Книги кои би ги препорачале

Член од
2 август 2008
Мислења
743
Поени од реакции
460
Знаеш ли да чуваш тајна? - Софи Кинсела...Прекрасна книга, стварно, одамна немав прочитано нешто вака добро...Станува збор за една девојка која при еден лет во авион ке помисли дека авионот ке се сруши, и му ги кажува сите тајни (буквално до секој детаљ: кога прв пат имала сексуален однос, се за врската со дечкото со кој треба да се омажи....дури и каков долен веш носи...) на тотален странец кој седи до неа....И заплетот почнува кога ќе испадне дека странецот на кој и кажа буквално ама се за неа е директор на компанијата во која што работи......Прекрасна и доста интересна книга која верувам нема да зажалите ако ја прочитате...

И ај ако може некоја препорака за некоја книга, со така интересни дешавки...Нешто во стилот како погоре споменатата...Да биде интересна битно...Плис, ми се чита нешто добро :helou:
Во чевлите на туѓа жена-А.Паркс
Земи нешто од Ден Браун,еве нека не биде котроверзно земи ја Дигитална тврдина...
Вештицата од Портобело-Коелјо
Времето на лаљињата-Дебора Могах-ја обожавам!!!
Порака во шише од Николас Спаркс и Чекори за сеќавање од истиот писател.
Шолја чај...-Не знам кој ја напишал...
 

knigh†mare

nereklamiraj.com
Член од
7 јануари 2008
Мислења
41
Поени од реакции
8
Секој Македонец би требало да ја прочита книгата:

Александар Македонски од Артур Вајгал
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Секој Македонец би требало да ја прочита книгата:


Александар Македонски од Артур Вајгал
Ја имам читано, но повеќе ми се допадна биографијата на Александар Македонски од еден наш лекар Владан Велков. Таа поголем впечаток ми остави.

Инаку би ги препорачала следниве книги:
-Калеш Анѓа- Стале Попов - интересна книга. Знам дека е лектира за основно ама кога и да ја читам се повеќе се соживувам со неа
-Мирисите на доилката- Божин Павловски- Дејството се одвива во времето на подемот на комунизмот. Кога се вршела национализација и конфискација на имотите.
-Зима во лето- исто така Божин Павловски- многу добра приказна за едно македонско семејство кое живее во Австалија. Главниот лик е едно девојче кое се интеренскира за потеклото и за земјата од која потекнува нејзиниот дедо-писател
-Скандалот во Чешка- Артур Конан Дојл- збирка на авантури со легендарниот Шерлок Холмс:smir:
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Магдалина од Анџела Хант.
"Ова е прекрасна фантастична, динамична, а во исто време контоверзна книга за сите оние кои сакаат приказни со историска подлога и историска фикција, во кои има доволно актуелни моменти за да ја приближат приказната и го задоволат апетитот на современиот читател со храна за мислите."

Навистина прекрасна книга, која се чита лесно и во еден здив. Крајот е претрагичен и ме остави замислена и гневна неколку денови после читањето. Ја препорачувам ептен.:pipi:
 
Член од
6 септември 2008
Мислења
43
Поени од реакции
1
„Мемоарите на Гејша“ , кој ја нема нека ја прочита, убава е, авантуристичка... И сега ме чека П.С Те сакам, али стварно ќе почека :) пошто сум у фрка...
 

~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
120
Azbuka za Neposlusnite, Venko Andonovski...e znaci mnogu go sakam be:)
I momentalno ja citam Of Mice and Man, John Steinbeck..topla preporaka za dvete, posebno za prvava...alal da mu e!
 
Член од
6 септември 2008
Мислења
43
Поени од реакции
1
Единствената сопруга, празник за розите, Вероника реши да умре... се доста интересни книги, ви ги препорачувам ако не сте ги читале.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Случај патоказ од Ијан Пирс.

Во романот "Случај патоказ" на Ијан Пирс се испреплетуваат историја, уметност, загатки, криминалистички елементи, филозофски размисли. "Романот е спој на вистинско уживање какво што нуди Агата Кристи и интелектуалната префинетост на Умберто Еко" истакнува Сандеј Тајмс.
Дејството е сместено во средината на седумнаесетти век во Оксфорд, во средина на многу интелектуални, научни и верски превирања. Во таков немирен контекст се случува едно убиство за кое е обвинета младата Сара Бландли.
Во "Случај патоказ" Ијан Пирс си поигрува со раскажувачката ситуација. Истото убиство го опишуваат четворица сведоци со различна професија, потекло, светоглед и интереси. Романот се склопува како сложувалка во која секоја приказна е по едно парче. Целината на исказите доведува до неочекуван пресврт и исход каков што не се очекува...
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Кодон на Давинчи и Ангели и Демони :wink:
 
Член од
22 септември 2008
Мислења
38
Поени од реакции
0
миљенко јерговиќ - се` што ќе ви налета од него. опишува случки, доживувања и размислувања на ликови од бивша југа, и тоа на начин на кој стварно никој неможе да му остане рамнодушен. језиво сатиричен, комплетна читачка уживанција. ако морам да препорачам - други пољубац гите данон - раскази.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379
Во чевлите на туѓа жена-А.Паркс
Земи нешто од Ден Браун,еве нека не биде котроверзно земи ја Дигитална тврдина...
Вештицата од Портобело-Коелјо
Времето на лаљињата-Дебора Могах-ја обожавам!!!
Порака во шише од Николас Спаркс и Чекори за сеќавање од истиот писател.
Шолја чај...-Не знам кој ја напишал...
Хммм интересен избор.. Поготово последните четири.
Вака инаку да прашам некој пациент по романи со романтична содржина некоја препорака за книга. Нешто во стилот на Времето на лалињата, Николас Спаркс или Даниела стил (Исчезнат)?
 
Член од
24 август 2008
Мислења
1.120
Поени од реакции
163
Во чевлите на туѓа жена-А.Паркс
Земи нешто од Ден Браун,еве нека не биде котроверзно земи ја Дигитална тврдина...
Вештицата од Портобело-Коелјо
Времето на лаљињата-Дебора Могах-ја обожавам!!!
Порака во шише од Николас Спаркс и Чекори за сеќавање од истиот писател.
Шолја чај...-Не знам кој ја напишал...
Би требало ова да е книгата која шо мислев да ја напишам.На кратко само ми ја раскажаја,ама никако да најдам време да ја прочитам,а интересна изглеат...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom