Читав од многумина незадоволни кои имале лоши искуства со Синеплекс, ама до сега не верував дека е можно некој да има лошо искуство со професионалци како нив. Сепак, можело.
Пред две недели купив влезници во износ од 480 денари кои ги платив со платежна картичка зашто на бонус картичката имав само 180 денари кои сакав да ги сочувам за подоцна, за некогаш кога ќе одам сам, и за поевтина проекција. Со 180 денари секако не можев да платам ни една од влезниците. Си отидов дома, чекав 3-4 дена, ни бонус поени ми се појавија на картичката, ни бутур. Им пишав mail на киното. Ми вратија по два-три дена со одговор да сум го препрател ЈАС mail-от на друга адреса, нешто
bonuscard@cineplexx.mk (наместо сами да си ги исправат грешките). Ај, го препратив, не им одговорив ништо. Чекам недела дена, пак ништо. Им пишав уште еднаш. Пак чекав три-четири дена и дури денес, со одговор - бидејќи сум имал 180 денари на картичката, а не сум ги искористил нив, туку сум платил со платежна, не се префрлале бонус поени во тој случај (ова ни некој ми го кажа, ни пак го пишува некаде. Ниту пак некој ми кажа дека сум можел да искористам 180 денари од бонус картичката, а остатокот да го платам со платежна (иако не сум уште сигурен дали е возможна и оваа опција)). Значи кој професионализам! Ми пишале уште: следниот пат кога ќе дојдете во кино, можете да си ги искористите тие 180 денари и ќе ви се впишат поени. Многу се изнервирав. Не за 480 мочани бонус поени од кои секако нема да видам ќар, туку за тоа дека ме прават будала. Нормално дека им пишав пак, за да знаат колку се професионални и да знаат дека веќе нема да ме видат! Тие 180 денари од картичката нека си ги напикаат в газ! Кретени со тапија!
И сериозно мислам дека нема веќе да ме видат во Синеплекс. А според истражувањата, за едно лошо искуство на муштерија, дознаваат во просек од 5-10 други, па на крај од одговорот им посакав, искрено, да им успее кино-приказната, но дека со вакви лоши политики на водење со киното, се сомневам во тоа. Плус, нека ги качат уште малце цените, ќе им бидат 100% полни салите.


