Ќе ги поделам у неколку категории.
1. Коментари на слика на фб, најчесто од женска страна:
- Лепотаааааааа -
- Фала срце <3. Шо бе фала, мајке ти ?
- СрцуФце мое, те сакам највише, знаеш ? Истата особа која го напишала коментаров, ќе му направи copy-paste на уште 5-6 слики од други пријатели.
- Знам срцу6, и ја те сакам. Бре, бре.
2. На свадба или некоја друга пригода кога ќе се собере цела фамилија:
- Не дека се наши, ама глеј ги најубави се.
-Леле колку си пораснал, откога не сме те виделе, па ти више зрел за женење си. Ма немој да ме јебеш бре (copyright, Кили)
3. Кога зборувам со мајка ми, нешто што највише ме нервира
- Кај беше синојка ? Прво прашање кога ќе се разбудам.
- Ааа кај се наоѓаше тој локалот кај што бевте, кај поштата, а ? Да да таму е (а тој на некое 10 место, али нема везе)
- Знаеш треба да мислиш више кај ќе идеш на факултет. Аман бе, уште средно неам завршено, има време.
- Ај сврти на Канал 5, има Султанот . А ја таман сум загледал нешто интересно и кога ќе речем не вртим, следи одговор:
- Ајде иди у другата соба, имаш и таму телевизор. Е зш ја да идем ?
4. У школо професорите:
- Иде крај година, поправајте оценките, зошто после нема поправање. Најстрашно е што ова најчесто го зборуваат април/март, а до крај година има уште 2 месеци.
- Си попуштил многу годинава, изгледа заљубен си.
- У ____________________(пишите било кој ден), тест. Ова е најомразена реченица кај сите основци/средношколци.
Има уште многу, ама ме мрзи да пишуем.