Кајгана собиранче, 11.02.2012 (сабота), кафе „Мистик“, 20:00 ч.

Статус
Затворена за нови мислења.

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ај и јас да пишам:

Се испооткачив ко ненормален кога се запознав со Бјорн. Со него, иначе, се знам барем 20 години. Без заебанција. Педерот ме знаел кој сум и не ми кажал, а со него, после Чорба, најмногу сум пиздел на форумов. Фала, друже, за третманот. (y)

Се запознав и со Леандра и ногу ме бендиса - да беше и Цитро ќе се расплачев!. Врзав некој муабет и со Саладин, Сусаро и Магде (браво за колешките), криво ми е што Таруно не го идентификував - најверојатно пошто не донесе вазелин.

Мерак ми направи GodHateUsAll со кого сум бил, а не сум знаел, близок комшија, а жал ми е што Болиглава и StatusQuo не ги врзав у муабет - ваљда следниот пат ќе има прилика. Честитки и до Макс Леџенд, Штеф и Тончи.

Абадоне, нека ти е криво, пошто не бев најстар на купот (Бјорн е бар 5-6 месеци постар од мене) + со Ипси и Неса се изнамуабетивме со радикалот како што никад не мислев дека е можно.

Разиел, страмото, Еспањола со возот во снег успеа да се дом'кне, а ти остана на тераса да мрзнеш за џабе.

Алекс Големиот не успеав да го замуабетам, а сакав, пошто имам што да му кажам, па ваљда следниот пат...

Принцезата на Злото, заедно со Леандра беа доволен стимул за добра журка, па заслужени честитки за „+“-та енергија одат кај нив две и Штеф.

Читајќи ги напињањта за црвенокосата, го поддржувам предлогот од пред некоја страна за воведување на name-tags со никови. Понатаму, предлагам и подготовка на каква-таква агенда на настанот која би му дала некаква структура. Ете, на пример, жал ми е што најавуваното караоке не се случи... или се случи?!?

Ја само знам дека 15 минути ја барав колата, за да после ми текне дека дојдов со такси за да не ја барам истата по снегот како морон. Не знам дал се поздравив со друштвото, ваљда се...
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
криво ми е што не дојдов, ама ако случајно се берите битола, башка муфте каве, е тоа е веќе злосторство против човештвото ако не дојдам.
сам си се поканив , ако ???
Ако. Туку глеам живна битолското лоби на форумов полека полека... можиме да напрајме една битолска собиранка? Шо викате?
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Е ајде и од моја перспектива. Прво, Alex The Great нека не лаже дека прв си отиде, зашто јас прв си отидов, ама затоа што и прв дојдов. Кога дојдов, сè уште имаше многу маси и столици во Мистик и сакав да седнам во „кожната ложа“ во аголот, но ми рекоа дека тоа е резервирано. Испадна дека е резервидано за Acid и администраторите-супермодератори-наши-и-да-немаме-други-освен-нив, па си седнав на друга маса. Па после решија дека ќе им прават повеќе проблем, па сите ги однесоа во Mr. Jack, а мене ме станаа. И така јас на нозе ги дочекав првите кајганџии, меѓу кои беше Bog Drone, со којшто, како што самиот рече, бевме двојници по висина и моравме да се грижиме од горе работите да бидат мирни и сталожени. На Acid малку му беше криво што не е во нашето „високо друштво“, ама не смее да се жали зашто ја имаше „кожната ложа“ на располагање.

Како и да е, со Borg Drone ја зафативме средишната маса и потоа тука свој печат оставија StormRage, којшто си стоеше на својот збор и ме честеше пиво (закон си, мајсторе), Alex The Great, GodHateUsAll, Max Legend, Красулка, Stef Angel (сосема ја заслужува сопствената тема за решавање на љубовни проблеми, иако можеби во овој момент несоодветно - за повеќе детали кај него на пп, или на тема, ако ве интересира), Kaiser (мислам дека ќе ги растуриш на фудбал), Crazy In Love (сè уште ли го мразиш февруари?), Acid, Македонка, Princess of Evil (се надевам се загреа ;) ), но убедливо печат на вечерта на таа маса беше конфронтацијата меѓу Леандра и Alex The Great, којашто верувам уште долго ќе се памети. Потоа намина и Тончи (со новата фризура), како и Бидиков, кому сме му многу благодарни што не нè избриша од базата и сè уште сме тука. И да не ја заборавам Hitch (која секогаш ги расположува сите околу себе), како и Еспаљола, којашто исто така нè дружеше на масата (поздрав и од мене до твојата Шпанија :) ).

Краток поздрав, на минување, и до Саладин, Џену и Магде, за многу кратките муабети. Испаѓа дека се знам со една од колешките на Магде... кој би рекол.

Само ми е криво што со Џиш не се најдовме на муабет. Тоа само значи дека имало доволно голема гужва, па сме се утнале :)

И да, вакви собиранки треба да има почесто.

Поздрав.
 
С

сашенко

Гостин
Мене не ми е јасно како тоа со правниче сум се запознал и сум правел маубет а не ми текнува :confused: или ме истрола само тука дека сме се запознале
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.107
Поени од реакции
23.572
Ако. Туку глеам живна битолското лоби на форумов полека полека... можиме да напрајме една битолска собиранка? Шо викате?
јас немам ништо против, за другите незнам.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Да отвориме една тема за пребројување ко така... па во неа ќе дајме и време/место кога ќе се собериме. Кој ќе ја има честа ?
Ајде ти...

;)
--- надополнето: 13 февруари 2012 во 11:46 ---
Абадоне, нека ти е криво, пошто не бев најстар на купот (Бјорн е бар 5-6 месеци постар од мене) + со Ипси и Неса се изнамуабетивме со радикалот како што никад не мислев дека е можно.
:mad:

Џабе не дојдов.
Кажи му на Бјорн, бидејќи утврдивме дека и тој е помлад од мене, од сега натаму да ми се обраќа со почит кон постариот...
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Мене не ми е јасно како тоа со правниче сум се запознал и сум правел маубет а не ми текнува :confused: или ме истрола само тука дека сме се запознале
Хахахахахаха абе правевме маубет, не беше којзнае колку ама јас те запознав знам кој си, убаво се сеќавам:))))
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.447
Нека пукнат воајерите и троловите. Темава иде под клуч.
Тие што не дошле, а можеле да поминат, треба да ви е криво :)

Се гледаме на следната собиранка! : )
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
(Бјорн е бар 5-6 месеци постар од мене) + со Ипси и Неса се изнамуабетивме со радикалот како што никад не мислев дека е можно.
Кој би рекол нели? :) Испадна дека во многу нешта сме истомисленици, затоа ми се допаѓаат собиранкиве, затоа што може со луѓе за кој си сметал дека имаш спротивставени мислења, да си направиш ептен добар муабет.
 
С

сашенко

Гостин
Хахахахахаха абе правевме маубет, не беше којзнае колку ама јас те запознав знам кој си, убаво се сеќавам:))))
Да ти пратам слики може те има, да се сетам хахаха, не ми се верува како не те памтам по лик...мене ме има на таа сликата шо ја стаив, си ја видел сигурно...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom