Кајганџиски книжевен предизвик за 2025 година

Колку книги сметате дека може да прочитате во 2025?

  • Extremely Easy Level - 1 книга

  • Very Easy Level - 3 книги

  • Easy Level - 5 книги

  • Medium Level - 10 книги

  • One Per Month Level - 12 книги

  • Major Level - 15 книги

  • Hard Level - 20 книги

  • Very Hard Level - 30 книги

  • Extremely Hard Level - 40 книги

  • Ultimate Level - 50 книги


Резултатите може да се погледнат само после гласање.

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.718
Поени од реакции
31.627
Галебот Џонатан Ливингстон - Ричард Бах

Инспиративна басна за еден галеб по име Џонатан Ливингстон, кој од отфрленик од својата средина се возвишува до безграничност, остварувајќи го својот сон.
Имам поделено мислење за книгава, дефинитивно има делови во кои што бев заинтересирана, но на некои делови забегува премногу во спиритуалност и има момент кај што галеб со скршено крило си замислува дека веќе не му е скршено и магично оздравува. Разбирам дека поентата е да се ослободиме од границите на телото, но сметам дека прифаќање на потешкотиите и имање трпение е подобра порака. Бидејќи прв пат ја читав книгава, не знаев дека пред 2014 биле само 3 дела, и така наративно книгата е подобра, за мене четвртиот дел е прилично конфузен. Во еден краток дел авторот пробува да искоментира за егзистенцијална криза, и губење на вистински вредности, и некако е преизбрзано, непроширено. Наративно повеќе ми се допаднаа трите дела, и ми се допаднаа сликите. 3/5
 
Член од
14 февруари 2009
Мислења
513
Поени од реакции
1.733
2. Вистината за Македонија низ Француската историографија од Веле Алексоски

belealeksoksi1.jpg

Најстарата држава во Европа е Македонија. Таа била кралство многу порано од основањето на Атина и Рим.

Одлична книга за историјата на Македонија од антиката до независноста. Не е премногу детална, ама ги опфаќа сите периоди. Книгата е базирана на француски книги пишувани за Македонија низ историјата. Интересно е тоа што многу странски историчари се замимавале само со македонското прашање низ историјата. На листа ми се други книги за Македонија, историски нормално, само ќе ги читам како ќе ги наоѓам.
 
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.411
Поени од реакции
3.329
IMG_9337.jpeg

„Добро утро, Берлин. Точно е 7:35 часот наутро, а вие го слушате вашиот најголем кошмар."
Ира Самин, реномиран криминален психолог, планира денес да умре.

Не може повеќе да ja поднесе болката по смртта на незината ќерка. И има испланирано се до најситниот детаљ. Ќе умре како што таа сака, со пијалок во раката, за да му наздрави на заборавот. Но судбината има други планови. Еден психопат упаѓа во напознатата радиостаница и ги држи вработените како заложници.

Планира на секој час да избира нечиј број од именикот и да телефонира. Доколку личноста одговори на повикот изговарајќи го точниот слоган, киднаперот ќе пушта по еден заложник - во спротивно, ќе го убие. Тогаш полицијата ja замолува Ира да преговара со него. Мажот има само едно барање: ќе престане со својата изопачена игра кога ќе му jа донесат свршеницата. Но таа е мртва со месеци...
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
13.675
7. Странецот - Алберт Ками - 8
Земав да си ги препрочитувам лектирите од средно (пред се 3та и 4та година), бидејќи тогаш ни беа набутани за обработка во краток период, па немаш време да се посветиш со квалитетно читање, мислење и анализа, туку роботско читање, за што пократко време да стигнеш да ја завршиш книгата. Сега кога ја прочитав, сосема од друга призма ја доживеав. Тогаш главниот лик Мерсо ми беше чуден карактер, со невообичаено однесување и ставови. Денес сфаќам дека во секој од нас има доза Мерсо и дека единствената поделба е на личности што ја искажуваат рамнодушноста и на личности што секакви маски прикажуваат за да ја покријат таа рамнодушност и да се вклопат во некоја општествена илизуија за хармонија. Покрај главната идеја на книгата, а тоа е дека е океј човек да е рамнодушен и дека и онака се е бесмислено и неизбежно, ми се допадна и една секундарна идеја, а тоа е дека секој со тагата се носи на различни начини. После трагичен настан кога некого ќе видиме да не носи црно или да излегол со другари или партнер/партнерка, први сме да судиме ко општество “а толку му значење личноста што починала“, без да сфатиме дека ние не знаеме ништо (или доволно) за внатрешноста на личноста, а ниту за починатиот, а најмалку за релацијата меѓу нив. Исто така книга и за предрасудите и стереотипите како треба да изгледа еден морален човек, зацртан прототип, а се што отстапува од тоа, треба да е линчувано. Дури и малку хумористичен ми беше делот со цигарите и белото кафе. Да не должам, кратка книга, доста поразлично од се што вообичаено читам, ми се допадна.
8. Принцот и питачот - Марк Твен - 8
Интересна книга која ми има промакнато да ја читам ко помал. Имаше една статија на Горјан Петревски во која кажува дека не постои литературна поделба на дела за деца и дела за возрасни, ова ми е баш таков пример, стилски напишана да можат и најмалите да ја разберат, а со убава содржина и пораки кои се наоѓаат и на младо и на старо. Накратко две момчиња што личат едно на друго, сосема случајно си ги заменуваат улогите, принцот станува питач, а питачот станува принц. Се соочуваат со добрите, но и се лошите страни кои ги носи новата улога (ставање во туѓа кожа). Низ авантурите на двете момчиња дознаваме за општествените проблеми кои се актуелни и денес, предрасудите и класната нееднаквост (оделото не го прави човека). Секој од нас може да е и принц и питач, титулата и облеката се менуваат, тоа што го носиме внатре во себе е нештото што останува на крајот на денот и ни одредува каков живот ќе имаме. Супер лесна и интересна книга, ја препорачувам.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.554
Поени од реакции
10.416
Галебот Џонатан Ливингстон - Ричард Бах

