- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 17.005
- Поени од реакции
- 16.498

На овие квалификации се најде и нашата репрезентација, која со одличниот настап на ЕП во Литванија, каде го освои одличното четврто место, успеа да се избори за овие квалификации и за шанса за настап на Олимпијада.
12те репрезентации се поделени во четири групи од по три репрезентации, каде најдобрите две од секоја група ќе се најдат во 1/4 финалето.
Во А групата се следните репрезентации:
Грција
Порторико
Јордан
Распоред на натпреварите:
Грција - Јордан (2 јули)
Јордан - Порторико (3 јули)
Порторико - Грција (4 јули)
Главен фаворит во оваа група е репрезентацијата на Грција, по неа следува Порторико, без шанси или со мал процент на шанса е репрезентацијата на Јордан.
Б група:
Нигерија
Литванија
Венецуела
Распоред на натпреварите:
Нигерија - Венецуела (2 јули)
Венецуела - Литванија (3 јули)
Литванија - Нигерија (4 јули)
И во оваа група прв фаворит е европска репрезентација, Литванија е најголем фаворит за прво место, а за второто битка ќе води домаќинот на овие квалификации и репрезентацијата на Нигерија, мала предност му давам на домаќинот, само заради тоа што игра пред домашна публика во Каракас.
Ц група:
Русија
Доминиканска Република
Кореа
Распоред на натпреварите:
Русија - Кореа (2 јули)
Кореа - Доминиканска Р. (3 јули)
Доминиканска Р. - Русија (4 јули)
Русите предводени од Кириленко се главни фаворити за пласман во 1/4 финалето, а Доминиканската Република е во предност пред Кореа за тоа второ место кое води во 1/4 финале .
И во групата Д каде е сместена и нашата репрезентација, уште се наоѓаат и репрезентациите на :
Ангола
Нов Зеланд
Распоред на натпреварите:
Ангола - Македонија (2 јули, 23 часот)
Македонија - Нов Зеланд (3 јули, 20 часот)
Нов Зеланд - Ангола (4 јули, 17.30 часот)
Македонија се чини дека е во предност пред другите две репрезентации од групата, и пласманот на ЕП во Литванија, би требало да го потврдат во оваа група, а потоа и со малце спортска среќа да се изборат за влез во тие три репрезентации кои ќе се пласираат на Олимписките игри. За второто место во оваа група по изгледни шанси има Ангола во одност на Нов Зеланд, кои не би требало да му ги замрси сметките на Македонија и Ангола.
Составот на Македонија на овој квалификациски турнир:
Лестер Бо Мекејлеб
Александар Костовски
Владо Илиевски
Дарко Соколов
Војдан Стојановски
Дамјан Стојановски
Марко Симоновски
Тодор Гечевски
Кирил Николовски
Ѓорги Чековски
Предраг Самарџиски (капитен)
Перо Антиќ
Селектор: Марјан Лазовски
1/4 финале (6 јули):
А1 - Б2
Б1 - А2
Ц1 - Д2
Д1 - Ц2
1/2 финале (7 јули):
А1/Б2 - Ц1/Д2
Д1/Ц2 - Б1/А2
Победниците од 1/2 финалните дуели ќе изборат пласман на Олимписките игри.
*Финален ќе биди натпреварот за 3то место кое ќе е последно кое води на Олимписките игри, мечот ќе се одигра на 8 јули.
Сите натпревари ќе се играат во Полиедро де Каракас...
*Финален ќе биди натпреварот за 3то место кое ќе е последно кое води на Олимписките игри, мечот ќе се одигра на 8 јули.
Сите натпревари ќе се играат во Полиедро де Каракас...

Директни преноси на Сител телевизија:
1 коло
17.30 Русија – Кореја
23.00 Ангола – Македонија
2 коло
17.30 Кореја - Доминиканска Република
20.00 Македонија - Нов Зеланд
3 коло
17.30 Нов Зеланд – Ангола
20.00 Доминиканска Република – Русија
Сите 1/4 финални натпревари, а потоа и 1/2 финалето и мечот за трето место(последниот натпревар на турнирот.)
Се надевам дека на турнирот ќе ја видиме оваа препознатлива слика...
