Често го слушам прашањето:Кога би добил 100 000 , 1 000 000, 1 000 000 000 евра/долари, кога би нашол многу злато, кога би го имал највредниот дијамант што би направил и сл., за што би ги искористил ? Знаете ли како им одговарам ? Им одговарам: ќе си купам ферари,ај фон, куќа во Мајами, стан во Париз, ќе дадам дел на најблиските, плажа во Калифорнија и одговори кои значат ништо повеќе од празно трошење на парите. А кога сам си го поставувам прашањето си одговарам: ќе задржам мал дел за мене, а другите ќе ги дадам на тие што најмногу им требаат: гладните, болните и бездомниците. А вистинскиот одговор на прашањето треба да гласи: ќе ги дадам сите пари на гладните, болните и бездомниците, но знаете ли зошто не им одговарам така ? Затоа што луѓето кои ми/ви се блиски сакаат да го слушнат мојот одговор, тие никогаш нема да ви простат доколку го направите тоа од вистинскиот одговор. На почетокот ќе ве фалат и ќе ви велат дека се горди со вас што го имате направено тоа, но после некое време ќе ве осудуваат и ќе ви се смеат зад грб кога ќе ја работите вашата обична работа со плата која изнесува 15 000 денари. Ќе ви се исмејуваат затоа што не возите ферари, немате куќа во Мајами туку во провинцискиот дел од Македонија, немате плажа во Калифорнија, туку на ден два од летото одите во Охрид. Мене/вас куќата во Мајами, ферарито, станот во Париз не ми/ви се потребни. Тие им требаат на гладните, болните и бездомниците. Јас и ти немаме потреба од пиење скапи вина и јадење лосос, нас би можела да не нахрани и паштета, не ни е потребно ферари, и автобусот врши превоз. Но јас и ти сме луѓе, носиме маски, сакаме престиж, сакаме да газиме по црвен ќилим, да гледаме како другите манифестираат восхит кон нас, сакаме да имаме јахти кои би ги поседувале, нас егото ни расте правопропорционално со висината на нашата сметка во банката, ние попрво би ги потрошиле парите за скап поклон и би му ги дале на некој/а маж/жена, јас и ти сме луѓе, ние би дале пари за шофер кој ќе не вози и ни ја отвара вратата, како да самите не сме способни за тоа. Јас и ти сме луѓе, ние сме доволно бедни да купиме парче облека кое изнесува четвртина од платата на родителите, ние сме доволно бедни да сакаме да поседуваме нешта кои не ни вршат никаква функција, ние сме доволно бедни да поседуваме ај фон наместо телефон од 1000 денари, јас и ти сме доволно бедни да делиме совети, а да не ги применуваме, но дали ќе бидеме доволно богати да го сториме тоа што го пишува во вистинскиот одговор ?