Инспиративна басна за еден галеб по име Џонатан Ливингстон, кој од отфрленик од својата средина се возвишува до безграничност, остварувајќи го својот сон.
Имам поделено мислење за книгава, дефинитивно има делови во кои што бев заинтересирана, но на некои делови забегува премногу во спиритуалност и има момент кај што галеб со скршено крило си замислува дека веќе не му е скршено и магично оздравува. Разбирам дека поентата е да се ослободиме од границите на телото, но сметам дека прифаќање на потешкотиите и имање трпение е подобра порака. Бидејќи прв пат ја читав книгава, не знаев дека пред 2014 биле само 3 дела, и така наративно книгата е подобра, за мене четвртиот дел е прилично конфузен. Во еден краток дел авторот пробува да искоментира за егзистенцијална криза, и губење на вистински вредности, и некако е преизбрзано, непроширено. Наративно повеќе ми се допаднаа трите дела, и ми се допаднаа сликите. 3/5
Leeel, ovaa lektira ni beshe. Galebot Johnatan, bravo :aplauz:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.746
Поени од реакции
13.545
4. Chocolat - Joanne Harris 4.5/5
5. After the funeral - Agatha Christie 3/5
6. Јод - Снежана Младеновска Анѓелков 4.5/5
7. One, two, buckle my shoe - Agatha Christie 3.5/5
8. Четириесет правила на љубовта (книга за Руми*) - Елиф Шафак 4.5/5
* @Zlatikevichius не се секирај не е Бужаровска
 
Член од
14 февруари 2009
Мислења
513
Поени од реакции
1.733
3. The Power of Now by Eckhart Tolle

71mVMWV06tL._AC_UF1000,1000_QL80_.jpg

Колку е моќен сегашниот миг? Дали го слушаме внатрешното „јас“? Дали ја користиме целата сила што ја поседуваме?

Колку всушност му обрнуваме внимание на сегашниот момент? Многу малку. Нашиот егоистичен ум, кој постојано се преокупира со одново доживување на минатото и планирање на иднината, не ни дозволува да ги вдишеме сите убавини на сегашниот миг. Токму несогледувањето на моќта на сегашниот миг Екарт Тол го посочува како најголема грешка која нè спречува да ја согледаме убавината на животот, па наместо постојано да се навраќаме и планираме да го сториме вистинското нешто – да живееме.

Одлична книга. Има доста добра поента.

П.с. Наредна книга: Animal Farm by George Orwell ( ова го пишувам за да видам дали ќе си стојам на зборот )
 
Член од
14 февруари 2009
Мислења
513
Поени од реакции
1.733
4. Animal Farm by George Orwell

71JUJ6pGoIL._AC_UF1000,1000_QL80_.jpg


Што се случува кога слободата станува нова тиранија?
Револуцијата започна со идеали, но моќта секогаш има друга приказна.
️„Сите животни се еднакви, но некои се поважно еднакви од другите.“

Во оваа генијална алегорија, Џорџ Орвел прикажува како секоја револуција, без разлика колку е искрена, може да заврши во нов облик на угнетување. Кога животните на фармата ќе се ослободат од својот господар, тие создаваат нов систем заснован на еднаквост – но идеалите брзо се искривуваат, а моќта почнува да прави свои правила. „Животинска фарма“ не е само приказна за минатото – тоа е предупредување за иднината.

П.с. Наредна книга: Emotional Intelligence by Daniel Goleman
 

Kajgana Shop

На врв Bottom