек женска да не си фати.
Не ја препорачувам книгава.
9.
Sarah's key - Tatiana de Rosney
Оваа книга е поразлична од претходните. Како што гледам на Амазон, прилично е популарна, а според неа има и филм.
Книгава паралелно опишува две приказни. Едната е за време на Втората светска војна, кога Еврејчето Сара е однесена во логор. Сара, незнаејќи што се случува и мисјќи дека брзо ќе се врати, го заклучува своето братче на едно скришно место, мислејќи дека подоцна ќе може да го отклучи.
Втората приказна е за една 50годишна новинарка, во 2002 година која треба да напише статија за еден настан од Втората светска војна.
Првата приказна е феноменална и потресителна. Втората е досадна, неинтересна и бесмислена. Проблемот е што првата приказна завршува на пола книга.
Освен целокупната втора приказна, она што мене ми засмета е следново (хејтер сум, знам): Сара цело време се прашува нешто. Цели пасуси има со едно исто прашање поставено на 16 различни начини; Новинарката е прилично напорна со приказната, бидејќи сака да се знае дека приказната на Сара не е заборавена. И што дека не е заборавена?? Ќе и помогне тоа на Сара? Ќе оживее некого ако приказната не е заборавена??
10.
Авантурите на Том Соер - Марк Твен
Ауу една од моите омилени книги. Го сакам книжулево, иако Авантурите на Хаклбери Фин повеќе ми се допаѓа. Безвременска приказна.