Кефалонија - најголемиот јонски остров

Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Како еден од најголемите острови во јонскиот архипелаг, Кефалонија воедно претставува и еден од најинтересните острови во јонското море. Главен град на островот е градот Аргостоли, во кој воедно живее и една третина од тамошното население. Тој е одлично поврзан со сите негови делови и туристички места кои ги има на сите страни од островот. Претпоставките за потеклото на името на островот, водат од истоименото митолошкото суштество "Кеафалус", преку обликот на самиот остров, па се до самиот факт кој вели дека тоа од секогаш претставувал главен остров на оваа група на острови.
Неговата површина зафаќа 904 км2 на која денес живеат околу 40.000 жители. На исток од Кефалонија се наоѓа познатиот остров Итака кој е одделен од него со природен морски канал во должина од 9 км и широчина од 2 до 5 км, на југ е островот Закинтос, а на север веќе познатата Лефкада.


Климата на островот е средоземна со долги и топли лета и благи и дождливи зини. Рељефот е воглавно карактеристичен со брдовит и стрмен предел и со не многу изобилна вегетација. Главна карактеристика се сепак убавите ували и заливи кои образуваат прекрасни и песокливи плажи. Плантажите со маслини, винова лоза, агруми и овошје се најубавите надополнувања на природно убавите предели. Археолошките локалитети сведочат за неговата богата историја која датира уште од античкото време - Микена, Римското царство, Византија, па се до Турција и владеењето на Венеција. Владеењето со островот во крајот на 18 век и припаѓало на Франција, а последни со него управувале Британците се до ослободувањето и припојувањето кон Грција во 1864 година. Меѓу најпознатите туристички места на Кефалонија, освен градот Аргостоли, на западната страна се издвојува и градот Ликсури, на Северната страна е градчето и пристаниште Фискардо, а на неговата југоисточна страна се можеби и најубавите места со песочни плажи Скала и Порос. Градот Порос е всушност и најблиската точка и поврзување со копното на Грција и со Пелопонез до кој директно се одвива траектната линија од пристаништето Килини.


Мноштвото објекти за сместување центарлната поставеност која му дава непосредна близина до сите побитни места за посета и прошетки низ островото, гратчето Порос го карактеризираат како идеално место за престој и запознавање со островото. За време на престојот, задолжително, освен споменатите туристички места, би требало да се посетат и познатите локалитети како: големата пештера со прекрасните дела на природата исцртани во вековните фигури од сталагнити и сталактити, подземното езеро Мелесанина во Пановата пештера, плажата Миртос... а секако и блиските остови Итака и лефкада.

Пештерата Melissani На само два километри од местото Сами, се наоѓа далеку познатата пештера Мелисани, чие подземно езеро ги остава без здив илјадниците посетители – туристи. Позната и опишана во митологијата како “пановата пештера” и денес со својата мистичност ги плени нејзините посетители.

Пловењето со изнајмените чамци на весла низ нејзината внатрешност, додека погледот постојано е упатен кон големиот отвор на нејзиниот свод, впечатокот за нејзината таинственост целосно го врежува во сеќавањата на истражувачите.

Пештерата Drogarati
Овој природен феномен е дотолку поголем и поспецифичен, кога ќе се земе в предвид дека се наоѓа на едно од најужните острови во Европа. Дури и надворешните горештини во летниот период не го менуваат чувството на студ и подземна свежина со која се карактеризира оваа пештера. Впрочем ни многубројните фигури на Сталагнити и Сталактити не би опстанале, доколку изолацијата и внатрешноста на земјата не ги сочувале низ илјадниците години.

Прошетката низ пештерата е секако незаменливо искуство.

Плажата Mirtos
Прекрасно дело на природата. Засечена низ високите брегови на западната страна од островото, тешко пристапна низ тесниот и со живописна панорама кон морскиот хоризонт извиткан асфалтен пат, плажата Миртос претставува вистиско откритие. Нејзиното тиркизно море, белиот песок и белите бранови, стануваат видливи уште при самото нејзино лоцирање гледајќи од висината на стрмните гребени. Чувството на стравопочит кон оваа игра на природата, станува издржливо со самата желба која се јавува за што поскоро стигнување до неа. Миговите кои се доживуваат во овој природен спој на морето и копното се едноставно речено нераскажливи.




Сте го посетиле ли местово? Сите впечатоци, искуства и коментари се добредојдени. Кои места се најубави и вреди да се посетат, како се движат цените за престој и за јадење,каде се најубавите плажи, каков е ноќниот живот итн.Повелете
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
9.594
Поени од реакции
3.163
Ако одам пештерата сигурно ја посетувам. Иначе би ме интересирало колку се патува до таму со кола?
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
665
Ако одам пештерата сигурно ја посетувам. Иначе би ме интересирало колку се патува до таму со кола?

Лани бевме на Кефалонија, фантстичен остров. Инаку со автобус патувавме 16 саати во кои спаѓа и 2 саати траект. Со кола мислам дека не се исплаќа да одиш бидејќи мораш да платиш мостарина 65 евра во еден правец за мостот што го поврзува Пелопонез, освен ако не одиш преку Лефкада па да фатиш траект во Василики за Кефалонија.

Еве и некоја слика од мојата колекција, чисто да доловам атмосвера :D

a.jpg Миртос плажа

2.jpg Миртос панорама

3.jpg Мелисани езерото

4.jpg Антисамос

5.jpg Антисамос

6.jpg Скала
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Лани бевме на Кефалонија, фантстичен остров. Инаку со автобус патувавме 16 саати во кои спаѓа и 2 саати траект. Со кола мислам дека не се исплаќа да одиш бидејќи мораш да платиш мостарина 65 евра во еден правец за мостот што го поврзува Пелопонез, освен ако не одиш преку Лефкада па да фатиш траект во Василики за Кефалонија.

Еве и некоја слика од мојата колекција, чисто да доловам атмосвера :D

Прегледај го приврзокот 46100 Миртос плажа

Прегледај го приврзокот 46101 Миртос панорама

Прегледај го приврзокот 46102 Мелисани езерото

Прегледај го приврзокот 46103 Антисамос

Прегледај го приврзокот 46104 Антисамос

Прегледај го приврзокот 46105 Скала
На кое место беше сместена и преку која агенција? Дали се сеќаваш колку беше аранжманот? Сега само преку Арка успеав да најдам понуда. Пиши нешто повеќе за местото како се движат цените за јадење има ли евтини маркети и ресторани, има ли ноќен живот, до таа Миртос плажата колку чини екскурзијата и со брод ли се патува и до некоја од пештериве да не си била колку е и за таму и други места има ли што треба да се посетат. И да, дали има аква парк.
Накратко кажано се ме интересира:)
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
665
На кое место беше сместена и преку која агенција? Дали се сеќаваш колку беше аранжманот? Сега само преку Арка успеав да најдам понуда. Пиши нешто повеќе за местото како се движат цените за јадење има ли евтини маркети и ресторани, има ли ноќен живот, до таа Миртос плажата колку чини екскурзијата и со брод ли се патува и до некоја од пештериве да не си била колку е и за таму и други места има ли што треба да се посетат. И да, дали има аква парк.
Накратко кажано се ме интересира:)
Аква парк нема.:(
Ние бевме преку савана и не кошташе околу 200 евра аранжманот на почеток од јули месец. Бевме сместени во Скала. Местенцето е ОК, типично туристичко, со таверни, бар ресторантчиња, продавнички. Во самото место има неколку поголемки маркети кои се поефтини од другите продавнички, а Лидл има на 10км од Скала во близина на главниот град - Аргостоли.
Ноќен живот има само во главниот град, и тоа со неколку дискотеки, не е лудница како на Закинтос на пример, помирен е островот, но и во Скала има каде да излезеш, како на пример ресторантчиња со така погласна музика и така.
До Миртос ние отидовме со скутер, бидејќи рентавме скутер на една недела. Инаку имаш опција и преку агенција со автобус да одиш но, тој излет е премногу скап (околу 30 евра) и плус нема да се бањаш на плажата, само така од високо ќе ја видиш, што е гоооооолема штета. Со скутер реално е далеку да се оди, ние тој ден направивме цел круг на островот и само тој ден километражата ни беше 115 км, но вистинско доживување е бидејќи по пат ќе ги посетиш и Дрогарати (8 евра влезница милам беше) и Мелисани езерото (7 евра влез), Антисамос плажата (каде е сниман Мандолината на капетан Корели со Николас Кејџ и Пенелопе Круз) и јас кога би одела пак, пак скутер би рентала;) Имаш опција и за рент а кар, мислам за еден ден кошташе од 35 евра нагоре. Ние не бевме на ниту еден излет што нудеа од агенција, бидејќи беа многу скапи, но затоа со скутерот цел остров го превртевме :)
Ако си во потрага на одмор, значи не бурен ноќен живот, преееекрасни плажи и природа, дефинитивно ја препорачувам Кефалонија.

Е сега гледав јас некаде аранжман за Кефалонија ама да ме утепаш не ми текнува каде, побарај преку www.ajdenaodmor.mk би требало да ти излезе кој има понуди за таму.

Ако те интересира уште нешто прашај можам уште некоја слика од плажите да ти пратам, но Миртос дефинитивно е број 1.
 
M

macgowan

Гостин
Ако одам пештерата сигурно ја посетувам. Иначе би ме интересирало колку се патува до таму со кола?
Jaс одам за 10тина дена.
Од Битола до таму сметам да сум за 6 сати, сосе фери.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
9.594
Поени од реакции
3.163
Jaс одам за 10тина дена.
Од Битола до таму сметам да сум за 6 сати, сосе фери.
Епа не е лошо ако е 6 часа, за разлика од тие 16 како што кажа членот погоре, што ми е малку чудно. :confused:
 
M

macgowan

Гостин
Епа не е лошо ако е 6 часа, за разлика од тие 16 како што кажа членот погоре, што ми е малку чудно. :confused:
Ок е 16 сати со автобус од Скопје преку Килини(на Пелопонез) преку Рио-Антирио мостот(11 евра во правец за возило).
Јас одам преку Василики, до Лефкас сум за 4 и пол сати, до Василики уште 30-40мин па 1 сат фери и ете 6 сати отприлика.
--- надополнето: 12 јули 2012 во 17:15 ---
Траектот до Фискардо ме кошта 120 евра, кола + 2 возр.и 2 деца повратна.
 
Член од
10 април 2011
Мислења
39
Поени од реакции
87
Myrtos beach


Drogarati cave (N 38° 13.648´ E 20° 37.695')





Melissani cave (N 38° 15.416' E 20° 37.428')




Ithaca

--- надополнето: 12 јули 2012 во 20:39 ---
One interesting matter
Many people think that Odyssey lived on Ithaca but Homer wrote that he lived on the western island.
That is why many citizen of Kefalonia believe that Odyssey lived on Kefalonia.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
665
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Само тие две понуди се изгледа. Инаку ако може нешто повеќе за плажата на Скала зошто ако одам ќе бидам таму сместена па најчесто ќе ја посетувам, и вистина ли е како што имам читано дека била една од најубавите плажи таму секако после Миртос, и има ли и други плажи како Миртос што вреди да се посетат. Исто така цела ли е песочна и има ли песок и во морето, гледав некои видеа кај што има каменчиња и некако одеднаш влегуваш во длабоко таква ли е целата плажа?? И колку се плаќа за лежалки. Фала.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
665
Само тие две понуди се изгледа. Инаку ако може нешто повеќе за плажата на Скала зошто ако одам ќе бидам таму сместена па најчесто ќе ја посетувам, и вистина ли е како што имам читано дека била една од најубавите плажи таму секако после Миртос, и има ли и други плажи како Миртос што вреди да се посетат. Исто така цела ли е песочна и има ли песок и во морето, гледав некои видеа кај што има каменчиња и некако одеднаш влегуваш во длабоко таква ли е целата плажа?? И колку се плаќа за лежалки. Фала.
Плажата во Скала е прекрасна, ептен доооооолга и можеш да си најдеш дел што тебе највеќе ти одговара. Цела е песочна, сеа некаде на моменти има мали камчиња пред да влезеш во вода, ама воглавно цела е со ситен песок. Во морето имаш малку покрупен песок, знаеш не од оној најситниот, ама пак песок не се камчиња. Имаш на крај од плажата во правец на Аргостоли едни како карпи на плажата и така даваат некој посебен шмек. Ние тој дел како сепаре наше си го користевме ;) Не е плитоко ако мислиш да одиш километар за да дојдеш до длабоко. Има плитко ама нормално, малку плитко па оди длабоко. Има една плажа мислам лоурдата се викаше со ептен ептен ситен песок и со еден километар плитко. Лежалки на плажа беа 7 евра (2 лежалки и чадор), но по мое мислење подобро би ти било да си купиш еден чадор во продавничките, кошташе околу 5 евра и можеш да си го поставиш каде сакаш. Убава плажа што мора да ја посетиш ти е и Антисамос со убава зелено плава вода. Моментално сум на работа и ќе ти прикачам слики што ми се на фб ставени, кога ќе одам дома ќе побарам дали имам уште некоја слика од плажата во Скала. Сликата каде што е празна плажата е сликана последниот ден во 7 сабајлето :) па затоа има и камчиња исфрлено од морето. А да ќе заборавев, на плажата во Скала имаш и тушеви и соблекувална што на другите плажи е реткост. Инаку плажата е огромна така да сигурно ќе најдеш дел што ќе ти биде по мерак

2.jpg Скала плажа во 7 сабајле


4.jpg Скала

1.jpg Антисамос плажа


3.jpg Антисамос
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Ајде да ја освежиме темава беше ли некој лани или ќе оди годинава? И годинава само од агенција Арка имаат аранжман. За тие што биле што мислите дали е најдобро да се биде сместен на Скала или некое друго место?Читав дека Ласи било убаво за сместување. И дали има организиран превоз од Скала до другите плажи?
 
На врв Bottom