Кино сали во Македонија (Cineplex, Шминеплекс и се останато)

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.679
Поени од реакции
14.562
Побрзо решавам равенка него што прочитав што значи Суасајд Скуод :pos:
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Deepwater Horizon 6.10
Desierto 27.10
The Girl with all the Gifts 27.10
Middle School 03.11
Hacksaw Ridge - 10.11
Fantastic Beasts and Where to Find Them 17.11
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Во среда во Синплекс картите ќе се 100 за сите филмови...Го гледаше некој Magnificient 7, меѓу него и Miss Peregrine Home... се мислам.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Имав мн лошо искуство со Синеплекс.

Ги сменија салите откога купив карти (еден ден порано).
Глупите шефчиња таму не отпечатија нови карти туку ни рекоа чекајте да си купат тие денес, па празните места за вас што сте купиле ден претходно!!!
И ни доделија места на лифче запишани.
И како што може да се претпостави ги продадоа и тие седишта, па дојдоа луѓе со карти од место да ме стануваат.
Па тепачка ќе излезеше.
А јас со карта ден унапред купена да се чувствувам како крадец без пари што се шлепа у кино!!!
Срамота.
Им пишав и мејл на мајката фирма Синеплекс од Австрија, да видат какви шупци тука им ја водат.
Кај се и најскапо ќино, и тинејџери галамџии полно, па и вакви работи...
И од тогаш можат тилот да ми го видат.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.745
Поени од реакции
27.744

Длабоко жалам за Вашето лошо искуство со Синеплекс.
Јас досега сум немал нешто вакво и се надевам дека ќе немам.
Последен пат едно муле маж и една ретардирана жена ни ги беа зафатиле столчињата и кога и реков да стане ми вика „одете станете ги тие што мене ми го фатија местото“????
Жено, оди самоутепај се, стани си ги сама... има среќа што другаров е душа и успеа некако да ме смири и да седнеме на тиња места а исто така има среќа што не беа у близина вработените.
Ќе беше скандалозно да не беше другаров.
А мажов муле скапано си седи си ќути оваа ми се расправа.
Додуша, он под мустаќ ко да и викаше да станат ама оваа не бре брате.
Уф, кај се потсетив на ова, толку ме напна лелелле фацата у менгеме.
Среќа и релативно небитен филм беше, Life of Pets
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Во среда во Синплекс картите ќе се 100 за сите филмови...Го гледаше некој Magnificient 7, меѓу него и Miss Peregrine Home... се мислам.
Па до душа ни едниот ни другиот не е ептен јака опција :D Ако си по вестерн глеј го првиов, ако си по Јанг Адлт филмчња глеј го вториов. Ја ни по едниот ни по другиот не сум :D

Би ти го препорачал Магнифисент Севн
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.211
Поени од реакции
10.251
Jesen Samuraja од 10.11 во Шминеплекс. (најгледаниот српски филм за 2016 година).

Туку не знам кој им е филмот со онаа лајнарија од The Girl in the photographs што ја ставиле за давање. :tapp:
Чешкиов овогодишен кандидат за Оскар тамам се наканив да го гледам го тргнале од репертоар по само 5,6 дена прикажување. :tapp:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.305
Поени од реакции
38.059
Чешкиов овогодишен кандидат за Оскар тамам се наканив да го гледам го тргнале од репертоар по само 5,6 дена прикажување. :tapp:
Па ако никој не купил ни карта што ќе им зафаќа сала? Нашиов, Златна петорка кога го гледав, само петмина бевме во салата, и зошто да го чуваат? Fire at Sea, италијанскиот кандидат за Оскар и освојувачот на Златна мечка во Берлин годинава исто така само неколку дена им беше на репертоар. Ете го сега мексиканскиот кандидат за Оскар, Desierto, кој одамна е излезен на торенти, јас го гледав уште пред скоро месец, а од вчера е на репертоар во Синеплекс. И тој за неколку дена ќе го тргнат, ќе видиш.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.211
Поени од реакции
10.251
Па ако никој не купил ни карта што ќе им зафаќа сала? Нашиов, Златна петорка кога го гледав, само петмина бевме во салата, и зошто да го чуваат? Fire at Sea, италијанскиот кандидат за Оскар и освојувачот на Златна мечка во Берлин годинава исто така само неколку дена им беше на репертоар. Ете го сега мексиканскиот кандидат за Оскар, Desierto, кој одамна е излезен на торенти, јас го гледав уште пред скоро месец, а од вчера е на репертоар во Синеплекс. И тој за неколку дена ќе го тргнат, ќе видиш.
па ко не знаат да следат што излегло на торент. Скоро цела година пуштаат филмови што веќе ги има на торент месец дена пред да ги донесат во кино. :mad:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.305
Поени од реакции
38.059
Читав од многумина незадоволни кои имале лоши искуства со Синеплекс, ама до сега не верував дека е можно некој да има лошо искуство со професионалци како нив. Сепак, можело.

Пред две недели купив влезници во износ од 480 денари кои ги платив со платежна картичка зашто на бонус картичката имав само 180 денари кои сакав да ги сочувам за подоцна, за некогаш кога ќе одам сам, и за поевтина проекција. Со 180 денари секако не можев да платам ни една од влезниците. Си отидов дома, чекав 3-4 дена, ни бонус поени ми се појавија на картичката, ни бутур. Им пишав mail на киното. Ми вратија по два-три дена со одговор да сум го препрател ЈАС mail-от на друга адреса, нешто bonuscard@cineplexx.mk (наместо сами да си ги исправат грешките). Ај, го препратив, не им одговорив ништо. Чекам недела дена, пак ништо. Им пишав уште еднаш. Пак чекав три-четири дена и дури денес, со одговор - бидејќи сум имал 180 денари на картичката, а не сум ги искористил нив, туку сум платил со платежна, не се префрлале бонус поени во тој случај (ова ни некој ми го кажа, ни пак го пишува некаде. Ниту пак некој ми кажа дека сум можел да искористам 180 денари од бонус картичката, а остатокот да го платам со платежна (иако не сум уште сигурен дали е возможна и оваа опција)). Значи кој професионализам! Ми пишале уште: следниот пат кога ќе дојдете во кино, можете да си ги искористите тие 180 денари и ќе ви се впишат поени. Многу се изнервирав. Не за 480 мочани бонус поени од кои секако нема да видам ќар, туку за тоа дека ме прават будала. Нормално дека им пишав пак, за да знаат колку се професионални и да знаат дека веќе нема да ме видат! Тие 180 денари од картичката нека си ги напикаат в газ! Кретени со тапија!

И сериозно мислам дека нема веќе да ме видат во Синеплекс. А според истражувањата, за едно лошо искуство на муштерија, дознаваат во просек од 5-10 други, па на крај од одговорот им посакав, искрено, да им успее кино-приказната, но дека со вакви лоши политики на водење со киното, се сомневам во тоа. Плус, нека ги качат уште малце цените, ќе им бидат 100% полни салите.
:mad::mad::mad:
 
B

Blade Torch

Гостин
Испод 240 денари (во Вторник) не можеш да изгледаш филм во Синеплекс шо го има само 3D, која перална се значи. Ако го давале филмот и 2D и 3D, последните недели од прикажување обавезно само 3D го има...

Па и новитет имале, +10 денари за филм над 2 саата. 10 денара бе:pos:
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom