Вардар очаен, публиката бетер, ама коа ќе размислам и толку ни е силата, реално не ни заслужуваат да се борат за во ЛШ. Сакаме без некои вложувања да се провлекуваме, ај што не се вложува, па и тие шо играат во наводници, не знаат кај тераат.
Публиката, освен комитите, другите некако утепани ми беа, нит поддршка нит ништо, не се вадите на тоа дека сме глеале на тв, ако толку имало поддршка ќе се слушнело и на тв, првите 5 минути шо по свиркаа и тоа беше, понатаму само тие 2000 комити се слушаа или колку и да беа.
Само коа ќе помине некое време и коа ќе видиме со која екипа сме се бореле за пласман понатаму, ќе си ја удараме главата, бидејќи Бате не е некоја екипа од која може да се плашиме и која не може да ја поминиме, просек се и тие, без разлика што играле неколку пати во групна фаза.