Да не мислиш на оној што сексуално се изживувал нас својата ќерка?
полека ќе стигнеме до поентата,
значи како е откриен тој мирен повлечен господин и неговата сексуална орјентација кој на никој не му пречел а кој имал деца кои 20 години не излегле надвор од куќата?
Еве накратко на шо мислев јас
Нашата мала во Битола е 2 улици и 20стина куќи, сите се знаеме
Комшиите за кои зборувам имаат деца али никој не ги знае, или ги знае минимално ако ги видел пред 10-20 години по некоја случајност
Нашите сите деца израснаа во малата, одеа и се враќаа на училиште, се играа по улици одеа еден со други на родендени и по родендени по коледе учеа да возат точаци на улица
Нивните не ги видовме ни со чанта ни кон школо ни од школо, ни во двор ни на роденден ни на забава ни во улица ни во продавницата каде секој ден деца трчкале или трчкаат по леб пиво цигари квасец масло шеќер....
Пред едно 5 години ме викна мајка им нешо дома да им помогнам, влегов, еве шо видов
чупето стоеше рацете цврсто прекрстени на гради очите ширум отворени и како здрвена. Реков здраво - таа ништо како да се згрчи појќе, јас се зафатиф со работа таа замина со ќутење....
на бегање од другата соба излезе синот, висок и згрбавен блед како лист хартија млитав, со ретка брадичка обраснат тој со рацете околу себе сам се држеше и така како дух само помина од една соба во друга.
Овде веќе сите и заборвија на нив никој не се ни прашува каде се и зошто се така затворени, дали имаат родителите нешто со тоа или е во прашање некој психички проблем со деца, важно така седат дома секој ден секоја недела година деценија, али ко шо велиш нивна работа, важно бељи не прават.....