Книги кои би ги препорачале

С

Сатори

Гостин
Буда од предградието од Ханиф Курјеши.
Моќно, обземачко, конзервативно и полно со револуционери идеи во исто време, емоции и рамнодушност која што се испреплетува во животот на еден бисексуален Индус кој што сака да биде актер во Лондон.
Не се препорачува за читатели кои преферираат лесна литература.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Степскиот волк- Херман Хесе

Од Херман Хесе сите книги се неверојатно добри, но ова е просто генијалнои без конкуренција. И да не читате книги, прочитајте го барем делот Само за лудаци кој е 15тина страни. Не верувам дека некој може толку добро да продре во психата на човекот како Хесе и да го направи патот кон себе си јасен и лесен.
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
287
Поени од реакции
110
Падот - Алберт Ками
Ѕвонарот на богородичната црква - Иго
Двојник - Достоевски
Идиот-Достоевски
Бели Ноќи - Достоевски
Бедни Луѓе - Достоевски
Алхемичарот - Коељо
Затоа што те љубам - Гијом Мисо
Поезија - Петре М Андреевски
Евгенија Гранде - Балзак
Сликата на Доријан Греј - Оскар Вајлд
Кројцерова Соната - Толстој
Света Крв, Свети Грал - Мајкл Бејџент
Страници за нашата љубов - Николас Спаркс
Пиреј - Петре М Андреевски
Демијан - Х.Хесе
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.222
Поени од реакции
30.438
Некој може ли да ми препораша психолошки трилер роман?
 

Ada?

мјаууууу
Член од
4 април 2009
Мислења
490
Поени од реакции
54
Мост преку вечноста - Ричард Бах
Книга која секој би ја прочитал, една животна ситуација и дилеми кои сепак имаат избор кој може да ни донесе среќа. Таа ми е и првата купена книга воопшто од мои пари, која немав срце да ја задржам и ја поклонив на некого кого го заслужуваше тој гест.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Ekart Tol - Nova Zemlja
http://www.4shared.com/get/p0NcWwCR/Ekart_Tol_-_Nova_Zemlja.html;jsessionid=3DF9E115A657F51ACDC8221D93D5FBC6.dc214
Mal izvadok
Ako se zagledamo malo pažljivije u stare religije i
duhovne tradicije čovečanstva, ispod mnogih površinskih razlika
pronaći ćemo dve osnovne ideje oko kojih se većina njih slaže.
Reči koje koriste kako bi ih opisali se razlikuju, ali, ipak, sve one
ukazuju na dvostruku fundamentalnu istinu. Prvi deo te istine je
uviđanje da „normalno" stanje uma kod većine ljudskih bića
sadrži snažan element onoga što nazivamo disfunkcionalnost ili
čak ludilo. Pojedina učenja u srcu hinduizma možda se najviše
približavaju toj disfunkcionalnosti kao obliku kolektivne mentalne
bolesti. Oni to nazivaju maya, veo priviđenja. Ramana
Maharši, jedan od najvećih indijskih mudraca, odrešito tvrdi:
„Um je maya."
Budizam koristi drugačije termine. Po Budinim rečima,
ljudski mozak u normalnom stanju stvara dukkha-u, što se može
prevesti kao patnja, nezadovoljstvo ili, jednostavno, čista
nesreća. On to vidi kao karakteristiku ljudskog stanja. Gde god
da odete, šta god da radite, tvrdi Buda, naići ćete na dukkha-u -
manifestovaće se u svakoj situaciji, pre ili kasnije.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
После долго време ( 10 - 11 години ) земав да читам книга. И тоа книгата на еден од малкуте луѓе кои вредат и кои ги ценам во нашава Македонија - Игор Џамбазов. Книгата "Гол човек" според мене е ремек дело за автобиографија! Препорачувам сите што ја немаат прочитано да ја прочитаат, може да извлечат многу поуки од неа.
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Венчален кум- Мет Дан (некој вид машка верзија од "Сексот и Градот", приказна за машките размислувања на 3 другари.)

Дневникот на Сузан за Николас - Џејмс Патерсон (Преeeeдообра книга, на крајот мислам секој ке заплаче :))

Девојката од Багдат- Мишел Нури (Автобиографска книга, за девојка која е издрасната во Багдад, тука е и нејзината врска со синот на Садам Хусен, нејзините страдања, враќањето во Прага...)


Исповед од харемот - Бранко Миленковиќ

Книга која не се остава, и приказнава се памти засекогаш :)
Всушност е вистинска приказна за белграѓанка која четири години поминува во харем во Дубаи, па Истамбул....
 
Член од
25 септември 2009
Мислења
91
Поени од реакции
10
До сега имам многу, многу книги прочитано, не можам да кажам дека не постојат книги и афтори на истите за вистинска пофалба, но како последна што и Се уште ја читам, книга што ми помогна многу во мојот живот, најдобрата, најживотворната книга на светот, што на секого (на стар, млад, студент, работник...) би му ја препорачала е БИБЛИЈАТА
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Парфем - Патрик Зискинд

Perfume-novel-cover.jpg

Филмот го неам гледано ма да и за него зборуваат дека е одличен ама книгава е страшна!!!!
Се чита во еден здив. Жан- Батист Гренју - главниот лик е толку добро обработен опишан што буквално пред себе можиш веднаш со самото читање да изградиш една слика за изгледот , мирисот и психичката состојба на истиот што истовремено барем кај мене предизвикуваше жал за и од друга страна страв од него. Но ваквите добри описи не се употребувани само при опишувањето главниот лик туку и општо во целата книга и иако обемни воопшто не се досадни и во ниту еден момент нема да посакате да ја испуштите книгата од раце што за мене е еден битен момент кога станува збор за квалитетот на една книга.
 

The_Freelancer

Хиперактивен интелект
Член од
7 октомври 2008
Мислења
438
Поени од реакции
16
Confessions of an Economic Hitman, by John Perkins. Раскажана животната приказна на човек кој, работејќи како економист во Американска корпорација го пропатувал светот,учествувал во одобрување масивни кредити и заеми, поткупување влади и економско поробување на цели народи. Објаснува како функционира модерната економија и која е вистината зад сите тие странски инвестиции и заеми од институции како Светска Банка, ММФ, УСАИД и др.
 

The_Freelancer

Хиперактивен интелект
Член од
7 октомври 2008
Мислења
438
Поени од реакции
16
Од Осака до Дижонска, не сум сигурен сега кој ја напишал, знам дека е Македонец и дека ја опишува неговата лична приказна за бизнисите кои ги започнал и му се урнале бидејќи немал добри врски со власта...
 

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.926
Поени од реакции
839
Би сакал да ја прочитам Тепачки клуб од Чак Паленик можеби некој ја прочитал??
 

Kajgana Shop

На врв Bottom