Какви судии бе
, зарем некој верува во такви бајки (од жанрот пародија/хорор) а ни се смее цел свет за овој дебакл.............
За влијанието и ефектот на медиумите (информациите кои ги пласираат како се одразуваат на психата и начинот на размислување кај простиот човек=перење со предперење на мозокот)
се изнапишани многу докторати/студии/анализи.
Она што е позастрашувачки е колку народов е неписмен во државава во 2012 година (во спортска смисла) и многу лесно проголтува мислења и се оддава на перверзии на мозокот !
Овој текст го пишав "инспириран" од фактот што еден Игорче успеа на поголемиот дел од нацијава да им инсталира мислење дека нас судииве не заебале (уште пред и да почне самиот меч!)
Уште повеке сум мотивиран по крајно несериозниот текст (со кој се бега од одговорност во препознатлив Македонски стил=Македонецот секогаш го зебувал некој друг/од надвор)
на сајтот на
KFM каде вика вака (во поглед на фаулите/личните грешки)
".......Некои од нив изнудени, повеќе исценирани од кошаркарите на Доминиканска Република, по што противникот почна да влегува во серија и да го топи нашето водство........."
http://www.basketball.org.mk/?ItemID=29A238BDE353A34EB244D88188ED4675
Поголема лага не може да биде од ова !
Во текстот кој следи (лично мој) е даден преглед/timeline на најбитните моменти од утакмицата, пополнети со пред се статистички податоци, кои сите можат да ги проверат (не ги измислив јас бројките!) Исто така за многу од ситуациите има и мој коментар/критика. Пoсебно внимание е посветено со детали на второто ("контраверзно") полувреме !
============================================================================
Значи,
првото полувреме, почнавме, за наш стандард беспрекорно ! Одбрана компактна/колективна. Шутот за 3 премија= 6 тројки со 50% ефикасност! Од друга страна, Доминикана беа загреови ! Шутот не им одеше, промашија многу удари и од чисти позиции. Ефикасност никаква (под 30%). Не личеа на ништо, губеа топки, нападов конфузен и без никаков концепт !
Кај нас Бо, Илиевски и Самарџиски (па и Чековски) изиграа многу ефикасно, со малку грешки !
Чековски одигра многу добро прво полувреме, одбрана добра и многу пожртвуваност, 5 поени (1 тројка) ! 1-во полувреме гледајте колку само фаули во напад им судеа на Доминиканска (2-3 фаули имаше/ситуации)!
Водството од
20 поени го направивме со Антик на клупа !
На
4 минути пред крајот на 1-во полувреме, прават мини серија Доминикана од 5 поени и намалуваат на -15 и Лазовски со timeout ми го става Антик со 2 лични ! (ептен непотребно, го ризикуваш Антик на -15 на 3.14 сек. да спречиш мала серија демек, се постра !)Ко за беља, само што влезе Антик ете ти го 3 -от фаул ! СУПЕР !!!!
Нареден напад, Хорфорд оди во контра, Илиевски ми прави фаул непотребен многу далеку од кошот (на метар од линија за 3) а Македонија е во бонус ! (многу неискусно од него, поклон лесни поени !) Нема веза , Хорфорд двете ги промашува , ама фаулот што е многу глупав од аспект што со лоша одбрана им даваш лесни поени, плус и дека го прави Илиевски , кој не е од вчера !
Првите
3 фаули на Антик се ситуации несмасни од него, непотребни, дури и наивни/смешни за играч од негов калибар !
За 3 минути од 20 разлика пагаме на 11 (првиот помал земјотрес во играта 4-4.5........предвесник на големиот земјотрес со магнитуда од 9 !) Имаме срека што и на полувреме не сме со под 10 разлика ! Илиевски пуца тројки ко лубеници да фрла.......од неизградени позиции, преку човек.........ја претерува на моменти (не е тој за тројки, арно и што некои влегоа, треба тој да го контролира нападот !)
На полувреме имаме повеке скокови (збирно) од Доминиканциве, Хорфорд го немаше нигде.........катастрофален шут на Доминикациве од поле за 15 минути, помал од 30% (освен серијата од 12:2)
========================================================================
Ах тоа "контраверзно"
второ полувреме, еве го дојде !
Прв напад, преку човек
Гарсија тројка погодува(како вовед за неговиот учинок во вториот дел, најдобар перформанс на турниров
за 1 полувреме= 21 поен !)
Антич прави 4-та лична на 9.00 , признава и сам ( дига рака !) Нашите пуцаат неколку тројки од неизградени позиции/непотребни/избрзани и за помалку од 2 мин игра во второ полувреме само 6 разлика ! Гарсија плеска три............
на 6.44 од 3-та четвртина само 3 разлика , неизвесна утакмица Доминиканците се вракаат во игра, притисокот е кај нас сега нормално,
од готово вересија!
РЕЗИМЕ= значи , за помалку од 8 минути прокоцкани/спичкани 17 поени ! Каде се оние контраверзни одлуки или погрешни одлуки/против нас со кои беше резултатот намален во корист на Доминикана !?
на
4.45 накурчени Бо влегува со атрактивно забивање (познато во странската стручна литература in ur face babe !)
одиме на +9 (инаку предходниот напад имаше контакт на Самарџиски
над Мартинез, кој не се судеше, затоа и Мартинез се бунеше кај судијата (тој лошиот,
канаѓанецот 
) та заеби тоа Игорче што драматизираше да му даделе техничка, многу приговарал !)
Мартинез на 3.28 со 3 фаули (да не рече некој ете само Перо наш бил со 4 , не заебале судиите) го вади Калипари , паметно, најдобриот скокач на турниров ! Само Бо игра кај нас, солира...........другиве освен шут за 3 не знаат (од неградени позиции)
4-от фаул на Чековски, на минута пред крај на 3-та четвртина е тешко да се каже дали во напад од Коронадо или лош блок од Чековски ?! Гечо мава за 3 , промашува =ништо ново, на почетокот на последна четвртина само 2 разлика за нас !
На 9.11 до крај израмнет резултат 56:56............пази, тој напад го губиме поради истек на време............
во мегувреме битна статистика иде на екран и вика
поени од втора шанса мкд vs. дом = 4 vs 24 !!!!!! алоооооооооо (што прават само офанзивните скокови за Доминикана) Лазовски се поти !!!!!
8.40 и нов офанзивен скок на Хорфорд +поени и
Доминикана води 58:56 Тоде здрвува 3 и водиме 1 разлика! Влегува и Антик , оправдано кога се крши утакмицата нема што да се тактизира веке(фаул 4 ама тоа е и да дреме на клупа нема фајде) и нареден напад судат фаул над Мартинез
Мартинез и тој е со 4 лични грешки ко Антик (кај се тука двојните аршини со кој КФМ ве лаже!) Бркотници по теренот, грешки и на двете страни...........Гарсија погодува за 3, Владо врака, Гарсија уште една (да му даде до знаење дека денес е негов ден и да видат сите
како се игра со мадиња кога се крши утакмицата)
Гарсија 58% шут 22 поени 4/6 за три со 67% шут. секоја чест
!!!! на 4минути пред крај, на Илиевски му ја крадат чиста топка (буквално од раце му ја земаат) контра со добра асистенција до Хорфорд овој прави садо мазо на кошот и 7 поени предност за доминиканска и тука е крајот веке. Бо врака за 3 одма (зарем кој друг, Антик да не) одма вракаат и Доминиканска со 3 !!!!! Војдан од многу тешка позиција (во очај) погодува со многу срека за 3!
пази сега =нареден напад,која утка во превземањето мегу Војдан и Самарџиски, Гарсија на влез , елеганција во движење , 2 чекора, си се прошета и положува (школски пример како не се игра одбрана ) 2 мин до крај , 8 разлика, фаул над Антик , Антик на слободни (Антиикуууууу па ти си играл бе) Шанса за првите поени на Антик, ееејјјјјјјјј...........отварај го шампањското !!
Антик второто го промашува (кога најмногу треба!) Хорфорд погодува , 9 поени разлика , 1 минута =става капак
Антик ,нареден напад под кош промашува чиста позиција (се гледаше по неговиот израз колку и самиот е задоволен од сопствената игра и емоциите си го прават своето , јасно му е)
АЈДЕ ПРИЈАТНО, со здравје !
===========================================================================
пази ја сега пропуштенава шанса и сценарио (зошто треба секогаш да се игра до крај !)
Бо влегува, му судат фаул и при тоа глупиве од Доминиканска прават goaltending (иако се виде дека нема да влезе, мегутоа штом ја допре таблата тоа е) +1 слободно за БО (кое го погодува)
Ако Антик ги погодеше 2-те слободни (пред тоа) и промашувањето под кош (чисто ) со тие три поени на 31.1 ке беше само 3 разлика за Доминиканска !!!
Доволно за напад , после добра одбрана со 3 да израмниме и да им ја направиме "ЛЕле луге што направивме RELOADED" И да одиме со погодена тројка во продолжение , каде се е можно!
и повторно статистикава мине на екран за поени од 2-ра шанса мкд vs дом = 4 vs 28
=========================================================================
Е ТОГАШ КАДЕ Е ПРИЧИНАВА ЗА ПОРАЗОТ, ако не се судиите
?!
Пред се, многу полабава игра од наша страна во 2-ро полувреме , многу лоша контрола на играта и непотребно форсирање само шут за 3 (во ситуација кога имаш и двоцифрена предност!)
Гарсија беше најголемиот фактор, кој распали и беше тешко да се чува, искрено (сите негови погодени тројки беа од бранети и тешки позиции!) 21 поен на индивидуалец во едно полувреме на вакви такмичења е вистинска реткост, историја (Дражен, Галис, Шмид дури би му позавидиле на таков перформанс)
Големата разлика во скоковите, што не е воопшто изненадување (доминиканска репрезенатација е најдобра во тој сегмент на турнирот и екипно и индивидуално води Мартинез )
Пред се огромната разлика во офанзивните скокови (дури +14) и ко резултат на тоа дури 28 поени од втора шанса !
Секако Хорфорд само 2поени прво ама 12 поени второ. Цела репрезентација на Доминикана експлодираа во второ полувреме !
и најсрамниот факт е : половина од поените на нашата репрезентација ги постигна БО, а пази во второто полувреме од вкупно 35 поени на нашата репрезентација, дури 19 поени
беа на Бо............значи само 16 поени постигнаа другите играчи во второ полувреме = бруки !
5 поени на Гечо (сите во последна четвртина, една тројка !) 3 на Војдан (тешката тројка) 1 слободно на Антик, 5 поени на Илиевски (една тројка) и две слободни фрлања на Самарџиски !
примени рекордни 58 поени за едно полувреме. Многу луѓе не го знаат овој податок, фрапантен, ама вистината е дека како репрезентација во мечот со ДОминикана примивме најмногу поени
за едно полувреме на овој турнир !. Други две такви утакмици се Грција кога им даде на Јордан 56 поени прво полувреме и Литванија против ДОминикана постигна 57 поени второ полувреме !
Со Јордан ли ке се споредуваме ?!
Антик =нула поени (добро, 1 е исто како нула, со оглед дека беше постигнат од линија за слободни и на 2 мин пред крај кога беше мечот решен !). Многу фалеа неговите поени, се знае
после Бо кој треба да надополни и да превземе одговорност во ваков битен меч!
==========================================================================
Овде ја имате утакмицата , во 4 -дела , за секоја четвртина
http://tv.lrytas.lt/?id=13416442571340140733
СЕКОЈ МОЖЕ ДА ЈА ПРЕГЛЕДА И ДА ВИДИ ДЕКА , САМО 1-2 СУДСКИ ОДЛУКИ СЕ МОЖЕБИ ПОГРЕШНИ. ДА ПРОКОЦКАШ 20 РАЗЛИКА ВО ВАКОВ МЕЧ И ДА СЕ ВАДИШ СО СУДИИ Е РАМНО НА ЛУДИЛО И БЕГАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ=ЦЕЛ СВЕТ ДА ТИ СЕ СМЕЕ !!