Oкеј, ќе ги поделам во 2-3 категории-
Категорија 1: Кога свирам гитара.
*свирам мадафаќин тешки солажи*
*ме стопират*
-Ајд исвири ја *турбофолк песна*, не ми се прави овде ГИТАРИС.(да без т)
-Е шо знаеш песни шо никој не ги знае. Јес офкорс, си свирам за мој мерак, не за твој.
-Брат, не те бива. Епа шо си дошол да ме слушаш, а тоа ми го имаш кажано 10000000 пати?
-А, ти незнаеш по ноти да свираш? Незнам, а несакам ни да знам.
Категорија 2: Компјутери
Брат, имам проблем со компјутерот.. Океј имај, кој ти брани.
Ќе ми го форматираш компјутерот? Да, ќе ти го форматирам за едни истоени наполитанки и бесплатно такси до дома. Само тоа ми е важно во моментот, ништо друго!
Абе дај некој антивирус. Незнам шо им е тешко да изгуглат -free antivirus download-.
Он/а:Брат имам проблем со компјутерот.
Јас: Шо му е?
Он/а:Незнам.
Да, јас сум Нострадамус, сега ќе предвидам шо ти е проблемот на компјутерот. Немора ништо да ми кажеш.
Он: Абе, брат зошто не ми ја отвара ФИФА 2012?
Јас: Колку години ти е компјутерот?
Он: 8 години, или 9. Мош и 10 години. ОД КАЈ ДА ЗНАМ.
Е шо ти очекуваш на праисториски компјутер да играш Фифа2012?
...абе мене не ме занимат тие компјутерски глупости.. Да, мене ме занимат и сега јас сум ти техничка подршка.
Абе од каде знаеш толку? Абе има една страна Google се вика, од таму знам се.
*пред да му форматирам компјутерот*
Јас:Се да ти избришам или?
Он/а: Да, се.
*после форматирањето*
Oн/а: А кај ми се сликите?
Абе сликите ти се у пичку матер па лево, па рече се да избришам.
Абе брат, бавен ми е компјутерот. Еве сега ќе дојдам јас, ќе ти го убрзам беспари, ќе ти ја сменам РАМ плочката од 256мб со 2гб, и процесорот ќе ти го сменам, сега ќе ти го убрзам твојот праисториски компјутер.
Категорија 3: Обични муабети
*доаѓам дома*
Мама: Кај беше?
Јас: Во *локалот кај што сум бил*.
Мама: Со кој?
Јас: Со *тој шо сум бил*.
Мама: Шо пиеше?
Јас: *тоа што пиев*.
Мама:Да не правеше глупости?
Јас: Не.
Мама: Добро.
Тоа што ќе ми го речат го правам (првата реченица), а после неколку недели ми се враќа со 2рата реченица.
Земи јади, слаб си.
Не јади толку многу, дебел си.
Излези надвор малце.
Што толку се задржуваш надвор?
Спиј повеќе!
Е шо сега ми стануваш у 2 саатот, попладне?
Фрази шо ме замарат:
Tи се седиш дома!
Излези малце!
Дојди си дома!
Шо гледаш?
Да бев на твое место..
Не се замарај со компјутери..
Зашо немаш женска?
... to be continued