Кладилница (Генерална дискусија)

N

Nicky Santoro

Гостин
Леллеле :tapp:
На крајот ќе испадне дека законот за наше добро бил за дасе одкажеме од коцката :pos:
Па доколку пропадне законов(што нема шанси) може и во кампањите да го користат ова како за наше добро пробувале да не исправат на прав пат.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
508
Поени од реакции
130
Aj koj igra online ako moze po pp da mi pise..se raboti za usluga

Sent from my HTC One using Tapatalk
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Во ред тоа многу јасно дека сега земаат и од нив и од нас и тоа ако ме прашуваш мене не е во ред. Муабетот беше дека ако веќе решиле да земаат нека им го зголемеја данокот на кладилниците или нека смислеја нешто друго, ама добивката нека не ја гибаа. Ама како што ми личи ова врска нема со добивката туку со кладењето како појава. Нешто слично како со пушењето. Некој смета дека тоа е лоша работа па малце да удриме а успат и некој денар ке собериме.

Ни една забрана не донела некоја драстична промена кон подобро. Така само може да се зголеми кладење на црно и тогаш пари место во државниот буџет да одат кај одредени поединци. Прохибицијата во америка во 20тите ти е најпознат пример за тоа.
Ако е лоша навика и ако сакаат да ја искоренат сигурно има многу други начини за тоа.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.906
Поени од реакции
23.312

Добивам впечаток дека сте на мислење како нешто го бранам законот.
Ете за да нема недоразбирање и дека сме на иста фрекфренција тука ке ви напишам со големи и болдирани букви
ЗАКОНОТ Е ГЛУП И БЕЗВЕЗЕН
ете така
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.350
Законов ако не им текнал под дејство на алкохол еве на.. па само човек што не размислува може да помисли дека законов е логичен.
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Добивам впечаток дека сте на мислење како нешто го бранам законот.
Ете за да нема недоразбирање и дека сме на иста фрекфренција тука ке ви напишам со големи и болдирани букви
ЗАКОНОТ Е ГЛУП И БЕЗВЕЗЕН
ете така

Не бе искрено не добив впечаток дека било кој го брани законот :) Те цитирав повеќе за да се надворзам на претпоставките дека може мислат дека треба да го искоренат кладењто и начинот на кој тоа да направат.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.906
Поени од реакции
23.312
Не бе искрено не добив впечаток дека било кој го брани законот :) Те цитирав повеќе за да се надворзам на претпоставките дека може мислат дека треба да го искоренат кладењто и начинот на кој тоа да направат.
Па реално и така некако иди работата. Ако им беше за пари или за данок има многу поедноставни начини да си ги соберат конкретно од кладилниците. Вака директно маваат кај тие што играат и тоа онаму каде секој најповеќе го боли, по добивката или по парите. Логично е да се заклучи дека тоа им е намерата.
Можеби не е тука место но истото го направија и со цигарите. Производителите ги субвенционаираат, а конзументите ги санкционираат и деградираат на секој можен начин.
Е сега и тука ке се најди некој( не баш тука на оваа тема пошто никој освем тие што се кладат не навратува во оваа тема) што мудро ке заклучи дека тоа е хазардна игра и дека лошо влијае врз незнам што и бла бла бла и дека ова требаше многу порано да го направат. Секој со маката што би рекле, но крајниот заклучок според мене нема врска со данокот туку со кладењето.
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Требаше овие Енглзиве конференција 2 + прво да се играат.
 
Член од
17 јуни 2012
Мислења
1.934
Поени од реакции
2.438
уф брее како не ги играв у систем англискиве 3+прво маме му..ги пишав 5+
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Па реално и така некако иди работата. Ако им беше за пари или за данок има многу поедноставни начини да си ги соберат конкретно од кладилниците. Вака директно маваат кај тие што играат и тоа онаму каде секој најповеќе го боли, по добивката или по парите. Логично е да се заклучи дека тоа им е намерата.
Можеби не е тука место но истото го направија и со цигарите. Производителите ги субвенционаираат, а конзументите ги санкционираат и деградираат на секој можен начин.
Е сега и тука ке се најди некој( не баш тука на оваа тема пошто никој освем тие што се кладат не навратува во оваа тема) што мудро ке заклучи дека тоа е хазардна игра и дека лошо влијае врз незнам што и бла бла бла и дека ова требаше многу порано да го направат. Секој со маката што би рекле, но крајниот заклучок според мене нема врска со данокот туку со кладењето.

Абе има многу начини за полнење на буџет, само кај нас се измешани приоритетите. Ете нека ги уклучат камерите што ги ставија по семафори и нека казнуваат говеда што шибаат со 120 у сред град и проаѓаат на црвено и со тоа загрозуваат безбедност. Ем ќе се полни каса ем ќе направи и услуга на народот. Само приоритетите се измешани.
 
Член од
5 октомври 2012
Мислења
1.957
Поени од реакции
1.171

Kajgana Shop

На врв Bottom