- Член од
- 10 февруари 2008
- Мислења
- 3.947
- Поени од реакции
- 2.060
Значи имам еден пријател на фејсбук и секојпат ми го прави истиот клише муабет, нејсе, она што успева секогаш да ме извади од такт е реченицата "...шеташ некаде?". Мислам стварно
-Кај си се изгуби.... (све јас се губам чудно, зошто не кренеш слушалката и да видиш каде сум изгубен)
-Враќај се побрзо, ладно е надвор не мрзни (Идам на кафе. Кафе се пие во кафич во ЗАТВОРЕНА просторија, нема каде да мрзнам -.-)
-Те мислам, само гледаш да излезеш, ништо немаш јадено... (По 15ти пат...имам пари, ќе јадам во град)
-Стани од компјутерот само си играш... ( Секое седење на PC се дефинира како играње....проект за на работа, или проверка на некои ствари за на факултет не постои...)
-Да прошетаме, па ќе се вратиме...(Финта кога треба да купиш нешто и премина во секојдневие...
Некои навистина сакаат да прошетаат, ама некои за да се откачат ќе го кажат тоа...
Незнам каде е отворениот разговор и зборот „Не ми се допаѓа, ќе побарам на друго место“.)
-Седи бе, ќе спржиме нешто... (Едноставно ми е одвратна како фраза...)
-Кај си бе брааааат (Со презир фразава....)
-Како си помина на факултет? (Прекрасно, фасцинантно, брилијантно, едвај чекам да одам пак...)
-Ми јавува некој ерор PC-то, дојди среди го....
Каков е? Па незнам со црвено такво...
(Е од ова ми се гади.... )
-Волку волку фрази.... (Веќе незнам што да кажам за ова...освен дека подебилно нешто од таквите фрази, и самата реклама...нема...)
-Како да симнам филм преку торент?
(Goooooogleeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeee + Youtubeeeeeee)
- Што е тоа крак и како се става?(Google Again)
-Комшиката: Кај одиш? Со кој ќе одиш? Што ќе славите? До колку ќе славите? Кога планираш да си доаѓаш?(Извини комшике во Интерпол да не работиш?)
Или неговата пократка замена: Затоа.-Зошто?
-Така треба. (со смирувачко убедителен тон, као све сега објасни)
Да се каже нешто де... Мора од негде да почне муабетот. Тапа ми е кога е штама, ако треба и прв го почнувам таквиот муабетНајглупи ми се клише муабетите со таксистите за времето, какво ќе било времето, дали залади или затопли. Поглупо од тоа неам видено. Поарно ќути си