Кајгана психолог

Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Нешто многу чудно ми се дешава периодов.Премногу сум раздразлив,ама премногу,речиси на се.Ми доаѓаат некој нервози без некоја посебна причина,премногу негативна енергија се собира во мене,а не ја знам причината,и многу чудно делувам.
Ќе ме биде?
 
Член од
12 јануари 2016
Мислења
43
Поени од реакции
57

Знаеш кога точно ти почна расположениево?
 
Член од
12 јануари 2016
Мислења
43
Поени од реакции
57
Немам појма,ама отприлика последниве 2 недели
Не ти текнуе на никаков тригер у форма на настан или меморија? Си се осеќал друг пут вака или прв пут? И ако да, што е карактеристично за периодите кога се осеќаш така?
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Не ти текнуе на никаков тригер у форма на настан или меморија? Си се осеќал друг пут вака или прв пут? И ако да, што е карактеристично за периодите кога се осеќаш така?
Не бе друже,нешто што свесно го перцепирам не,ама сигурно нешто потсвесно ме грицка и паѓа склопката :D
Познавајќи се,ќе помине за некој ден,ама ме мачи зошто ми се дешава.
Ми се има десено 2-3 пати до сега,ама па после тоа сум одличен,тогаш сум си нормалниот јас.Овие недела-две ми е најдолго,предхотните пати макс 2-3 дена.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.018
Нешто многу чудно ми се дешава периодов.Премногу сум раздразлив,ама премногу,речиси на се.Ми доаѓаат некој нервози без некоја посебна причина,премногу негативна енергија се собира во мене,а не ја знам причината,и многу чудно делувам.
Ќе ме биде?
Колку години имаш?
 
Можда нема никаков настан. Се дешаваат нормални заебанции поради биохемиски причини повремено и без причина што би била психолошка. Види дали ќе те пушти. Пробај да си предизвикаш ок расположение со музика што ти се свиѓа, пушти си топла вода у када ако имаш и релаксирај се, истрчај се на кеј или иди на точак у теретана неколку дена, ваљда не е ништо страшно.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.018
Не бе друже,нешто што свесно го перцепирам не,ама сигурно нешто потсвесно ме грицка и паѓа склопката :D
Прво ова :D Можно е да ти се има случено нешто кое не сакаш баш да му обрнеш внимание па те грицка потсвесно, нешто можеби се променило во твојот живот.. ?
Има мал милион причини зошто би бил нервозен и малце е тешко некој на форум да ти каже без да ти постави голем број на лични прашања.. Можеби најубаво е да си размислиш сам што ти се случува во животот и што може да поттикне ваква промена...
без малку 20
Друго, ова е нормален период на емоционални и хормонални промени и стабилизација.
Може да си побараш на гугл за муд свингс во тие години и ќе видиш дека многумина го искусуваат истото.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Нешто многу чудно ми се дешава периодов.Премногу сум раздразлив,ама премногу,речиси на се.Ми доаѓаат некој нервози без некоја посебна причина,премногу негативна енергија се собира во мене,а не ја знам причината,и многу чудно делувам.
Ќе ме биде?
Душа... касни некое чоколадо, обично само близок човек може да те направи да се почувствуваш толку лошо - а може некој ситници и кога ќе се соберат куп ситни проблеми полоши се од голем проблем па викаме од ништо.
Благо, книга или добра серија.
Ова за мене знаеш како функционира? Бегам од реалноста во книга или серија, и три четири пати ми се има случено да земам рандом книга или серија што ми ја опишува маката. Ама јас сум баксузна. Ти земи гледај нешто што е најгледано годинава или ѕвездени патеки.
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Се ова што се случува е тука за да го надминам (нервози, неправди, нервни сломови), нека го. Ќе го згазам, ветувам!!! :bance:
 
Ружна

Несакано дете
Член од
12 февруари 2016
Мислења
24
Поени од реакции
23
Како да се отарасам од анксиозноста, чаре? Да ја преболам...
Веќе почнуваат да ме зезаат од друштвото, она „не“, ми станало навика... На се живо диво :)
Ајде да излеземе - НЕ.
Ајде дојди кај мене - НЕ.
Све нешо као демек јас не можам, иам работа, а по цел ден дремам дома. Тешко функционирам некако. А и премногу сум ранлива, плачам буквално за се. Дури и за од нетов некои муабети.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Според името кое си го одбрала, заклучувам дека немаш доверба во својот надворешен изглед
Ти имаш 23 години и не можеш лошо да изгледаш. Затоа промени го начинот на размислување и промени го својот стил.
Затоа облечи се убаво и излегувај.....
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.505
Поени од реакции
1.726

Почни со нешто мало, како одење до другарка/продавница/настан со не многу луѓе. Соочи се со тоа што ти прави маки, но полека, чекор по чекор. Ако имаш некој да те придружува во тоа, ко другар/фамилија, тогаш уште подобро.
 
Ружна

Несакано дете
Член од
12 февруари 2016
Мислења
24
Поени од реакции
23
Според името кое си го одбрала, заклучувам дека немаш доверба во својот надворешен изглед
Ти имаш 23 години и не можеш лошо да изгледаш. Затоа промени го начинот на размислување и промени го својот стил.
Затоа облечи се убаво и излегувај.....
Не дека не е така, ама и дебело сум :oops: Морам да се ставам на диета и ќе се ставам за да бидам поубава и да поработам на самодовербата.

Почни со нешто мало, како одење до другарка/продавница/настан со не многу луѓе. Соочи се со тоа што ти прави маки, но полека, чекор по чекор. Ако имаш некој да те придружува во тоа, ко другар/фамилија, тогаш уште подобро.
Сите ги оддалечив од мене. А бе, јас додуша, тачно знам што ми е, како треба... :)
Ама поубаво ми ко споделувам маките и слушам и туѓи мислења.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom