Квалификации за европските натпреварувања

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.750
Поени од реакции
6.695
Група за пласман понатаму: Копенхаген :sneaky:, Австрија Виена и Зулте.
За пари и еуфорија: Арсенал, Марсеј и Партизан. :vozbud:
Нека не се паѓаат СССР екипи и овие Плзењ од прв шешир, друго се е добредојдено :)
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.137
Поени од реакции
84.827
Лапај си 10000 денари карта за позади гол на една утакмица во ЛЕ* :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud:

*=5% попуст ако во 86та му ја имаш опцуено мајка на судијата на тој еден натпревар кога судеше лошо против Вардар во Југословенска лига
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Се чудам како сеуште никој нема побарано од @Џони Вајсмилер да удри една економска днопертиза за вредноста на Вардар и Фенер и прегазувањето на сиромашните кое следи по автоматизам.
 
Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.501
Поени од реакции
10.011
moze li so real da se padnime.?
Со Веспрем или Киелце полесно ќе поминеме :pijani:
Јако ќе биде и на Градски да ни дојде "Не ве слушам, не ве слушам" :icon_lol:
Се супер, само многу странци има во ФК Вардар, они ги дадоа решавачките голови...:icon_mrgr:
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Се чудам како сеуште никој нема побарано од @Џони Вајсмилер да удри една економска днопертиза за вредноста на Вардар и Фенер и прегазувањето на сиромашните кое следи по автоматизам.
Во 90% од случаевите следи по автоматизам,секогаш има исклучоци без разлика во кој спорт...иначе Вардар изигра многу организирано и без паника,нетипично за Македонска екипа што дури ме зачуди..е сега малце помогна и безидејноста во играта на Фенербахче ама сепак не е мала работа да елиминираш противник од таков ранг.

Во оваа фаза на Лига Европа имаше и други изненадувања како Розенборг,Остерндус,Шериф и Скендерберг кои елиминираа далеку поквалитетни и поскапи противници..секоја чест за нив посебно за Швеѓаните кои имаа најтешка задача од сите каде надополнија дефицит од два разлика на домашен терен против фаворизираниот Паок, а претходно го елиминираа Галатасарај...страшна работа
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.539
Поени од реакции
43.004
Прво честитки за пласманот во Европа Лигата на ФК Вардар, но мора да кажам дека време беше со оглед на тоа дека веќе нема земја без претставник во 2те европски натпреварувања.

Да не бидам сфатен погрешно, ова е историски момент за Вардар како фудбалски клуб, а и општо за македонскиот фудбал и искрено се радувам што конечно ќе се игра европски фудбал во Скопје и што ќе имам можност да присуствувам на натпревар(и) од едно вакво натпреварување. Но за мене лично елиминацијата на тим од рангот на Фенербахче, како и целиот квалификационен циклус кој го изиграа ова лето се она на што треба да биде горд секој фан на ФК Вардар.

Прво го елиминираа Малме, тим кој 3 пати во последните 4 години бил првак на Шведска и е на пат до 4тата титула, со оглед на тоа што моментално има 10 поени предност пред вториот на табелата. После тоа изиграа страшна утакмица на домашен терен против Копенхаген и беа мноогу блиску до елиминација на екипа која е редовна во европските натпреварувања и ја доминира Данската лига последните 10тина години. И на крај елиминација на Фенербахче, тим составен од играчи како Ван Перси, Шкртел, Валбуена, Солдадо, Исла, Камени.. фудбалери кои настапувале во најдобрите првенства и најдобрите клубови низ Европа, кои имаат огромно искуство во европските натпреварувања, кои имаат освојувано Премиер Лига, Серија А, Француска Лига.. Секоја чест за играчите и особено за Чеде Јаневски, кој докажа дека е одличен стратег, кој знае веднаш да наметне авторитет и дисциплина кај играчите. Двомечот против Фенербахче беше тактички перфектен, дефинитивно најдобриот перформанс од некој македонски претставник во фудбалот со години.

Пак ќе кажам, пласманот како момент е историски, но кога ќе видиш кои се екипи играат низ Европа откако УЕФА го смени форматот на квалификациите не е нешто WOW. WOW моментот се победата против Копенхаген, како и 2те победи и елиминацијата на Фенербахче, тука Вардар покажа дека е спремен да се надигрува и со екипи кои веќе со години се дел од фудбалска Европа.
 
C

Castiel

Гостин
Во 90% од случаевите следи по автоматизам,секогаш има исклучоци без разлика во кој спорт...иначе Вардар изигра многу организирано и без паника,нетипично за Македонска екипа што дури ме зачуди..е сега малце помогна и безидејноста во играта на Фенербахче ама сепак не е мала работа да елиминираш противник од таков ранг.

Во оваа фаза на Лига Европа имаше и други изненадувања како Розенборг,Остерндус,Шериф и Скендерберг кои елиминираа далеку поквалитетни и поскапи противници..секоја чест за нив посебно за Швеѓаните кои имаа најтешка задача од сите каде надополнија дефицит од два разлика на домашен терен против фаворизираниот Паок, а претходно го елиминираа Галатасарај...страшна работа
Па нели Вардар игра селски фудбал што само во мак лига го има?

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Па нели Вардар игра селски фудбал што само во мак лига го има?

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
Па не си далеку од вистината,сепак еден натпревар не го менува стилот и перцепцијата на игра..да те потсетам дека Вардар кога го победи Фенербахче 2-0 во Скопје неможеа да сврзат три додавања цел натпревар 90 минути и нон стоп се играше повлечено и топката се рокаше напред при секој посед..тоа ако не е селски фудбал тогаш не знам како да го класифицирам..вчера играа далеку подобро,посталожено и посмирено со повеќе организирани акции ама сепак еден натпревар е....а од еден натпревар не се носат заклучоци...а со оглед на можностите и квалитетите ова е премија за Вардар и било која Македонска екипа.
 
Не е еден натпревар. Вардар неколку натпревару победи сезонава во европа. И тоа солидни противнци. И со СЕЛСКИ фудбал не се победува толку. И доста со тој муабет другите слабо изиграа. За да изигра другиот тим слабо ти треба добар натпревар да изиграш. Тотална утка имаше со прогнозиве за Вардар годинава. Една работа не погоди и па се инатиш.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom