Инаку сите информации за островото ги добивам тука
http://www.putovanja.info/forum/forum/107-kefalonija/
Kаков форум за туризам имаат Србите, страшно. Ми остана да прочитам уште некоја страна и ќе ми остане прочитан цел подфорум од 4000 поста (ЛОЛ). Добро, лани за Лефкада поминав околу 9000 и кусур поста на истиот форум.
Можам да кажам дека прилично се потковав со „знаење" теоретско, сега здравје само, уште во пракса да уживаме... Знам дека е малку 8 ноќевања за остров како Кефалонија, ама ќе гледам да поминам барем 10-тина плажи и плус Мелисани езерото, сакам да се качам на Ainos (има прекрасен пат скоро до врвот), да го поминам градчињата...
Него
@macgowan, гледајќи на слики и видеа мене повеќе ми се допаѓа Fteri плажата него Миртос. Е сеа или ќе мора да платам да ме однесат со чамец од Zola (12-15 евра повратно од човек, се договараш кога да те земат) или да изнајмам сам чамец за двајца (50 - 60 евра плус бензин), со тоа што со чамец ќе можам да ги поминам и другите ували таму (Kamari, Pano Fteri, Ammidi...). Или да најдам некои срби од тој форумот, па заедно да изнајмиме чамец.
Еве ја Fteri и околината, видеото е од член на форумот.