Кајгана психолог

Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Што ке каже кајгана психологот за мојов проблем?
Кога сум сам дома во соба поготово кога ке легнам и само така одмарам не спијам, ми доаѓаат еден куп мисли, идеи, информации, ми текнуваат случки, разговори и сл, и мислам дека да почнам да ги пишувам работите за кои размислувам во тие моменти ке можам дури и книга да издадам.
Во кратки црти, милион информации во минута, она што дизајнерите би го нарекле brainstorm.
А кога треба да правам муабет со некој не можам да бидам толку отворен со мислите и не можам да создадам таков квалитет на говор, како што ми текнува во моментите кога сум сам.
На пример на факултет кога треба да презентирам некој проект. Тогаш толку многу се возбудувам што се блокирам и сакам се одеднаш да кажам и тоа што го кажувам не е добро составено односно течно. Преголема напнатост чувствувам, а истото е и кога правам муабет со некој нетолку познат, подалечна личност, па како да се пазам што ке кажам и на некој начин се блокирам.
Не звучам во тие моменти грдо, она ко албанец, ама сепак, не можам да го пренесам она ниво на мисла која можам додека сум сам и размислувам.
Еве и на овој начин сега додека го пишувам ова, се чувствувам толку комотно и слободно и мислам дека могу јасно ја пренесувам мислата, ама да седнеме очи во очи ова што го кажувам ке гокажам во две реченици и нема толку јасен да бидам.
Ваш совет?
Па, не знам дали сите го имаат овој проблем, кога се сами дома си зацртуваат совршени планови во главата, а утредента кога треба да се остварат не може да се репродуцираат ни пола од нив. Те сфаќам. Исто и јас. Особено пред спиење. И тогаш имам најголема инспирација. За тоа со брејнстормот, можеби не си се обидел да ги контролираш мислите. За тоа можеш да се обидеш на пример ти текне една работа и да се задржиш само на неа, да ја обликуваш, да ја продлабочуваш. И кога ќе мислиш дека ќе постигнеш доволно, односно дека нема веќе што да се открие на таа тема во тој момент, премини на друга тема. Така ќе имаш поголема продуктивност. Боље помалку работи а поразглобени отколку се одеднаш да ти текне и ништо да не продлабочиш, се да си остане така.
Ова може е и трема, што на факултет не можеш квалитетно да презентираш твое дело. И мене исто ми се дешава. И мислам дека е трема. Зашто дома пред себе, кога знам дека никој не ме слуша, одлична сум. А пред професор кога треба да излезам, ни пола од совршеноста што можам да ја постигнам дома, на факултет не можам да ја пренесам.
И на кајгана исто, зашто никој не те гледа, не те слуша, имаш простор да напишеш без притисок. Исто и јас. Ако има некој добар совет на темава ќе ни користи.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Лошото е тоа што премногу мислам на споредни работи, наместо да се сконцентрирам на она главното, односно размислувањето за она што треба да го пренесам како информација.
Исто така многу пазам да не навредам некој, не сакам во очите на другите да испаднам арогантен и нарцисоиден и поради тоа дури има и ситуации кај што сум страдал поради тоа што не сум се одбранил од вербален напад или исмевање врз мене.
Битно ми е мислењето на другите за мене, на многу работи пазам и затоа не може мојата целосна мисла да дојде на виделина. Тоа му доаѓа нешто како демо игра и фулл верзија за PC :)
И што е најзаебано, сваќам дека тоа ми смета дека не е во ред, не сакам да се случува, а не можам да го контролирам кога се случува. Сакам да го променам ама не знам како?
 
Нема точни и неточни совети, има добри и лоши. Не знам мојов за каков ќе биде оценет, зашто ќе биде даден од некој што не е искусен на оваа тема. За тоа погоре да, те разбирам. Ама не сум имала контакт со ваков проблем, и не знам како би се решил. Би можела да ти кажам, дека единствено ти можеш тоа да го решиш. Треба да знаеш дека се е во вољата. Ако сакаш - можеш. Само треба да смислиш некој твој механизам, што тебе најмногу ќе ти одговара, како кога ќе почнеш да се замараш со неважни детали, да се префокусираш кон важното. Пробај секој пат кога ќе збориш со некој, и ќе се осетиш дека збориш за споредното, наместо да се сконцентрираш на она што навистина си сакал да го кажеш, да речеш на пример: ама добро, да не навлегувам многу во детали, поентата е дека - и ќе кажеш што било поентата, нели :) Особено ако се обидеш да се опуштиш, ама онака сварно од срце да се обидеш (а тоа никако нема да го постигнеш со мислењето на тоа - треба да се опуштам треба да се опуштам треба да се опуштам. Тоа нема да ти помогне, напротив, ќе ти ја зголеми напнатоста. Пробај само да не мислиш на напнатоста. Само вдиши и врати се на муабетот. Пробај да направиш да изгледа како што би сакал да изгледа, ако твојата неопуштеност не би го расипала.) На почеток додека не ја совладаш техниката што ќе си ја создадеш, дозволено е користење на изговори за тоа зашто си вознемирен или ја вртиш темата. Труди се секогаш кога ќе дадеш некој изговор да биде што е можно посовпадлив во обичното секојдневие, да не изгледа како изговор. И што е најважно - кога ќе почувствуваш дека се забележува напнатоста, тогаш кажи го изговорот: немој да направиш да изгледа како да си имал план од пред тоа што треба да кажеш и кога да кажеш нешто. Само, не смееш да дозволиш да те понесе тоа, и за некое време да се фаќаш себе како се лажеш за тоа зашто си напнат. Ти реков, само додека не си најдеш начин сам да се извлечеш. И нема одолговлекување. На пример навечер пред да легнеш наместо да размислуваш за ред секојдневни и неважни работи, пробај да си склопиш ситуации со одредени околности, да предвидиш како би се однесувал ти во тие околности и да пробаш да направиш некоја шема како е правилно и добро да изреагираш. Ако во умот си имаш некои такви шеми полесно ќе ти биде после во реалноста да ги примениш.

За туѓото мислење, на кого повеќе на кого помалку - на сите ни е важно. Сепак, ние сме социјални битија, не функционираме како луѓе во асоцијални услови. А за да бидеме вклопени во тие социјални услови треба да имаме некаква позитивна корелација со другите луѓе. А за да ја предвидиме таа позитивна корелација важно е да предвидиме како треба да се однесуваме за да им се допаднеме. Тоа во обични ситуации каде се очекува од нас да ги почитуваме моралните норми. А во ситуации каде треба да дојде до израз нашето ЈАС тогаш реагираме како што чувстуваме и после ја анализираме реакцијата на другите. Значи, тоа е важно заради нашиот социјален статус - во смисла на нашата прифатеност од страна на другите во нашата непосредна околина. Е сеа, твојата важност што му ја придаваш на туѓиот впечаток за тебе може е преголема. Ама и ти си свесен за тоа, и треба да го смениш. Значи ако се фаќаш себе во ситуација да се цензурираш заради тоа некој да не добие негативен впечаток за тебе (освен ако се работи за некој што ти е важно што ќе мисли поради понатамошна корист - не сум човек што со 'корист' подразбира нечија услуга која ќе ја добиеш на поклон, односно без ти да вратиш некако за неа; едноставно мислам за на пример, пријател на твоите, професор, родител на другар/ка, така нешто) и си ги контролираш во преголема мера постапките кои без да ги контролираш не би имале лош ефект и намера, тогаш е претерано твоето придавање важност на туѓото мислење. А не би требало да биде, знаеш зашто? Зашто ако пред другите се трудиш да изгледаш совршено, никогаш нема да те запознаат каков си навистина. Колку и да се трудиш некогаш ќе оставиш добар некогаш недобар впечаток. Тоа е неизбежно. Значи не можеш да влијаеш. А многу е полесно да бидеш тој што си, па тие што ќе те проценат за добар да знаеш дека те квалификуваат за таков поради самиот тебе, не поради глума. А тие што нема да им се допаднеш - а сосема е нормално да има и такви, барем ќе знаеш дека има извесни разлики помеѓу вас и со нив едноставно нема да се дружиш интензивно, и тоа е тоа. Многу е важно да кажуваш што мислиш ако сакаш другите да имаат став за тебе. Значи ако сакаш да бидеш неприметен и никој да не знае кој си и што си, тогаш ќути си и не дозволувај си твоите ставови да бидат познати за другите. Ама ако сакаш да стекнеш искрени пријатели што ќе те сакаат ради тоа што си, пушти го лавот во тебе да излезе на виделина и да каже што има. А го има тој лав, се гледа. Да го немало, немаше ни постов да го има.

И уште една многу важна работа, која ја одвоив во посебен пасус, е тоа дека не смееш да дозволиш да те исмеваат или да те напаѓаат вербално. Затоа што ти си ти, ти имаш свој идентитет, свој карактер, и што и да си направил си го направил ради себе, не ради некој друг. А ако си направил нешто ради себе, нема зашто да се срамиш и да не вратиш кога некој ќе те нападне. Не дозволувај да те гаѓаат со јајца, не заслужуваш. Се гледа дека си фино и паметно дете, дека имаш ставови и мислења, не си ништо. Имаш потенцијал. Не дозволувај другите да ти ја намалат самодовербата со нивното исмевање. Злобни се луѓето, па што? Нека си бидат. Не живееш за нив, за себе живееш. Кога ќе кажат нешто, размисли дали имаат право за тоа. Дали си направил нешто срамно, нешто подло, па да имаат причина да те прекоруваат? Не верувам. Па што те спречува тогаш да застанеш на свои нозе и да кажеш што имаш, да се одбраниш? Ќе ти речат, не знаеш да правиш муабет. 'Па што ако не знам?! Јас барем се трудам, и види од кого ми доаѓаат тие зборови, од смешен мочко што исмева некој што мисли дека е послаб од него?! Мислиш дека тоа што го правиш е нешто за гордеење? Бравос!' А и да немаш сила тоа да го кажеш, не е важно. Важно е да кажеш не ме замарај, глеј си твоја работа. За ова со исмевањето можам многу добро да те сфатам. Зашто јас сум висока 1,43 см. И? Знаеш дека ние, луѓето што се двоиме од толпата поради некоја причина сме исмевани. А ЗАШТО? Зашто не сме како нив. И што ако не сме? Само, јас никогаш не сум дозволила да ме згазат. Иако сум најниска, секогаш во турканица треба да кревам раце за да видат дека сум тука, ама секогаш сум била забележителна. Не ми е важно што ќе речат. Важно ќе го кажам она што имам да го кажам. Немој да мислиш дека не ми биле упатени коментари како 'кепец' или 'џуџе' или 'касни порасни'. Ми биле, и те како. Само не сум им дозволила да дојдат над мене. Зашто секогаш сум знаела која сум јас, дека сум чиста пред себе, а висината? Баш ми е симпатична. Веќе и ми е омилена особина зашто не сум како другите, јас сум ЈАС. Порано почнав со комплекси и носев топуци нон стоп, не знам што. И одвратно беше, искрена да бидам. А денес, нема нешто што повеќе ми се свиѓа на себе што сум ниска и слаба, што се носам гордо по патики, што секогаш знам да вратам културно и фино на коментарите. А и да згрешиш? Никој не е совршен. Никој не ни очекува од тебе да бидеш. Само биди тој што си, и дозволи си да ја задоволиш таа потреба да ги кажеш гласно и гордо твоите ставови. Убедена сум дека можеш, нема кој не може. Слабите личности не бараат помош. Слабите личности не се спремни да се соочат со себе и да направат компромис со себе заради свое добро. А ти си. Значи, очекувам позитивна промена. :)

ПС. Забораив да напишам, дека тоа што пазиш да не навредиш некого, треба да гледаш како на доблест, не на маана. Зашто тоа ти е особина што ретко кој ја има, и повеќето ломотат ко муви без глави и често повредуваат луѓе без ни да се свесни за тоа. Затоа мислам дека оваа особина ќе ти биде еден чекор понапред кон позитивна прифатеност од друштвото, зашто сите ќе знаат дека ти си другар што прво никогаш нема да им зборува зад грб, а второ никогаш нема да каже нешто што ќе направи да се почувствуваат непријатно. Така да, само напред со ова, нема потреба од менување.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Фала ти за исцрпниот одговор, се надевам дека има во тебе уште сила да стискаш на тастатурата. :)
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Фала ти за исцрпниот одговор, се надевам дека има во тебе уште сила да стискаш на тастатурата. :)
Има, има не се секирај. Ако треба уше нешо, уше некој ваков реферат, слободно :)
 
Член од
21 јули 2009
Мислења
41
Поени од реакции
0
Значи да ви се пожалам малце..Последните 2 години секојдневно се разочарувам,нервирам,карам..Се разочарувам од луѓето..се осеќам депресивно,сакам да седам сам дома..Песимистички настроен..Треба да направам некои реформни ама не знам од каде да почнам,мислам дека тоа што сакам да го направам не е исправно,дека ќе утнам уште повеќе..Некад се заклучувам у соба и не искачам..Ќе кажете дружба помага во се..ама едноставно кога сум со други некад,се осеќам непријатно и сакам сам да седам..Иако сум машко немам balls да направам некои ствари..се разочарав у љубов,другарство..Сакам да заминам..Да избеггам од тука..некад се запрашувам зашто сум пратен тука..секојдневно да се нервирам..Не знам..Не може никој да ми помогне знам а неможам ни самиот себе си..Се мразам..
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525

Сите имаме такви периоди, мој совет е да земеш неколку добри книги по можност психолошки или духовно настроени да се опуштиш и да си ги прочиташ, нема брзање, секој се разочарува, живот е ова не е бајка, главата горе и секогаш да знаеш дека мора да се продолжи, ако сите сме сами барем сме заедно во тоа, во осаменоста:) не сите што ги гледаш околу тебе се среќни и се им е средено ако е некаква утеха, тоа што се изолираш според мене е исто нормална појава сум имала такви периоди и подобро е да не форсираш да искачаш доколку не ти е до тоа слушај си ги внатрешните гласови и интуицијата, премлад си да се разочараш од љубов според мене повеќе искуство е потребно за да можеш да го изјавиш ова со сигурност, за крај да кажам дека и овој период е позитивен и води до наоѓање на самиот себе:) без страдање нема творење нема пронаоѓање на вистинска среќа, значи само смирено се ќе си дојде на свое место...........................................................
 
Член од
21 јули 2009
Мислења
41
Поени од реакции
0
Ќе пробам со книгите,тоа ќе биде нешо ново за мене..а тоа само смирено и да гледам позитивно..не можам веќе...а за љубов верувај 2 години се доволно искуство..фала ипак
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Значи да ви се пожалам малце..Последните 2 години секојдневно се разочарувам,нервирам,карам..Се разочарувам од луѓето..се осеќам депресивно,сакам да седам сам дома..Песимистички настроен..Треба да направам некои реформни ама не знам од каде да почнам,мислам дека тоа што сакам да го направам не е исправно,дека ќе утнам уште повеќе..Некад се заклучувам у соба и не искачам..Ќе кажете дружба помага во се..ама едноставно кога сум со други некад,се осеќам непријатно и сакам сам да седам..Иако сум машко немам balls да направам некои ствари..се разочарав у љубов,другарство..Сакам да заминам..Да избеггам од тука..некад се запрашувам зашто сум пратен тука..секојдневно да се нервирам..Не знам..Не може никој да ми помогне знам а неможам ни самиот себе си..Се мразам..
Ова ти што го кажуваш е карактеристично за пубертет. Нормално, не го доживуваат сите исто, кај некој има подрастични промени, кај некои понеизразени. Еве, кај тебе вака се манифестира (АКО е пубертет). Ако е тоа, тогаш мислам дека не треба да се секираш, треба повеќе да истражуваш, да бараш работи што ќе те интересираат, да се трудиш да уживаш во нив. Исто, и добар совет беше тој на Филозофка, со книгите. Иако многу луѓе имаат против литература за самопомош, затоа што сметаат дека никој не може да не научи како да живееме, јас мислам дека сепак, може нема да те научат да живееш без грешка, ама тие книги се напишани од луѓе што имаат малку повеќе искуство од нас, децата. Тие сепак имаат некоја животна приказна, научено од некои грешки, видено некои работи. Не се сите книги вредни за читање, нема сите да ти помогнат, особено не оние што се напишани од луѓе неспецијализирани во психологија. Книгите напишани од неексперти во некоја област мислам дека не можат да пружат квалитет како оние напишани со луѓе што потрошиле години студирајќи ги манифестациите на психата. Мислам дека ова би требало да ти помогне, барем малку.

Друга работа, погоре реков АКО е пубертет. Значи овие симптоми се карактеристични и за депресија, особено зашто имаш наведено дека до сега 2 години ти траат овие работи. А депресија не можеш со книги и со шетање да излечиш. Не е ништо страшно, на секој може да му се случи. Фино што си го кажа проблемот, вака си ги зголеми шансите да се средиш. И немој да имаш такви ставови: 'Иако сум машко немам balls да направам некои ствари'. Ако си машко не значи дека немаш психа и дека не си подложен на проблеми, дека немаш емоции, дека имаш помалку шанси да се разболиш или дека по некое замислено правило треба да бидеш позатворен од женските. Тоа ти се народни прикаски. Нема врска сето тоа, немој да мислиш дека си слабак ако си машко и си признаваш дека имаш проблем. Напротив, со тоа треба да се гордееш, дека правиш нешто за да ги промениш ставовите што немаат факти што ги поддржуваат. Сепак, да се вратам на депресијата. За тоа не можам да ти помогнам ни јас ни пак некој друг форумџија. Прво, таа работа се дешава очи у очи, зашто не е површна работа. Второ, тоа не моеш со нас, тука да го решиш, туку треба да поразговараш со психолог. Се надевам немаш предрасуди, зашто нема потреба од тоа. Луѓето мислат дека се луди ако одат на психолог. А работа на психологот е да работи со здрави луѓе и да им помогне да ја одржи здравата психа. Ние можеме тука да ти праиме муабети за некој симптом да си средиш, да ти биде полесно, ама ако е депресија, вистинската причина ќе си остане. И после некое време пак ќе си се врати. Нема ништо страшно од разговор со стручно лице, ништо не е срамота, тоа им е работа на нив. И пак, ако си машко не значи дека си слабак ако имаш потреба од разговор. Тоа нема врска едно со друго. Значи, уживај, и мислам дека ова ти е најдобро решение.

И да, тоа што викаш сакаш да заминеш да идеш на друго место. Мислиш дека таму нема да ги имаш истите проблеми? Ако ја смениш средината овие работи пак ќе ти се вратат, нема врска тоа со одењето некаде. Значи ако не поработиш на сам себе, ќе заглавиш. Може звучи пребрутално и остро, ама не е. Мислам, секојдневна работа е, не е редок случај. Има луѓе специјализирани да ги решат тие проблеми, да им помагаат на другите луѓе. Викаш, дека луѓето ти викаат да се смириш и да бидеш само позитивен. Оптимизмот не функционира така. Едноставно зависи од други работи. Ако си незадоволен од себе, ако имаш проблеми, ако те мачат работи, 'глеј посветло на работите' нема да помогне.
Ти викам, нема шанса да си у загуба ако помуабетиш со психолог. Можеш да пробаш, немаш што да изгубиш. Никој не те тера, значи треба да сакаш да си помогнеш. А така нема шанса да не си помогнеш. Значи, само напред, ќе се средиш. Се надевам ќе биде се во ред.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Значи да ви се пожалам малце..Последните 2 години секојдневно се разочарувам,нервирам,карам..Се разочарувам од луѓето..Се осеќам депресивно,сакам да седам сам дома..Песимистички настроен..Треба да направам некои реформни ама не знам од каде да почнам,мислам дека тоа што сакам да го направам не е исправно,дека ќе утнам уште повеќе..Некад се заклучувам у соба и не искачам..Ќе кажете дружба помага во се..ама едноставно кога сум со други некад,се осеќам непријатно и сакам сам да седам..Иако сум машко немам balls да направам некои ствари..се разочарав у љубов,другарство..Сакам да заминам..Да избеггам од тука..некад се запрашувам зашто сум пратен тука..секојдневно да се нервирам..Не знам..Не може никој да ми помогне знам а неможам ни самиот себе си..Се мразам..
Ти си зрел за психолог и тоа не чекај премногу и да не ти е срам. Добар психолог може многу да ти помогне да излезеш од ситуацијата во која се наоѓаш.

Инаку едно по едно од болдираните.

Дефинирај кој те разочарал и зашто? Не ти вратиле пријателство како што си очекувал, те зезнал другар? Па луѓето се најчесто идиоти (со ретки исклучоци) така да еден до двајца добри пријатели да најдеш во живот многу си постигнал. Освен тоа разочарувањето е продукт на нашата погрешна перцепција и очекувања од другите. Да си знаел однапред како ќе биде немало да се разочараш. Рецептот е многу лесен, не очекувај веќе ништо од никого а ако ти се врати со добро цени го дупло :).

Седењето дома ти е маска за да побегнеш од проблемите и привремено помага ама само фиктивно. Ништо не си решил само си се тргнал од можно ново разочарување. Сега ќе ти личи дека постапуваш единствено можно исправно ама по неколку години ако тоа потрае ќе ти биде се потешко да се вратиш назад а дури и да се вратиш ќе си речеш кој идиот сум бил затоа што времето проседено дома нема веќе никогаш да го вратиш назад. Со други зборови што и да правиш мораш да излегуваш меѓу луѓе колку и да не ти се свиѓа и колку и да ти е тапо, нема да се покаеш а е многу важно.

Ми се чини од напишаното дека ти фали самодоверба од некоја причина. Ако е реална види дали може да се корегира ако е нереална баш психологот може да те посочи како да си ги корегираш слабостите во карактерот кои те кочат.

Ќе објасниш подобро за што немаш храброст да направиш иако си машко и што станало со љубовта? Страв ти е да не добиеш корпа или на друго си мислел?

Пс. Има право Филозофка книги понагаат ама во твоја фаза тешко да се доволни.
 
Член од
21 јули 2009
Мислења
41
Поени од реакции
0
Значо Slatko-malo фала за советите.Секако немам ништо против психолог..Само ја бев советуван од другари да одам на психијатар иако не знам што е разликата..Пубертет би требало да не е веќе имам 17 год..фала многу ипак
п.с посебно ги мразам вечерните часови а и веќе не слушам весела музика..

[/B]"Напротив, со тоа треба да се гордееш, дека правиш нешто за да ги промениш ставовите што немаат факти што ги поддржуваат." [/B]
Како да се гордеам кога 99% од машките(барем моите другари)не"плачат и се жалат за свои проблеми" туку едноставно НЕ СЕ ЗАМАРААТ за некои ствари..А јас сум ПРЕМН ЕМОТИВЕН што е голем проблем за мене..Некои луѓе се на прво место па после јас..Барем у моја глава и знам дека тука е грешката ама не можам да се правам како Who cares?!?

Силен фала и на тебе па вака..За другари/ки увек сум бил тука као шо спомнав и погоре на слатко-мало за некои личности сум гледал поише од самиот за себе,али на крај сум се разочарал мн од нив..
Вака сум заљубен у девојче у кое несмеам да бидам заљубен бидејќи она ме глеа само као брат и ништо повеќе..ове е веќе добри година и пол..и продолжува понатака.. Мн другари ми викаат заеби ја има нешо друго ова она ја никако не можам..Ќе тргне 2-3 дена ќе ќутам и после пак јас ќе ја молам да се смириме(ако сме скарани).. а плус она има и дечко,али ја пак продужив да бидам блиску до неа иако ме боли мн,ама едноставно немам "balls" да заебам све и да сменам нешто у тој поглед,како тие години болка покрај неа да неќам да ги избришам..и како што спомна самодоверба нула.. Ќе кажете "there are plenty of fish in the sea" y моја глава ЗНАМ дека ни една нема да ме погледне,пошто се заебав еднаш и неќам пак..едноставно не се осеќам као некад дека ќе имам девојка или пак на некоја да и се свиѓам барем малце..знам дека ова се ситници за вас и дека има МН МН пострашни проблеми ама јас не можам едноставно да се справам со ова..у моја глава е така,не знам од каде да почнам,не знам како да издржам..Знам дека е смешно од една страна ама сакав некој да ме сослуша не мора да ме разбере..фала
 
П

Пепси_

Гостин
Лошото е тоа што премногу мислам на споредни работи, наместо да се сконцентрирам на она главното, односно размислувањето за она што треба да го пренесам како информација.
Исто така многу пазам да не навредам некој, не сакам во очите на другите да испаднам арогантен и нарцисоиден и поради тоа дури има и ситуации кај што сум страдал поради тоа што не сум се одбранил од вербален напад или исмевање врз мене.
Битно ми е мислењето на другите за мене, на многу работи пазам и затоа не може мојата целосна мисла да дојде на виделина. Тоа му доаѓа нешто како демо игра и фулл верзија за PC :)
И што е најзаебано, сваќам дека тоа ми смета дека не е во ред, не сакам да се случува, а не можам да го контролирам кога се случува. Сакам да го променам ама не знам како?
Значи не сум бил само јас со ваков еб... проблем кој ми го уништува животот.Истото се случува и со мене како дармон само јас сум 15-16 години за разлика од него ако е битно ама не е.Е сеа работата е кога седам или гледам во ТВ милиони мисли и слики ми минат низ глава и убави и неубави и фантази се и сешто и нон стоп сум деконцентриран.Како што кажа и тој исто така кога треба да се зборува со некој по малце познат фаце ту фаце се блокирам скроз поцрвенувам (незнам дали е од срам или што знам) и не ми идат зборови едноставно да ме прашаш како се викам ќе треба да се подзамислам.
Од овој проблем произлегува и др. а тоа е шо кога сум во близина на женски се губам скроз и потоа кога ќе останам сам (дома) и размислувам па зошто бе ова вака не го кажав,а зошто ова го премолчев и се критикувам самиот себе.Благодарам и секаков совет е добредојден.
 
Член од
31 јули 2010
Мислења
111
Поени од реакции
23

--- надополнето ---

Како да се гордеам кога 99% од машките(барем моите другари)не"плачат и се жалат за свои проблеми" туку едноставно НЕ СЕ ЗАМАРААТ за некои ствари..А јас сум ПРЕМН ЕМОТИВЕН што е голем проблем за мене..Некои луѓе се на прво место па после јас..Барем у моја глава и знам дека тука е грешката ама не можам да се правам како Who cares?!?

Силен фала и на тебе па вака..За другари/ки увек сум бил тука као шо спомнав и погоре на слатко-мало за некои личности сум гледал поише од самиот за себе,али на крај сум се разочарал мн од нив..
Вака сум заљубен у девојче у кое несмеам да бидам заљубен бидејќи она ме глеа само као брат и ништо повеќе..ове е веќе добри година и пол..и продолжува понатака.. Мн другари ми викаат заеби ја има нешо друго ова она ја никако не можам..Ќе тргне 2-3 дена ќе ќутам и после пак јас ќе ја молам да се смириме(ако сме скарани).. а плус она има и дечко,али ја пак продужив да бидам блиску до неа иако ме боли мн,ама едноставно немам "balls" да заебам све и да сменам нешто у тој поглед,како тие години болка покрај неа да неќам да ги избришам..и како што спомна самодоверба нула.. Ќе кажете "there are plenty of fish in the sea" y моја глава ЗНАМ дека ни една нема да ме погледне,пошто се заебав еднаш и неќам пак..едноставно не се осеќам као некад дека ќе имам девојка или пак на некоја да и се свиѓам барем малце..знам дека ова се ситници за вас и дека има МН МН пострашни проблеми ама јас не можам едноставно да се справам со ова..у моја глава е така,не знам од каде да почнам,не знам како да издржам..Знам дека е смешно од една страна ама сакав некој да ме сослуша не мора да ме разбере..фала

Мислам дека ти имаш предиспозиции за да најдеш вистинско другарство и вистинска љубов понатаму.Но почекај малку имаш само 17 години.Уште треба да учиш и да собираш искуства.Јас мислам дека ова е најдоброто нешто што може да ти се случи ,а да научиш т.е да го земеш како лекција.Велиш дека си бил разочаран во другарство и љубов.Ете токму тука треба да ја прочиташ лекцијата на безусловното пријателство и љубов.Тоа разочарување денес ќе те направи поискусен и помудар кога ќе ги избираш пријателите и девојката утре.Сега си во години кога многу работи ти се испомешани во главата и немаш јасни цели кои ќе те водат низ животот.Време е да почнеш да размислуваш паметно во однос на тоа во кого вложуваш емоции.Лекција што треба да ја научиш во иднина е дека не секој го заслужил твоето внимание и грижа.Биди претпазлив кому му ја даваш љубовта во ова испревртено современие.Нема да ти биде прво разочарување и немој да мислиш дека баш така лесно ќе ги добиеш овие работи,тешко е но добрата вест е дека ако( како што кажа Slatko malo:) ) имаме волја ќе успееме.Нема нешто што неможе да се добие ако е тоа реално и нема нешто што кога би се добило да би не задоволило до максимум.Најважно е да се бориш да го добиеш она што го сакаш во моментов.А кога ќе го добиеш одиш на следно,па на следно итн..
Совет за љубовта.Мислам дека уште е рано за да сфатиш што навистина сакаш од едно девојче.Можеби стварно таа што сега ја сакаш е стварно таа што ќе ка сакаш да ти биде сопатничка , ама многу е рано за тоа и мислам дека сеуште треба да се градиш и да дознаваш што сакаш.А ако има дечко и ако оваа цел е нереална немој да губиш време.Немој да одиш со глава во зид.Побарај друга прилика сигурно ќе дојде.
И немој да се затвораш премногу..Дај си некое време да се средиш.Биди сам некое време.Истражувај што сакаш од животот?Што сакаш да постигнеш?Барај совети.Читај книги.Слушај музика.И од кога ќе се средиш искочи на терен и почни да го бараш тоа што веќе си го зацртал претходно кога си бил сам дома.Било што.Од тоа што сакаш да учиш понатаму,девојка,другари,хоби итн..Уште некоја година се надевам дека ќе се запишеш на факултет Вервуај ако правилно постапиш ќе ти се смени животот за 360 степени..И не заборавај имаш плодна почва за љубов и пријателство,само ти треба да ја искористиш и обработиш.Ова ти е сушна година :)Поздрав и се надевам дека ќе успееш

слушни

Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Значо Slatko-malo фала за советите.Секако немам ништо против психолог..Само ја бев советуван од другари да одам на психијатар иако не знам што е разликата..Пубертет би требало да не е веќе имам 17 год..фала многу ипак
п.с посебно ги мразам вечерните часови а и веќе не слушам весела музика..

[/B]"Напротив, со тоа треба да се гордееш, дека правиш нешто за да ги промениш ставовите што немаат факти што ги поддржуваат." [/B]
Како да се гордеам кога 99% од машките(барем моите другари)не"плачат и се жалат за свои проблеми" туку едноставно НЕ СЕ ЗАМАРААТ за некои ствари..А јас сум ПРЕМН ЕМОТИВЕН што е голем проблем за мене..Некои луѓе се на прво место па после јас..Барем у моја глава и знам дека тука е грешката ама не можам да се правам како Who cares?!?

Силен фала и на тебе па вака..За другари/ки увек сум бил тука као шо спомнав и погоре на слатко-мало за некои личности сум гледал поише од самиот за себе,али на крај сум се разочарал мн од нив..
Вака сум заљубен у девојче у кое несмеам да бидам заљубен бидејќи она ме глеа само као брат и ништо повеќе..ове е веќе добри година и пол..и продолжува понатака.. Мн другари ми викаат заеби ја има нешо друго ова она ја никако не можам..Ќе тргне 2-3 дена ќе ќутам и после пак јас ќе ја молам да се смириме(ако сме скарани).. а плус она има и дечко,али ја пак продужив да бидам блиску до неа иако ме боли мн,ама едноставно немам "balls" да заебам све и да сменам нешто у тој поглед,како тие години болка покрај неа да неќам да ги избришам..и како што спомна самодоверба нула.. Ќе кажете "there are plenty of fish in the sea" y моја глава ЗНАМ дека ни една нема да ме погледне,пошто се заебав еднаш и неќам пак..едноставно не се осеќам као некад дека ќе имам девојка или пак на некоја да и се свиѓам барем малце..знам дека ова се ситници за вас и дека има МН МН пострашни проблеми ама јас не можам едноставно да се справам со ова..у моја глава е така,не знам од каде да почнам,не знам како да издржам..Знам дека е смешно од една страна ама сакав некој да ме сослуша не мора да ме разбере..фала
Znaci brat, koga vekje si sogledal kakov si, znaci si sogledal i deka treba nesto da smenis kaj sebe...moe mislenje e vaka....zosto si stanal tolku drugar so nejze ako imas cuvstva sprema nea...drugo.....bidi maz i goni ja u kurac...ke mine nekoe vreme i ke se smiris vo toj pogled...i veruvaj deka uste ne si oformen kako licnost se uste si mlad..ke ides na fax...tamu ke ima picki eden tonn..ke ebes ke sobiras korpi pa nervozi od sekoj tip, i eden den ke sfatis deka si se nerviral za nekoja cavka koja ne zasluzuva nisto...i ako sakas polesno da go prebrodis ova gledaj da si na sto pogolema distanca od nea...ne iniciraj sredbi duri i odbivaj gi nejzinite pokani za druzenjei taka ke se pocustvuvas po samouveren i poleka se ke si dojde na svoe mesto...ili druga opcija vikni ja i kazi i se kako sto e( sto jas ne bi go napravil)....ne vredi covece da si kines nervi za edna edinka.....neka te dobie tebe taa sto misles deka te zasluzuva...i da receme taa ke se soglasi da ti bide devojka....ako e od sozaluvanje sto ti vredi...veruvaj od iskustvo ti zboruvam , begaj od komplicirani lugje kako od gjavolot...uste si mlad drugar...zivej si go zivotot..uzivaj...se nadevamm ke razmislis i ke vidis deka ne vredat ovie nervozi za nikojna svetot..:salut:
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Значо Slatko-malo фала за советите.Секако немам ништо против психолог..Само ја бев советуван од другари да одам на психијатар иако не знам што е разликата..Пубертет би требало да не е веќе имам 17 год..фала многу ипак
п.с посебно ги мразам вечерните часови а и веќе не слушам весела музика..

[/B]"Напротив, со тоа треба да се гордееш, дека правиш нешто за да ги промениш ставовите што немаат факти што ги поддржуваат." [/B]
Како да се гордеам кога 99% од машките(барем моите другари)не"плачат и се жалат за свои проблеми" туку едноставно НЕ СЕ ЗАМАРААТ за некои ствари..А јас сум ПРЕМН ЕМОТИВЕН што е голем проблем за мене..Некои луѓе се на прво место па после јас..Барем у моја глава и знам дека тука е грешката ама не можам да се правам како Who cares?!?

Силен фала и на тебе па вака..За другари/ки увек сум бил тука као шо спомнав и погоре на слатко-мало за некои личности сум гледал поише од самиот за себе,али на крај сум се разочарал мн од нив..
Вака сум заљубен у девојче у кое несмеам да бидам заљубен бидејќи она ме глеа само као брат и ништо повеќе..ове е веќе добри година и пол..и продолжува понатака.. Мн другари ми викаат заеби ја има нешо друго ова она ја никако не можам..Ќе тргне 2-3 дена ќе ќутам и после пак јас ќе ја молам да се смириме(ако сме скарани).. а плус она има и дечко,али ја пак продужив да бидам блиску до неа иако ме боли мн,ама едноставно немам "balls" да заебам све и да сменам нешто у тој поглед,како тие години болка покрај неа да неќам да ги избришам..и како што спомна самодоверба нула.. Ќе кажете "there are plenty of fish in the sea" y моја глава ЗНАМ дека ни една нема да ме погледне,пошто се заебав еднаш и неќам пак..едноставно не се осеќам као некад дека ќе имам девојка или пак на некоја да и се свиѓам барем малце..знам дека ова се ситници за вас и дека има МН МН пострашни проблеми ама јас не можам едноставно да се справам со ова..у моја глава е така,не знам од каде да почнам,не знам како да издржам..Знам дека е смешно од една страна ама сакав некој да ме сослуша не мора да ме разбере..фала
Немој да се збуниш со годините, после пубертет иде адолесценција, а адолесценција почиња околу 20та година. Значи уште си во пубертет. Ама депресијата не е невозможна за пубертетот. Ете, имаш проблеми што ти е тешко да ги решиш. Кој нема? Ти мислиш дека јас ако сум силна на тебе да ти давам совети, да се трудам на други да им помагам, дека немам проблеми? Мислиш дека сите се храбри да се соочат со предизвиците што им ги налага животот? Ете од таму почнуваат проблемите, а со тоа и депресијата.
За разликата меѓу психијатар и психолог, психијатар е доктор, он има завршено медицински факултет и има специјализирано психијатрија. И тој се занимава понекогаш и со посекојдневни нарушувања како депресија, ама он е повеќе специјализиран за потешките нарушувања, како ментални болести. И, да. Он како доктор има дозвола да препишува лекови, и ако отидеш кај него, може ќе имаш терапија, ама и ќе ти препише антидепресиви и ќе те среди. По мене мислам дека сепак е боље да идеш на психолог, зашто психологот не е доктор, има завршено филозофски факултет и се занимава со нормалниот дел од психата, и нормално нарушувања што не опфаќаат толку ментални заболувања (посериозни ментални заболувања, освен клиничката психологија, ама тие што се занимаваат со тоа претежно работат во установи за луѓе со ментални заболувања.) И со него ќе си напраиш муабет, и он ќе ти олесни како ТИ сам да гледаш на работите и како ти сам да си ги средиш проблемите. Значи приодот е сосема нормален, не како према болен човек. Мислам дека ова ти е најдобра опција, ние тука можеме само да погодуваме што точно е, и на што наведуваат овие симптоми, а ти најдобро да си напраиш муабет со стручно лице и да му ја кажеш целата приказна па он да ти каже шо понатака.

За емотивноста. Нормално, те сфаќам дека ти е тешко зашто се осеќаш како различен, ама тоа не е проблем. Секако дека има и луѓе како тебе. А и колку е добро, толку не е добро да не се замараш. Знам дека машките имаат обичај да не за жалат и да не разговараат за своите чувства и проблеми, ама за нас женските кога ќе дојде такво машко тоа ни е ко кец на десетка :) Зашто сите се праат мажишта, а не дека тие немаат проблеми, само се кријат позади нив. И нас не ни се свиѓа тоа (барем мене) да се лажат себеси и другите дека секогаш е се супер и не се замараат. Секој си има недостатоци, и претпоставувам ти на ова гледаш како на недостаток. Ама мислам дека нема потреба од тоа, зашто види, тие што се емотивни, и што ги анализираат работите, се чувствуаат премногу добро коа ќе успеат да се справат со нив. Имаат варијации во чувствата. А другите, тие што 'не се замараат' се чувствуваат секогаш исто, односно доброто не може да го надмине интензитетот на секојдневното добро, и лошото не може да го надмине интензитетот на секојдневното лошо. Мислам дека е добро да имаш чувства и да не ги криеш, да не се правиш нешто што не си. Зашто ако ги потиснуваш за да се вклопиш во друштвото можеш огромни проблеми да си напраиш.
И не е смешно што си имал потреба од разговор, сите имаме. Сварно не е смешно и не е убаво такви ставови да развиваш, дека е срамота да си ги кажеш проблемите и да си се олесниш. Не е срамота да имаш проблеми, не е срамота да збориш за нив и да те мачат. Нормално е, човек си, не си отпорен на емоции.

За тоа дека имало личности за кои си се грижел повеќе отколку за самиот себе, можеби немале сите такви искуства, ама барем поголемиот дел од нив научиле од грешките. И јас сум една од тие. Исто, непоправлив алтруист сум, секогаш за сите ќе изгинам. А за мене никој пет пари не дава. Ама, сега тоа се смени. Сега сум океј со сите, ќе помогнам колку можам, ама веќе не се ризикувам себеси за некого. Освен за тие што со ДЕЛА не заслужиле. Знам дека ти е тешко, ама пробај да почнеш со резерва да гледаш на луѓето. На пример, се запознаваш со некој, прв впечаток супер, понатака се дружите, контактирате, и он е уште океј. Ама додека не ја направи првата грешка не го знаеш вистински. Затоа остави му простор да згреши, без очекувања, без предрасуди. Само остави ги, и набљудувај. Сами ќе ти се откријат (не во смисла издадат, туку отворат). Ќе ги запознаваш со време, ќе научиш како во која ситуација. Не е касно за овие работи. Тек после пубертетот треба да ти бидат совладани. Значи имаш уште добри 3-4 години да ги научиш тие работи, и тоа мислам дека ти е доволно време да се средиш целосно и да најдеш што те интересира, да си поставиш цели, да се стремиш кон нив...

За со девојчето. Те разбирам дека ти е тешко што е така, и нормално, свесни сме дека против чувствата не можеме да тераме. Пошо нема шанса да ја заборавиш, а тоа е најтешко, особено во тие средношколски љубови што предизвикуваат многу интензивни чувства и драматични ситуации :) Мој совет ти е да и кажеш. Знам дека немаш храброст. Ама, ете, пробај во лице. Ако сепак не успееш, напиши и писмо, или нешто на интернет, ама долго, искрено, и напиши се што сакаш да и кажеш. Така нема да и дадеш шанса да те избуни пред да завршиш со се што имаш да и кажеш, а и ќе бидеш на чисто. Мислам дека ти е тешко што го држиш тоа во себе, не си ни ваму ни таму. Глеј да собереш храброст и да и кажеш се, зашто многу ќе си олесниш. Па, од тоа или ќе произлезе убава романтична приказна, или она ќе ти каже дека те гледа како другар само, и ти ќе се почувствуваш повреден и ќе патиш, ама ќе ја заборавиш сам од себе после некое време, иако ти се чини неверојатно. Се надевам ќе средиш се.

Пак рефератче :)

Значи не сум бил само јас со ваков еб... проблем кој ми го уништува животот.Истото се случува и со мене како дармон само јас сум 15-16 години за разлика од него ако е битно ама не е.Е сеа работата е кога седам или гледам во ТВ милиони мисли и слики ми минат низ глава и убави и неубави и фантази се и сешто и нон стоп сум деконцентриран.Како што кажа и тој исто така кога треба да се зборува со некој по малце познат фаце ту фаце се блокирам скроз поцрвенувам (незнам дали е од срам или што знам) и не ми идат зборови едноставно да ме прашаш како се викам ќе треба да се подзамислам.
Од овој проблем произлегува и др. а тоа е шо кога сум во близина на женски се губам скроз и потоа кога ќе останам сам (дома) и размислувам па зошто бе ова вака не го кажав,а зошто ова го премолчев и се критикувам самиот себе.Благодарам и секаков совет е добредојден.
Василије, јас оставив еден ОГРОМЕН пост наменет за Дармон, разглеај ако ти се свиѓа нешо, ако можеш да искористиш. И, работа што не ја напоменав во одговорот кај него, а еве ќе ја напоменам тука, е дека штом се губите во такви специфични ситуации, како на пример женски, значи дека имате проблем со самодоверба. Што и најверојатно го знаете, ама поентата ми е дека, самодовербата не се губи преку ноќ, туку треба да ти се случат работи, да слушнеш мислења од луѓе, да имаш некој недостаток, за да престанеш да имаш високо ниво на самодоверба. А тоа, нормално му се случило на секој различно, секој со своите искуства. Мој совет ви е да си разгледате низ минатото, ако можете (колку можете) пообјективно да ги изанализирате, и да најдете каде лежи проблемот. Ова е најтежок дел, кога треба да бараш нешто во себе, гледајќи на него објективно. Ама, мислам дека ќе успеете. Пробајте, немате што да изгубите. Обидете се да се погледнете во огледало, и да ги видите позитивните карактеристики. Како на лицето, телото, така и во карактерот. Сигурна сум дека ги имате во изобилие. Никој не ви е потребен за да ви каже дека во нешто сте добри или успешни. Зашто ако самите не сте задоволни од себе, туѓите коментари не се доволни за да ви се подобри впечатокот. Затоа е најважно да ги задоволите сопствените критериуми, зашто обично тие се најтешко задоволиви, зашто себе не можеш да се лажеш за тоа што си мислел кога си направил нешто или како си се чувствувал. Мислам дека треба да биде океј, само пробајте, не е смешно, немате што да изгубите.

Мислам дека ти имаш предиспозиции за да најдеш вистинско другарство и вистинска љубов понатаму.Но почекај малку имаш само 17 години.Уште треба да учиш и да собираш искуства.Јас мислам дека ова е најдоброто нешто што може да ти се случи ,а да научиш т.е да го земеш како лекција.Велиш дека си бил разочаран во другарство и љубов.Ете токму тука треба да ја прочиташ лекцијата на безусловното пријателство и љубов.Тоа разочарување денес ќе те направи поискусен и помудар кога ќе ги избираш пријателите и девојката утре.Сега си во години кога многу работи ти се испомешани во главата и немаш јасни цели кои ќе те водат низ животот.Време е да почнеш да размислуваш паметно во однос на тоа во кого вложуваш емоции.Лекција што треба да ја научиш во иднина е дека не секој го заслужил твоето внимание и грижа.Биди претпазлив кому му ја даваш љубовта во ова испревртено современие.Нема да ти биде прво разочарување и немој да мислиш дека баш така лесно ќе ги добиеш овие работи,тешко е но добрата вест е дека ако( како што кажа Slatko malo:) ) имаме волја ќе успееме.Нема нешто што неможе да се добие ако е тоа реално и нема нешто што кога би се добило да би не задоволило до максимум.Најважно е да се бориш да го добиеш она што го сакаш во моментов.А кога ќе го добиеш одиш на следно,па на следно итн..
Совет за љубовта.Мислам дека уште е рано за да сфатиш што навистина сакаш од едно девојче.Можеби стварно таа што сега ја сакаш е стварно таа што ќе ка сакаш да ти биде сопатничка , ама многу е рано за тоа и мислам дека сеуште треба да се градиш и да дознаваш што сакаш.А ако има дечко и ако оваа цел е нереална немој да губиш време.Немој да одиш со глава во зид.Побарај друга прилика сигурно ќе дојде.
И немој да се затвораш премногу..Дај си некое време да се средиш.Биди сам некое време.Истражувај што сакаш од животот?Што сакаш да постигнеш?Барај совети.Читај книги.Слушај музика.И од кога ќе се средиш искочи на терен и почни да го бараш тоа што веќе си го зацртал претходно кога си бил сам дома.Било што.Од тоа што сакаш да учиш понатаму,девојка,другари,хоби итн..Уште некоја година се надевам дека ќе се запишеш на факултет Вервуај ако правилно постапиш ќе ти се смени животот за 360 степени..И не заборавај имаш плодна почва за љубов и пријателство,само ти треба да ја искористиш и обработиш.Ова ти е сушна година :)Поздрав и се надевам дека ќе успееш

слушни
Убав пост, ја имаш мојата поддршка. :) Ќе добиеше репутација, ама ми пишува дека не можам сега да ти дадам. Во секој случај, еве ти пофалба ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom