Книжевен предизвик во 2013

Challenge ACCEPTED - Difficulty level

  • easy - 30 книги

    Гласови: 46 52,3%
  • normal - 40 книги

    Гласови: 15 17,0%
  • hard core - 50 книги

    Гласови: 27 30,7%

  • Вкупно гласачи
    88
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ајде да го сефтосам предизвикот со првите две прочитани книги во 2013.

1/40 „Викенд“ - Бернхард Шлинк (Das Wochenende)

Иако на многумина можеби ќе им биде чудно, но првата книга прочитана од Шлинк не ми беше популарната „Читачот“, туку „Летни лаги“. Ја читав минатата година, збирка раскази. Ме бендиса неговиот стил па ете решив да купам друг роман. Сакав „Читачот“ иако ми е и филмот гледан, во скоро време морам и романот, но поради тоа што не можев да ја најдам во книжара, единствена друга од него беше Викенд. Доста интересна и комплексна книга. Не верувам дека на секого би му се допаднала. Станува збор за еден роман за група пријатели кои се собираат повторно во вилата далеку од центарот на градот поминувајќи викенд. Целта на собирот е излегувањето од затвор на Јерг, кој во минатото се залагал за револуцијата и по неколку убиства завршува во затвор. Неговата сестра Кристијане е виновна за собирот на пријателите, но навидум ситуацијата излегува од контрола, и многумина од нив ќе бидат приморани да се соочат со вистините и реалната ситуација на денешницата и причината за апсењето на Јерг. Доста чуден роман, значително послаб од Летни лаги, така што и не можам да кажам дека сум претерано воодушевен. Но сепак кратка книга, и брзо се чита.

2/40„Ледената принцеза“ - Камила Лекберг (Isprinsessan)

Книгата ја зедов од најновиот зимски саем на ТРИ и веднаш ме привлече откако прочитав првен дека е трилер, второ дека е шведска писателка, и трето дека пишува дека заедно со Стиг Ларсон и уште еден шведски писател го сочинуваат Светото тројство кога станува збор за трилер романи во Шведска. Веднаш знаев дека е возбудливо четиво, и дефинитивно не погрешив во тоа. 370 страници ми прелетоа за два дена. Станува збор за Ерика Фалк, писателка на биографии, која доаѓа во родното место Фјелбака поради смртта на нејзините родители. Но тоа не е единствената лоша работа која ќе ја почувствува таму. Таа е сведок и ја пронаоѓа нејзината стара пријателка Алекс мртва во својата када, замрзната и со пресечени вени. Навидум отпрвин се претпоставува дека е самоубиство, но со текот на времето се откриваат неверојатни пресврти. Патрик Хедстром, старата љубов на Ерика е задолжен за истрагата на убиството, па Ерика и тој започнуваат истрага која е предводена од нејзината љубопитност. Со текот на времето тие влегуваат во флерт, а со тоа влегуваат и во најмрачните тајни на семејството на Алекс и богатото семејство Лоренц кое ги крие најмрачните тајни криени 25 години, а воедно меѓу нив се наоѓа и причината за убиството на убавата но мистериозна Алекс. Предобар роман, дефинитивно не дава да заспиете се додека не ја прочитате приказната до крај. Апсолутна препорака!
 
Член од
23 јули 2012
Мислења
23
Поени од реакции
6
7. Досиеата на FBI

Најпосле после толку барање на оваа книга ја најдов и мора да кажам ако уживате во теориите на заговор оваа книга доста ке ви се допадне. Се работи за разни објавени и прикриени документи во кои се спомнува постоењето на вонземјани на планетата, за нивниот договор со организациата М-12 и кои е всушност нивнот план......и така натаму, да не ви ја уништувам книгата ;)
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Challenge Accepted
Easy - 30 книги

Никогаш не сум си поставил одредена бројка, ама откако го завршив факултетот и барем оваа година ќе имам повеќе слободно време решив тоа време да го поминам со читање.
Си поставив цел на 30 книги ама ако продолжам со овој ритам кога само за еден месец прочитав 3 (4)* книги мислам дека ќе ја надминам бројката од 30 книги.

Бидејќи од книгите што ги имам дома на албански јазик ги имам прочитано 95% од нив, јас решив да почнам со колекцијата од руските класици што ги имам на македонски јазик.
Досега ги прочитав:
1. Ана Каренина *(два тома)
2. Капетановата ќерка
3. Песјо срце

За прочитаните книги утре ќе пишам по некоја реченица, ептен ми се спие сега :)

А од утре почнувам да ја читам драмата на Горки, "На Дното".
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
1. Како без тебе - Гијом Мисо
2. Затоа што те љубам - Гијом Мисо
3. Дали ме чекаш - Гијом Мисо
4. Врати ми се - Гијом Мисо
5. А потоа - Гијом Мисо

Шо да искоментирам,а да не се повторам? Го изглеав и филмчето откако ја прочитав книгата. Се покајав. Ми ја лимитира фантазијата, ме ограничува, гледам нечија туѓа имагинација. Башка, слатко се изнасмеав колку е само голем Мисо, шо не успеале да го вклопат у два саата. Го читаш за неколку саати мош да, али не можеш толку лесно да ги визуелизараш чувствата, мислите, емоциите кои те преплавуваат после секоја негова реченица. Значи дефинитивно е опседнат со смртта. Не знам дали ми се допаѓа или не ми се допаѓа ( или мош да и двете истовремено) фактот шо се обидува да ја прикаже смртта како логичен дел од животот, на кој немаме апсолутно влијание. Значи те замислува по тоа прашање и после те тапша по рамо - брат заеби тоа, гледај да поминеш шо е можно повеќе време со тие шо ги сакаш, радувај му се на животот и живеј го моментот. Наздравје!
 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
4. 13 проблеми - Агата Кристи (203 страници)

Мислам дека доволно е името и ја сфаќате содржината, не треба кој знае колку да објаснувам. Секогаш кога имам прилика читам некоја нејзина книга. Инаку, во оваа книга нема воспоставено еден единствен лик, туку всушност се работи за група луѓе, кои раскажуваат за чудни настани на кои тие присуствувале во својот живот. Баш се работи за 13 собрани приказни, кои немаат никакви допирни точки една со друга, единствено ликовите кои ги раскажуваат.
 
Член од
31 мај 2012
Мислења
228
Поени од реакции
145
Го прифаќам предизвикот со 40 книги. Обожавам да читам тоа ме исполнува, лани си направив предизвик да прочитам некаде 20-30 ама не го исполнив предизвикот поради многуте обврски. Годинава и покрај обврските ќе се обидам да стигнам до 40, ако не, барем до 30.
Почна предизвикот со овие прочитани книги до сега:
1.Последниот чај - Винка Саздова(почната 2012 завршена 2013)
2.Антихрист - Фридрих Ниче
3.Ангелски повик - Гијом Мисо
4.Таблета против стравот - Андреј Курпатов
5.Уметноста на љувота - Ерих Фром
6.Можеш ако веруваш дека можеш - Норман Винсент Пил (моментално ја читам)
Ако продолжам со ова темпо богами ќе го исполнам предизвикот.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
4. Снег - Орхан Памук

Темата е исламскиот фундаментализам и борбата меѓу исламистите и секуларистите во едно мало гратче во Турција.
Главниот лик, кој живее во Германија како политички бегалец, после многу години се враќа во своето родно место откако ќе прочита статија за зголемениот број на млади девојки кои се самоубиваат. Се претставува како новинар на еден германски весник, пратен да напише статија и да ги пренесе жалбите на луѓето до Западот.
Овде ја среќава и својата прва и единствена љубов и е решен да започне нов живот со неа.
Многу е реална сликата за тоа како функционира општеството денес, кои се целите на радикалните исламисти и зошто јазот меѓу луѓето од истокот и западот секогаш ќе постои. А најжално е тоа што СЕ' е само политика. И плус има интересни диајлози религија vs атеизам.
Ја препорачувам на секој, книгата е прекрасна, има толку многу да се научи од неа. Памук е мајстор, сигурно ќе го читам уште.

5. Јужно од границата, западно од сонцето - Харуки Мураками
6. Спутник љубов - Харуки Мураками
7. Норвешка шума - Харуки Мураками

Лесен бил Мураками за читање, ама не бе... Не можеш да прочиташ некоја негова книга и после тоа да бидеш рамнодушен или пак да не те гребка нешто внатре во мозочето и да те тера да си правиш сценарија. Мураками намерно не дава јасен крај на своите дела за да те мачи така некое време откако ќе ја прочиташ книгата. Ама ако, барем те потикнува да мислиш и да си развиваш фантазијата.
ПС: Некој што ја има прочитано Норвешка шума - нека каже како го интерпретира крајот, сакам да слушнам други мислења бидејќи наидов на една многу интересна рецензија на интернет.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
ПС: Некој што ја има прочитано Норвешка шума - нека каже како го интерпретира крајот, сакам да слушнам други мислења бидејќи наидов на една многу интересна рецензија на интернет.
Од кај наоѓате рецензии на интернет? Јас само на Амазон идам, а баш ми се продискутирува од време на време.
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Challenge Accepted
Easy - 30 книги

Никогаш не сум си поставил одредена бројка, ама откако го завршив факултетот и барем оваа година ќе имам повеќе слободно време решив тоа време да го поминам со читање.
Си поставив цел на 30 книги ама ако продолжам со овој ритам кога само за еден месец прочитав 3 (4)* книги мислам дека ќе ја надминам бројката од 30 книги.

Бидејќи од книгите што ги имам дома на албански јазик ги имам прочитано 95% од нив, јас решив да почнам со колекцијата од руските класици што ги имам на македонски јазик.
Досега ги прочитав:
1. Ана Каренина *(два тома)
2. Капетановата ќерка
3. Песјо срце

За прочитаните книги утре ќе пишам по некоја реченица, ептен ми се спие сега :)

А од утре почнувам да ја читам драмата на Горки, "На Дното".
1. Ана Каренина - Лев Николаевич ТОЛСТОЈ

Приказната почнува во февруари 1872 и трае 4 години, до јули 1876. Се случува на релација Москва - Санк Петербург.
Главни ликови се двете двојки Ана Каренина и Алексеј Вронски и другата двојка Кити Шчербацки и Констандин Левин.
Тие ја претставуваат спротивставеноста на фаталната страсна љубов и на другата која претпоставува сочуство и жртвување. На почеток љубовта меѓу првата двојка изгледа многу силна и полна со страст, за разлика кај втората двојка таа љубов почнува постепено, со многу разбирање.
Така и завршува приказната помеѓу Ана и Вронски, фатално бидејќи доаѓа до израз себичноста. Ана почнува да се двоуми во љубовта на Вронски спрема неа, станува ужасно љубоморна, си замислува ситуации каде неговиот љубовник се жени со друга, а вистината е сосема друга, Вронски се откажува од се за неа, но е порамнодушен. Тоа Ана го води до самоубиство!
А другиот пар градат вистинско семејство, полна со љубов и разбирање. Левин долго време се мачи себеси со помислата дали има Господ, зошто живееме кога еден ден ќе умреме, но на крајот тој сфаќа зошто живее и така остануваат среќни со Кити и детето!
Мој омилен лик од оваа книга е токму Левин, кој е добродушен, на никого лошо не му прави, се сожалува со работниците кои работат на неговиот имот, често знае тој самиот да се зафати со работа заедно со работниците. Пријатен човек со кого сите сакаат да се дружат!


2. Капетановата ќерка - Александар С. ПУШКИН

Овој роман ја протолкува атмосферата на бунт и движењето на народот на тој бунт. Познатиот Пугачов е ликот кој го води бунтот против царицата на Русија, Екатерина II.
Младото момче Петар кого татко му го испраќа на служба во војска откако полни 17 години. Со младичот го испраќаат и верниот слуга Савелич. Тие одат во југот на Русија, во Оренбуршката област, по пат ги фаќа виулица и се губат. Среќаваат еден скитник кој го одведува до едно преноќевалиште. Петар на скитникот му го подарува палтото со зајачка кожа како благодарност што им помогна.
Потоа кога Белогорската тврдина ќе падне во рацете на бунтовниците и откако бунтовниците ќе ги обесат командантот и другите војници, Петар се спасува, благодарение на Пугачов, самоназваниот крал! Пугачов бил скитникот на кого момчето му го подари палтото.
Сепак момчето не се приклучува со бунтовниците туку останува верен на армијата и оди во друг град. Тие со Пугачов уште неколкупати ќе се видат. Момчето ќе бара помош од Пугачов за да ја спаси својата сакана девојка, ќерката на обесениот командант на Петар. Таа беше затворена од офицерот Шварбин кој дезертираше и им се приклучи на бунтовниците. Шварбин ја сакаше за себе ќерката на командантот и ја држеше со сила. Пугачов му помогна на Петар да ја земе девојката, откако му нареди на Шварбин да ја ослободи.
По задушувањето на бунтот, го затвораат и Петар сметајќи го за предавник.
Маша, ќерката на командантот за да го спаси, заминува во дворецот на царицата. Таа зборува со една жена во паркот близу дворецот и ја раскажува својата мака. Потоа излегува дека таа жена била царицата и по нејзина наредба го пуштаат Петар!


3. Песјо срце - Михаил БУЛГАКОВ

Овој роман е апсурдна сатира за еден пес кој станува човек, кој ќе стане социјалист, и пак станува куче...
Книгата е брилијантна сатира за тогашниот Нов советски човек. Го опишува професорот Филип Филипович кој заедно со асистентот Иван Арнолдович ќе всадат човекови тестиси и хипофиза на куче скитник по име Шарик.
Откако кучето станува човек, тој го одбира името Полиграф Полиграфович Шариков. Тој полека го прави животот во куќата на професорот кошмарен, па професорот пак го оперира и му ја вади човековата хипофиза и Шарик повторно станал пес.
Во овој роман Булгаков одлично ја опишува политичката и општествената ситуација на комунистичка Русија, како и емоционалната состојба на граѓанинот во такво опкружување.


4, На дното - Максим ГОРКИ

Со оваа драма Горки го претставува човекот однатре, од дното на свеста, не давајќи му можност да бега пред самиот себе.
Случката се случува во едно преноќевалиште каде преноќуваат повеќе лица, кои немаат ништо, некои се поранешни затвореници, еден е крадец, еден е поранешен барон, и некои поранешни занаетчии.
Авторот тука човекот го претставува соголен до коски, прашувајќи се "зошто живее". На другата страна сопственикот на ноќевалиштето со својата жена се примерок за малограѓанството. Тие се подготвени да газат и преку трупови само за да ги исполнат своите егоистични гнасни цели.
Речиси сите ликови во драмата се себични, секој гледа да се спаси себеси, притоа не водејќи сметка дека ќе газат некој друг. Сите се мразат меѓу себе, освен старецот Лука кој се обидува да ги омекне. Силен впечаток ми остави еден негов говор, ете ќе го цитирам: "Сите мил мој, сите колку ги има, живеат за нешто подобро. Затоа секој човек треба да се почитува...бидејќи не знаеме кој е, зошто се родил и што може да направи...можеби се родил на наша среќа, да ни биде од голема полза..."
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
3. The casual vacancy - J. K. Rowling

Мајката на Хари Потер во улога на писателка која се пробува во жанрот за возрасни. Книгава е просечна, и според мене некој на кој толку добро му оди една ствар не треба да се откаже од неа за да прави просечни ствари. Нејсе.
Значи, книгава најпрво има премногу ликови, некои од нив и непотребни (на пример Гевин). Книгава би била иста и да ги нема неговите поглавја воопшто. Поради многуте ликови тешко е да се прати текот.


4. Cold wind - C. J. Box

Ужасна, ужасна книга. Можеби и јас сум виновна за тој впечаток, бидејќи книгава е дел од серијал, а не е прв дел. Во неа се среќаваат некои ликови за кои претпоставувам појасно ќе ми беше што бараат во приказната да сум ги прочитала претходните делови. Сепак, не читам веќе книги од овој автор.
Џо Пикет е прославен детектив. Се случува убиство за кое е обвинета неговата mother-in-law и тој треба да го открие вистинскиот убиец.
Ликовите се неинтересни. Дејството е нереално и се потпира на премногу случајности.
И дознав зошто славните детективи како Поаро или Шерлок се луѓе без семејство (а од увек сум се прашувала) - бидејќи досадно е да читаш за приватниот живот на детективот и проблемите со неговите ќерки тинејџерки.


5. The dog stars - Peter Heller

Прогласена за најдобра книга за месецот Август 2012 од страна на Амазон. Јас би и дале 2/5. Тешко било да се најде добра книга бе :(
Приказната е за пилотот Хиг кој живее во постапокалиптичен свет. Луѓето кои ги сакал се мртви. Се што знаел повеќе не важи.
Книгава има чуден стил кој мене не ми се допадна. Ниедно тире нема да видите во неа. Дијалогот меѓу луѓето е запишан во обични пасуси, како некој да размислува за тоа. Малце тешко за следење. Мене лично тоа не ми се допадна, иако мислам дека е прикладен таков стил за ваков тип на роман.
И книгава точно знаете како ќе заврши после првите 10%. Нема никакви изненадувања. И да, заебано е и не дај Боже да ти се случи таква судбина како што му се случува на Хиг (и на сите преживеани btw), ама мене не ме занима да читам за нивните чувства и жалења и сеќавања. Повеќе би сакала да читам за случките кои ги очекуваат во новиот живот.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.943
Поени од реакции
37.178
И јас бев еден од тие кои го прифатија предизвикот, иако претпоставувам дека во оваа година во која ме очекува многу работа нема да можам да го исполнам. Но велат - за проба пари не земаат, а и нема што да изгубам, напротив, можам многу да добијам дури и ако не успеам да прочитам 30 книги.
Започнав со Igra prestola на Џ.Мартин и Норвешка шума на Мураками и се уште ги читам... Причина: на саемот на книгата во Матица пред некој ден го купив комплетот Историјата на Нарнија од Клајв Стаплс Луис, и нормално, како голем љубител на филмскиот серијал ги оставив Мартин и Мураками да почекаат, и започнав со исполнување на предизвикот на овој начин:

01./30. ЛАВОТ, ВЕШТЕРКАТА И ОРМАНОТ - КЛАЈВ СТАПЛС ЛУИС (АЕА Издавачи, 2005)
Веројатно секој од вас знае за што се работи - култната детска лектира, инспирацијата за многу други модерни авантуристички приказни, авантурата која заедно со Господарот... на Толкин стои на највисокото место на пиедесталот во овој жанр... Впечаток: за филмот очекував дека ќе биде незрел, детски, а испадна епски - сега за романот очекував нешто епско, а добив впечаток дека се работи за обична детска литература (секако, потпомогнато од преводот на македонски од Марија Тодорова која иако своевремено токму за овој превод има добиено државна награда за превод, мене ни малку не ме воодушеви). Доколку го разгледуваме романот токму како таков - детска авантуристичка сага, тогаш ова е многу повеќе од тоа, па затоа К.С.Луис го споредуваат најмногу со Толкин и Луис Керол. И со право!!! Не е ова само еден обичен детски роман, имаат тука замешано прсти многу нешта! Пред се - обично критикуван како своевидна алегорија на христијанската религија, дури иако самиот К.С.Луис го негира тоа дека при креирањето на светот од позади ормарот имал идеја да ја постави таа алегорија, туку дека истата се наметнала отпосле, по самата креација (што ако е вистина не го прави К.С.Луис еднаков на Толкин и Керол, туку во најмала рака го прави - :cuc: БОГ), отворен е за бројни херменевтички проучувања, толкувања, анализи, проекции и интерпретации. Можеби не е литература за возрасни, но секако само површно е литература за деца! А ако подлабоко се нурнеш во светот на фантазијата, и ти можеш да го видиш лавот Аслан и фаунот Тумнус и заедно со Петар, Сузан, Едмонд и Луси да се борите против лошата вештерка и да станете кралеви и кралици на Нарнија. А еднаш крал на Нарнија, засекогаш крал на Нарнија! Не ми верувате? Па што ли ве учат во тие ваши училишта??? :P

(Ако има некој кој сака дискусија на тема Нарнија, I'm open! ;) )
 
R

redhead

Гостин
1. Името на розата - Умберто Еко

Фасцинантен роман, барем според мене.
Можеби ми требаше подолго време да го прочитам али вредеше.
Прв пат се сретнувам со стилот на Еко, и ме воодушеви.
Накратко, се работи за мистериозни убиства во еден средновековен италијански манастир.
Случајно во манастирот ќе допатуваат еден поранешен член на шпанската инквизиција и неговиот ученик.
Од тука започнуваат да се одвиваат настаните.
Но ова е повеќе од обичен трилер. Ќе наидете на многу теолошки расправи, многу живописни описи на манастирот и ликовите, на религијата (на католицизмот), на човековата природа.
Како подвижна мала енциклопедија, со еден збор ќе ви го разработи мозокот.
2. Небеска Тимјановна - Петре М.Андреевски

Што да кажам за Петре и неговите книги, а да не го знаете?
Единствен стил.
Успеал толку сликовито да ја прикаже борбата на Македонците низ вековите.
Борбата за слобода, правото на свој јазик, едноставно заштита на својот идентитет.
Творештвото негово, нешто што е наше, толку единствено и уникатно.

Конкретно овој роман е биографија на една наша партизанка Уранија Јурукова.
Нејзината приказна е приказна на многу Македонци и Македонки.
Нејзината голгота, како еден вид на личен дневник преставена низ перото на нашиот култен писател.
Родена во Костурско, Егејска Македонија била член на револуционерно семејство.
Се борела за Македонија, за правото на свој јазик и своја земја.
Небеска целиот живот го посветува на својата земја.
Прикажани се нејзините успони и падови, како губење на поблиското семејство и на свои другари партизани.
Но ја губи и својата прва љубов, за подоцна раѓајќи го своето единствено дете да биде одведено во Унгарија со другите деца бегалци.
Ќе биде осудена како Југословенски шпион и одведена во логор во Сибир, каде ќе остане таму се до смртта на Сталин.
Борбата на една жена и мајка, ќе успее да се врати во својата родна земја, по толку години поминати во егзил.

Да не раскажувам премногу, топла, топла препорака за ова дело, како и за сите негови дела.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Конкретно овој роман е биографија на една наша партизанка Уранија Јурукова.
Зошто вака ги нарекуваат главните ликови? Не можел да ја крсти Петкана или Стамена? Поверодостојно ќе било.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.306
Поени од реакции
26.208
Зошто вака ги нарекуваат главните ликови? Не можел да ја крсти Петкана или Стамена? Поверодостојно ќе било.
Уранија Јурукова се викала партизанката што го испирирала Андреевски. :) Инаку Небеска Тимјановна е бидејќи Уранија од грчки на македонски е Небеска, а Тимјановна заради дедо и Тимјан.

Еве повеќе за нејзе. https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10151274623433670.485389.202258228669&type=3
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
1. Ана Каренина - Лев Николаевич ТОЛСТОЈ
2. Капетановата ќерка - Александар С. ПУШКИН
3. Песјо срце - Михаил БУЛГАКОВ
4. На дното - Максим ГОРКИ
5. Ревизор - Никојал В. ГОГОЉ

Ревизор е комедија која ја прикажува состојбата на провинциските чиновници во Русија, во 30-тите години на 19 век.
Во оваа комедија нема љубовна интрига, нема еден главен херој, туку ги прикажува чиновниците кои се градоначалникот, управителот на болницата, управителот на поштата, инспекторот на училиштата и судијата, кои се лицемерни, груби и беспоштедни спрема послабите, а страшливи и понизни пред посилните.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom