- Член од
- 6 јануари 2011
- Мислења
- 1.059
- Поени од реакции
- 2.684
9. Нов живот - Орхан Памук
Романот започнува со реченицата "Прочитав една книга, и од тогаш животот ми се измени."
Животот на младиот студент се променува од корен, откако по читањето на таа книга, го напушта својот дом и заминува на пат околу Турција заедно со девојката која ја сака, а која всушност е одговорна за неговото дознавање и читање на таа книга.
За главниот лик овие патувања стануваат зависност и за цело тоа време се обидува да ја осознае реалноста, љубовта, поврзаноста на светот на децата со оној на возрасните и секако, смислата на животот. Мене романот ме потсеќа на оној на Џек Керуак - "На пат", значи ако сакате романи во тој стил, ќе ви се допадне и овој. Јас и не уживав баш додека го читав.
10. Теодора, последната римска царица - Стела Дафи
Бидејќи сметам дека сите знаете или сте слушнале барем за Теодора, нема да се замарам за спојлерите во рецензијата.
Теодора, се смета за една од највлијателните жени во историјата, која со својата убавина, интелект, снаодливост успеала од обична курва да се издигне на престолот на тогашната Византиска Империја, станувајќи сопруга на Јустинијан (Византиски цар со потекло од Скопје, кодификатор на класичното римско право, заслужен за проширувањето на Римското Царство, ја обновил црквата Св. Софија итн).
Романот е посветен на Теодора, на нејзиниот живот како танчерка, актерка, а потоа и курва во Цариград. На сцената сите ја сакаат, надвор од неа таа е само една обична блудница на која со самиот избор на професијата воедно и е скратено и право на брачен живот.
Патот до нејзиното покајување? е трнлив. Преку Африка и Египет таа стигнува до Алксандрија каде се среќава со тогашниот александриски патријарх Тимотеј и нејзиното преобразување започнува прво во малиот град Антиохија, а потоа и четирисетдневниот пост во пустината.
Нејзината убавина и дипломатија и умешност во зборувањето ќе ја доведат до вратите на идниот цар - Јустинијан, кој само за да се ожени со неа ќе воведе низа реформи во законот, за да откако биде прогласен за цар, Теодора постојано биде негов соработник. Се смета и за голема феминистка затоа што благодарение на неа и новите закони за кои таа се залагала, пораснале правата на жените.
Убав роман, само според мене недовршен, бидејќи завршува со нејзиното прогласување за царица, ама ајде може да помине...
И наравоучението: Што може жена да ти направи, не може ни ѓаволот.