Bianconero vero
Il Capitano
- Член од
- 10 ноември 2008
- Мислења
- 9.237
- Поени од реакции
- 8.135
Бате паѓа во Скопје сигурен сум. Има да се изгубат пред 25-30000 гледачи
Друже пробај ги двата спорта па спореди. Во фудбал додека е топката кај напаѓачите можам буквално да одмарам и да бидам полежерен (не буквално ама штедиш на кондиција) додека во ринг нема одмор ни секунда и концентрацијата мора да е 100% во сите рунди инаку примаш удар.другар искрено неможиш да споредуваш кондиција во фудбал и кик бокс..секој спорт си бара различни барања..на пример во фудбалот статистички најмногу од сите трчаат 10 км + што во другите спортови е незамисливо.. фудбалерите се навикнати на шпринтови и дуели и нема запирање..во кик боксот и боксот таквите категории имаш време да се одмориш повеќе пати и да застаниш да се стабилизираш што не е случај во фудбалот освен во прекините и на полувреме..исто и за кошаркарите кои цело време ротираат и се одмараат на тајм аути...секој спорт си има свои предности и недостатоци..а еден е најтежок-ватерполото...
Не мислам за сите, ама за 90 посто да. Ако ги погледнеш постовите на темава или па гласовите на анкетата за тоа кој ќе иде понатаму ќе видиш дека пишуваат обично тие од Прилеп ( у најголем број ) Битола и по некој чат пат од некој друг град. На стримот кај што ја гледав утакмицата имаше милион прилепчани, битолчани што провоцираа цело време ама некако нагло ги снема на 1-2. Мене дебилно би ми било така стрим да пуштам и да провоцирам или да серам безврска. Стварно незнам што им е филмот, ама ме боли цеф.другар мислиш сите биотлчани го мразат вардар и го сакаат пелистер???и јас навивам за Пелистер но не значи дека го мразам Вардар??..па тоа е македонски клуб бе македонска гордост како можам против Македонци да навивам тоа душата не ми дава едноставно....и шо мислиш и тие што се болни од омраза кон Вардар (или за некои Миравци) против Вардар навиваа денес или општо кога настапуваа во Европски рамки??..тоа што го пишатн или извикуваат е поради локалната гордост ништо друго односно влезени се во некој филм како со Партизан-Ѕвезда демек да го одржат ривалстово...а потоа за Македонија сите заедно навиваат)што е нормално)..
никој не натценува фудбал туку фактите си го кажуваат своето....никој не одмара назад јас немам видено бек или среден играч како Чави Алонсо или Маркизио да одмара..тие роварат цела утакмица ти сега акос е фатиш за голманот е друга работа...кога ќе видиш статѕистички 10км + секоја утакмица со шпринтој се многу плус фудбалот е препознатлив за трчање и треба писхички да си стабилен да бркаш на секое..денес веќе фудбалот еволвуира и се бара трчање не е како некогаш едните да одмараат другите да трчаат..кик бокс е тежок спорт не велам дека не треба за таму кондиција но неможиш да споредиш кој е потежок спорт бидејќи се убер различни...Друже пробај ги двата спорта па спореди. Во фудбал додека е топката кај напаѓачите можам буквално да одмарам и да бидам полежерен (не буквално ама штедиш на кондиција) додека во ринг нема одмор ни секунда и концентрацијата мора да е 100% во сите рунди инаку примаш удар.
Многу потценувате бокс а натценувате фудбал, во борбена вештина душа оставаш на тренинг зашто знаеш дека може да те кошта здравје ако забушаваш.
Не барам многу само нека имаат кондиција како клуб од германска втора лига од средина на табела, ете толку можат и не знам зашто сите сте убедени дека тоа не е можно, да не се Германциве од друга планета случајно ?
хахах секад и јас сум се чудел за ова блондираново... сум ги гледал ман. јунајтед милион пути на стрим и обавезно имало навивачи на сити, челзи, ливерпул што јадат гомнаНе мислам за сите, ама за 90 посто да. Ако ги погледнеш постовите на темава или па гласовите на анкетата за тоа кој ќе иде понатаму ќе видиш дека пишуваат обично тие од Прилеп ( у најголем број ) Битола и по некој чат пат од некој друг град. На стримот кај што ја гледав утакмицата имаше милион прилепчани, битолчани што провоцираа цело време ама некако нагло ги снема на 1-2. Мене дебилно би ми било така стрим да пуштам и да провоцирам или да серам безврска. Стварно незнам што им е филмот, ама ме боли цеф.
Не може затоа што се немаат најосновните услови за тренинг.Услови што ги има и најзатуцаната екипа од Африка ,а кај нас ги нема.Мислам дека во интервјуто на Панче Ќумбев ќе го најдеш одговорот на твоето прашање.Верувам дека од кога ќе го прочиташ ова ќе сфатиш на колку ниско ниво ни е фудбалот и дека онаа народната ‘‘колку пари толку музика‘‘ е жива вистина кога е во прашање фудбалот кај нас.Не барам многу само нека имаат кондиција како клуб од германска втора лига од средина на табела, ете толку можат и не знам зашто сите сте убедени дека тоа не е можно, да не се Германциве од друга планета случајно ?
Може да ме разберете и вака и онака, може некој ќе се налути, ќе ми замери, ама едноставно морам да дадам свое мислење за најважната споредна работа…
Нормално повод е последниот резултат на нашата репрезентација… изгубивме од Луксембург 2-1. Да, изгубивме и затоа спортот е интересен… Секој секого може да победи и секој од секого може да изгуби. И некој ќе рече боли да изгубиш од Луксембург. Боли точно е тоа, мене ме боли како фудбалер. Ама во што сме ние подобри од нив, од Андора, Лихтенштајн, Сан Марино на фудбалски план? Само во две работи, во талентираните дечиња и во спортските гени кои ги носи секој балканец. Во се друго сме 100 години во рикверц.
Некој ќе рече дека не сум во право, меѓутоа еве ке се потрудам да објаснам. Па кој како ме разбере ќе видиме.
Зошто 90% кај нас мислат дека гореспоменативе репрезентации се аматерски а ние не сме? Дали мислите дека нивните лиги се поаматерски од нашата? Да почнам со ред.
Нашата прва фудбалска лига брои 14 “професионални” екипи. Дали знаете колку од нив се стварно професионални, колку од нив ги исполнуваат и најосновните услови за натпреварување? Можеби 2-3,нека бидат и 3-4. Повеќе не се со гаранција. Да почнам со ред.
1. Услови за работа (помошни терени, опрема, медицински тим, соблекувални, стручен тим)
Како што напоменав само 3-4 екипи ги имаат овие услови. Да не играм со имиња да не ми се налути некој. Знаете ли дека нашите играчи носат опрема стара по 10-15 години, само 3-4 екипи имаат помошен терен, за теретана да не зборувам. По клубовите нема доктори, масери, нема кој да ти даде апче ако те боли глава. Нашите играчи незнаат што се витамини, минерали, спортска исхрана. Со јадење ајвар и маргарин фудбалер не се станува. Знаете ли дека во Тетово во собелкувалната нема вода, нема струја, нема тоалет? А Тетово ги даде последните 2 шампиона на Македонија. Знаете ли дека во Кичево наместо закачалки има клинци, и дека наместо тоалет шолја има дупка среде купатило? Знаете ли дека гостинската соблекувална во Кратово, Прилеп и Штип е голема дури 3 метри квадратни, и мора да се соблекуваат играчите на групи оти нема место за сите. Знаете ли каде тренираат младите таленти во Македонија? По парковите со парталави топки голи и боси. Секоја чест за ретки исклучоци.
А какви се во аматерските земји може само да замислите. Секоја од нив има спортски комплекси, со помошни терени, со терени со вештачка трева, со сауни, со теретани со нова опрема. И кој е аматер тука??? Ние или они?
2. Професионалноста??
Знаете ли дека во Македонија 70% од фубалерите се аматери. Знаете ли дека на 70 % проценти од нив не им се плаќаат придонеси, осигурување здраствено и пензиско? Знаете ли дека ако не дај боже се повреди кај нас фудбалер може да го избркаат од клубот и да не му платат операција, лекување, рехабилитација? Знате ли дека пола лига кај нас играчите земаат плата од 150 до 200 евра и тоа нередовно?
3. Квалитетот на лигата
Искрено и без лажни скромности сигурно сме меѓу последните 3-4 во европа за жал по квалитет или уште полошо меѓу првите 3-4 по неквалитет. Зборам за квалитет на лигата не на играчите. Кај нас може да се случи да ти влезат во соблекувална со пиштол и да ти речат дека мора да изгубиш денеска. Да така е,за жал. Кај нас Може да се случи да го истепаат судијата оти досудил пенал или поништил гол, да ги истепаат гостинските играчи оти не им пуштиле на домашните. Кај нас се случува судијата да ти каже извини ама денеска мора да изгубите. И можам да редам до недоглед ама доста е.
4. Репрезентација
За секој играч е светост,чест и гордост да се игра за националниот тим. Само кај нас националниот тим е менаџерски полигон за играчи. Само кај нас постои она познатото”мора да игра”. Само кај нас кога се оди на гостување авионот е исполнет со 20 играчи, 10 членови на стручниот штаб и 70 членови на така наречена “Јагнешка бригада” кои единствен контакт со фудбалската топка имале на час по физичко и тоа по грешка кога некоја залутана ги удрила по глава додека со девојчињата играле ластико. Знам дека ви се чини смешно и многу критично меѓутоа за жал така е. Занете ли дека пола репрезентативци не ја знаат нашата химна, дека пола репрезентација не знае Македонски јазик? И некој ќе рече тие се играчите, нема други??? Молам? Нема други??? Ајде да прашам отворено, каде е најдобриот стрелец во нашето првенство Филип Ивановски? Каде се Влатко Гроздановски, Златко Таневски, Благојче Тодоровски, Крсте Велкоски, Борче Маневски, Миле Крстев, Дарко Тасевски, Димитрија Лазаревски, Баже Илијоски, Бобан Грнчаров, Александар Бајевски, Зоран Балдовалиев, Стојан Игњатов и да не ги редам сега ги има многу? Дали гореспоменативе не заслужуваат повик? Заслужуват и тоа како,само не се во шемите на одредени луѓе. Сите гореспоменати се стандардни во своите клубови и имаат континуитет на натпревари, што не е случај со пола репрезентација.
5. Селектор
Секоја чест на новиот селектор меѓутоа нас ни треба домашна рака, и тоа авторитетна и да не подлегнува на притисоци од типот мора да игра,или не мора да игра. Каде се Ѓоре Јовановски, Чеде Јаневски, Милко Ѓуровски, Ѓоко Хаџиевски, Џиџи Илиевски, Влатко Костов, Илчо Георгиевски, Драги Канатларовски, Зоран Смилевски и ред други?
6. Раководство
Само едно ќе кажам овде. Каде се нашите асови Дарко Панчев, Илија Најдоски, Саша Чирич, Ѓорѓи Христов, Тони Мицески, Митко Стојкоски, браќата Ѓуровски, Гоце Седлоски, Артим Шаќири? Далеку од фудбалот за жал.
И уште многу мисли ми се мотаат низ глава и уште многу работи имам да кажам меѓутоа поентата ми е една. Ние сме аматери, и тоа од највисок ранг. Затоа не се нервирајте кога ке дојде Ерменија и ќе ни акне 4-5 парчиња, кога ке додје Луксембург и ќе ни ја сврти од два во кец. И без оправдување меѓутоа фудбалерите се најмалку виновни за оваа ситуација, за ова тонење на фудбалот кај нас.
Толку…
Се надевам на подобри денови во мак фудбалот, надежта последна умира.
http://www.zdravo.com.mk/pance-kumbev-bolen-mi-lezi-makedonskiot-fudbal-1/
линк
никој не натценува фудбал туку фактите си го кажуваат своето....никој не одмара назад јас немам видено бек или среден играч како Чави Алонсо или Маркизио да одмара..тие роварат цела утакмица ти сега акос е фатиш за голманот е друга работа...кога ќе видиш статѕистички 10км + секоја утакмица со шпринтој се многу плус фудбалот е препознатлив за трчање и треба писхички да си стабилен да бркаш на секое..денес веќе фудбалот еволвуира и се бара трчање не е како некогаш едните да одмараат другите да трчаат..кик бокс е тежок спорт не велам дека не треба за таму кондиција но неможиш да споредиш кој е потежок спорт бидејќи се убер различни...
Германците имаат кондициски тренери што си ја работат работата,Германците од млади категории имаат страшни услови за тренирање и му плаќаат на децата се и сешто за нивни потреби(кондиција од мали години постепено се набива),Германците имаат тренинг кампови што тука можиме да ги сонваме,Германија се држава а ние сме гомна...неможиш да не споредуваш со Германија ете споредувајне со Србија,Хрватска,Словенија...со нашите поранешни браќа бидејќи некогаш бевме иста држава каде се тие каде сме ние ???
Другар натпревар од трета лига против Локомотива и натпревар од квалификации за Лига на Шампиони против Бате не е исто.Ама чекај сега па јас истото го зборам да не префрлиме во муабет кој спорт е потежок. Преска ми спомна дека во кик бокс можам да одмарам и ти кажав дека тоа не е точно, пошто сум ги пробал двата повеќе концентрација ми треба во кик бокс барем во фудбал ако за секунда загубиш концентрација нема да ти разнесат глава (ова надвор од темава).
Инаку за нашиот муабет ти сега ми го потврди тоа што го зборам од преска. Види си го болдот и гледај што си напишал. Се е тоа точно ама со една забелешка. За кондиционен тренинг не ти требаат екстра услови освен едно јаже и една патека за трчање. Може да немаш услови како Германец да идеш на висински подготвки и нема да трненираш со топка како нив ама една утакмица од 90 мин без проблем ќе ја изиграш без да испуштиш душа. Имам другари кои играат во пониските лиги па немаат проблем со кондиција така да кога се сака се може. Тоа е една од ретките работи кои можеш и сам да ги добиеш ама си бара редовност и да не се забушава. А тоа што го спомнуваш во првиот болд за тренерите па за тоа се нервирам, зашто не си ја вршат работата и кога некој ќе почне да си ја врши работата?
Нашите поранешни браќа немаат кондиционен проблем и може треба да се угледаме на нив, чим можат они да имаат кондиција можеме и ние а кошаркарите тоа на најдобар можен начин ни го покажаа на терен на европското само што кондицијата бара редовност зашто чим престанеш редовно да тренираш се губи.
Немаше ли да ти биде помило да речеш изгинаа на терен, дадоа максимум, влегуваа во секој дуел како да им е последен ама БАТЕ се технички подобри, тогаш немаше ни еден пост да напишеме за кондицијава ама има голема шанса дека ќе извадеа најмалку нерешено.
Знам дека можеме кога сакаме и се нервирам да гледам како македонски тимови играат одлично во прво полувреме а секогаш паѓаат во второ, до кога така?
Не е само проблемот во фудбалерите иако можеа да се потрудат повеќе но нека ти биде јасно дека кај нас професионалните спортисти немаат исти услови да напредуваат подеднакво добро како Германците на пример. Ретко денеска кој денеска Македонски спортист има услови како останатите светски и успешни спортисти на пример да има високо квалитетна опрема, теретани со сите услови потребни за максимален тренинг, тренинг центри за трчање итн. Исто тука бидејки се занимаваш со бодибилдинг сигурно знаеш колку битни се суплементите и витамините (оние што се дозволени барем) а јас сум 100% сигурен дека скоро и како да не ги добиваат истите освен некој од свој џеб ако не сака да плати.. да не зборувам тука дека повеќето професионални тимови имаат еден куп тренери за се и сешто за исхрана, кондициони итн со тоа што и полесно се напредува.Ама чекај сега па јас истото го зборам да не префрлиме во муабет кој спорт е потежок. Преска ми спомна дека во кик бокс можам да одмарам и ти кажав дека тоа не е точно, пошто сум ги пробал двата повеќе концентрација ми треба во кик бокс барем во фудбал ако за секунда загубиш концентрација нема да ти разнесат глава (ова надвор од темава).
Инаку за нашиот муабет ти сега ми го потврди тоа што го зборам од преска. Види си го болдот и гледај што си напишал. Се е тоа точно ама со една забелешка. За кондиционен тренинг не ти требаат екстра услови освен едно јаже и една патека за трчање. Може да немаш услови како Германец да идеш на висински подготвки и нема да трненираш со топка како нив ама една утакмица од 90 мин без проблем ќе ја изиграш без да испуштиш душа. Имам другари кои играат во пониските лиги па немаат проблем со кондиција така да кога се сака се може. Тоа е една од ретките работи кои можеш и сам да ги добиеш ама си бара редовност и да не се забушава. А тоа што го спомнуваш во првиот болд за тренерите па за тоа се нервирам, зашто не си ја вршат работата и кога некој ќе почне да си ја врши работата?
Нашите поранешни браќа немаат кондиционен проблем и може треба да се угледаме на нив, чим можат они да имаат кондиција можеме и ние а кошаркарите тоа на најдобар можен начин ни го покажаа на терен на европското само што кондицијата бара редовност зашто чим престанеш редовно да тренираш се губи.
Немаше ли да ти биде помило да речеш изгинаа на терен, дадоа максимум, влегуваа во секој дуел како да им е последен ама БАТЕ се технички подобри, тогаш немаше ни еден пост да напишеме за кондицијава ама има голема шанса дека ќе извадеа најмалку нерешено.
Знам дека можеме кога сакаме и се нервирам да гледам како македонски тимови играат одлично во прво полувреме а секогаш паѓаат во второ, до кога така?
Кај слушна?Слушам се организира од секој град по еден автобус ,можеби од некаде и по два три зависи од интерес за да се напуни арената за реваншот. Има некој повеќе инфо околу ова?
Нема автобуси бе, него има заинтересираност да се оди на тој натпревар. Може и јас да одам...сепак одличен резултат би било да се елиминираат Белорусиве.Кај слушна?
Не е работата со автобуси да се полни арената, Вардар не е репрезентација, без разлика што ја репрезентира Македонија во Европа.
Абе тие што ќе одат ќе одат со пријатели, ќе си се организираат со коли, зоте може зборува за некој друг вид на организирање.Нема автобуси бе, него има заинтересираност да се оди на тој натпревар. Може и јас да одам...сепак одличен резултат би било да се елиминираат Белорусиве.