Кинеските моторчиња

Член од
20 ноември 2005
Мислења
614
Поени од реакции
64
Aprilia си е aprilia ......
кај може да споредуваш..кинези со итаљанка :nenene:
 
GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
Едно време викаа и за корејците така, па еве каде се денес корејците во светот со автомобилизам/моторциклизам.

Chevrolet (Daewoo) и KIA/Hyndai прават поквалитетни коли од француските што се сега на пазарот :uvo:
 
Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Ај не заебавај сега и ти. Секој што имал Априлиа знае зошто чини толку. Исто како и секој што имал БМВ или Мерцедес.

Не може да се спореди ни во квалитет на машина, ни во квалитет на делови и материјали, ни во квалитет на целосна изведба. Вози една сезона Априлиа и седни на кинеско, ќе ти биде ко точаче, шупливо, лесно, ко играчка.

Сега, пошто имаш кинеско мора да си го браниш, ама реалноста е малку подруга. Не дека кинеските не вршат работа, за таа цена се џабе, што се вика да го возиш две сезони и да го фрлиш се исплати, ама Априлиа вреди до последното евро.
Види не викам не за Априлиите. Дизајн имаат ептен добар, влечат држат гз голем и све тоа ама ај искрено кажи нели е малце пренадувана цената? 2700 евра 50кубика, ти Јамахата 1000+ кубика за колку пари ја купи? Ај биди реален и кажи зашто 90% купуваат априлии? Да ги тјунираат со незнам какви све курчевини и карики и да им трошат 6-7 литри бензин?
Знам некои дечки шо се заебале така и што сега се каат, затоа што можеле да си купат r1 или gsxr за парите што ги фрлале по веспите.
Само да имам кинез и си го бранам, затоа што го земав со одредена причина т.е. да ми брка работа за до ваму до таму:) и од брзината сум презадоволен...не мислев дека ќе влече по водно двајца(да се разбереме едниот имаше 80 кила:)) и шо повеќе треба да барам од 150 кубика мотор?
 
Член од
3 мај 2008
Мислења
601
Поени од реакции
7
ej znae li nekoj kade mozat da se nabavat dizni za karburator br.64
 
kamiSKaZI

Io Sono Interista
Член од
31 јануари 2007
Мислења
543
Поени од реакции
34
Абе луѓе, ако ви е за до ваму-таму и да во троши 2-3 литра земете си 150 кинез и ич к да не ви чуе :) Не се можеби квалитетни колку Кимко ама за тие пари боље здравје. Ја иам 125ка Баотиан 4тактна, како и мои 3 другари. Мука си немаат. Јас иам 4000 поминато, а другар ми 6500 и до сеа освен редовен сервис, баш ништо се нема расипано, на 3те!!! Освен некои ситници. Јас бев крив за гумата задна што ја заебав па ја мењав и што му стаив нови гумици на држачот за ауспух, и дихтунгот од граната, ради мавање у дупки. Освен тоа ама баш ништо. Можеби знае некоја пластика да се растропа ама имаш штрафцигер и ОП. свршена работа :) Уште еднаш ке ви кажам, за тие пари боље здравје. Многу ке ти биде гајле дали ке ја паднеш или ке ја изгребеш. 2 Год ги возиме до даска, и не глеам нешто дека ке се смени у скоро време. За наши услови и наш стандард, за до ваму-таму ги препорачувам !
 
GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
Да купваш скутер од 150 кубика и да полагаш за тоа А категорија и регистрации секоја година, мора да ви фали некоја даска!

Се знае 50 кубика, рает од цајкани и регистрација и ти троши 2-2,5 литри со 40-45 ако возиш!
 
kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201

ти да возиш 40-45 да видиш како е.:glup!:
 
Co.oL

мафеЗ друарЧе ауФ
Член од
3 април 2008
Мислења
27
Поени од реакции
3
Мало резиме

Значи решение за вожња до овде до онде е:
Нов кинез до 50 кубика 4 тактен, да ти прави ќеиф (визуелно), да гледаш да дадеш што помалку пари за купување и редовно да го сервисираш. И Најверојатно моторот ќе трае додека ти трае желбата за возење воедно и потребата.

Е сега дали ќе може да се даде една рамка насока или сугестија да се издвои само едно нов модел на моторче од кинезите: Кивеј, кумко, генерик,хуосунг или уште по анноун од овие претходниве за до максимум 1000 еврејки (ептен ако небива плус уште 100) а да ги исполни горенаведениве критериуми.
Кој би бил херојот што ќе го каже кое е тоа моторче.:uvo:
 
кул, со точка на средина, 4 тактен 50кубичен кинез е спор ко 2 желки заедно. ама чим си запнал, еве ти совет.
кимко не спомињам, пошто се прескупи. од старт елиминирај. кивеј и џенерик немаат четворотактни пеески.
е сеа, има едни баотиан, копии на пежо v-clic, ама е ептен мало... како и да е, ги застапува твоите критериуми...
50цц-checked
4 такт-checked
кинез-баотиан-checked
под 1000 евра, поточнно околу 700-checked

а кога сме тука, мислам дека и самото пежо ве-клик е 900 евра. сеа ќе најдам и слики и ќе го закачам. јас го имав возено пежото, убаво иде. ама споро :(
edit-

еве го пежото. а и те советувам да тркнеш до порта влае.. на средина од зградите има една продавница за моторчиња(номинал се вика, гледа на партизанска) кинески, баотиан, мислам дека таму ќе си најдеш моторче какво што бараш за ефтини пари. ем ќе те служи...
се надевам задоволен од одговорот. биди ми поздравен и умен иден моторџија. носи кацига.
 
Член од
20 ноември 2005
Мислења
614
Поени од реакции
64
Пежо е гомно од скутер...особено јет форс...на 1000 km меле...ко воденица:pos2:
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Значи решение за вожња до овде до онде е:
Нов кинез до 50 кубика 4 тактен, да ти прави ќеиф (визуелно), да гледаш да дадеш што помалку пари за купување и редовно да го сервисираш. И Најверојатно моторот ќе трае додека ти трае желбата за возење воедно и потребата.

Е сега дали ќе може да се даде една рамка насока или сугестија да се издвои само едно нов модел на моторче од кинезите: Кивеј, кумко, генерик,хуосунг или уште по анноун од овие претходниве за до максимум 1000 еврејки (ептен ако небива плус уште 100) а да ги исполни горенаведениве критериуми.
Кој би бил херојот што ќе го каже кое е тоа моторче.:uvo:
Највероватно желбата за возење ке ти помине при првиот редовен сервис кога ке ти побараат 2.500 денари за менување масло и филтер.

Инаку Меи Дуо има 50цц четири тактни, и тоа доста добри за возење не повеќе од 40 низ град. Види ги и Јин-Лин, имаат 4 тактни, ама веза неам дали имаат 50 кубици.
 
Па добро, досега фала за брзите солидни одговори, меѓутоа овие карактеристики на идниот ми мој мотор ги креирав врз основа на досегашните постови што ги прочитав. Денес разбрав од продавачката во една моторџилница дека разликата од 2 и 4 тактен скутер е во брзината и радо би се откажал од таа особина(тактот, нели). Неа ја ставив во врска што немора да се додава уље нели тоа ми личи малку на застарена работа па затоа.(БТВ деновиве почнав да ја истражувам оваа област па затоа сум нов и ќе мора да ми извините за грешките).
Е да би додал дека несакам да брчи (барем најтивко што може).
Hyosung RACING - SF50B гледам во диро е 1090 евра па штознам.:icon_conf
Ова кимко агилити 50 се наоѓа за 1250 евра па незнам дали вреди да ја преминам границата за уште 150 евра.
А интересно видов во Шпиц весников на насловна има реклама Бротхер 50цц и принтер 40.000 ,а ја па у канцеларија имам таков принтер и од негу сум многу задоволен :toe: ама за таков мотор првпат слушам. :motor:Сурфнав и на гугле и не ми даде ништо за таква раса на кинез, ај ќе вртам телефон па ќе ми кажат.
Па така...
а со модифицираниве особини што ќе ми кажете :3:
 
kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
Највероватно желбата за возење ке ти помине при првиот редовен сервис кога ке ти побараат 2.500 денари за менување масло и филтер.

Инаку Меи Дуо има 50цц четири тактни, и тоа доста добри за возење не повеќе од 40 низ град. Види ги и Јин-Лин, имаат 4 тактни, ама веза неам дали имаат 50 кубици.
какви 2500!? 4 ер шестки ќе носи на сервис?! мене за прв сервис во априлија ми земаа 650 денари. не го вади од такт чоекот.

@кул. ни ти незнаеш што сакаш, мислам. сакаш да се ебеш, неќеш да ти влезе.
ако од претходниве постови ти не го оформи твојот став, незнам кога ќе го оформиш. ти надробивме, посоливме, уште да го голтнеш е работава...
среќно во твоето патешествие. место купувањево ко леб да ти биде, ти ко поред сцила и харибда да минуваш за да земеш скутерче ебаго. олабави.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
какви 2500!? 4 ер шестки ќе носи на сервис?! мене за прв сервис во априлија ми земаа 650 денари. не го вади од такт чоекот.

@кул. ни ти незнаеш што сакаш, мислам. сакаш да се ебеш, неќеш да ти влезе.
ако од претходниве постови ти не го оформи твојот став, незнам кога ќе го оформиш. ти надробивме, посоливме, уште да го голтнеш е работава...
среќно во твоето патешествие. место купувањево ко леб да ти биде, ти ко поред сцила и харибда да минуваш за да земеш скутерче ебаго. олабави.
Е незнам колку р6-ки ке носи на сервис... Ела во Битола ке те однесам во овластен сервис за макабо, па ке правиме муабет. Да видиш дали земаат или не земаат.

@Kul... Овие брадерс незнам колку се квалитетни, стварно се ептен чкљ... немој да се залетуваш, колку толку останатите што ги спомена Хјосанг или Кимко, горе долу ги има, се возат и има овластени сервисери за недај боже. Тоа брадер ако се заеби нешто, толку од него. Највероватно нема овластен сервисер а можи и деловите да се по нарачка, па внимавај и не се залетувај. Разликата од 150 евра не е голема, и можиш со еден дефект да се праиш пишман за бродерс.
 
Член од
20 ноември 2005
Мислења
614
Поени од реакции
64
Зар до сега немате приметено дека сите кинески 125 ки се иста машина ...само различни пластики...и фирми..вклучувајки и генерик....
Сум си има своја машина тоест хонда....кеевеј...своја....со толку баотиан..јијинг..хаоминг....кога се исти.,...бирај изглед....само

Него ова Kymco SUPER 8 125 4T галиба брзицко е ....ми се држеше денес едно до кај 50 хахахахаха
 
Kajgana Shop

На врв Bottom