Кајгана психолог

V

vlako088

Гостин
Ми дојде една идеја за вакво нешто.
Пример еве смечано ви е од се нема кај да се испукате да си кажите шо како , оти, зошто , треба да се искажите онака да си ја олесните душата малку , па еве една таква тема.

Слободни пишувајте за вашиот живот, па некој вака од добрите и колку толку паметни членови, можи ќе ви кажи некој збор, нешто онака колку да ви е полесно.

Е па ајде бујрумте да не има денес некој да се испука :)

Слободена е тастатурата опуштете се и како на психолог кажете си :kajg:
Како основач на темава сакам да ве запрашам Вас. Како хендикепиран човек да се склопи во "Нормалниот свет" кој гледа на хендикипираните со други очи?
 
O

Orion.

Гостин
Како основач на темава сакам да ве запрашам Вас. Како хендикепиран човек да се склопи во "Нормалниот свет" кој гледа на хендикипираните со други очи?
Јас не правам разлика меѓу хендикепирана и нехендикепирана личност. Еден од мојте подобрите другари има мал хендикеп и живеам најнормално со него а и он живее најнормално со сите.
 
V

vlako088

Гостин
Јас не правам разлика меѓу хендикепирана и нехендикепирана личност. Еден од мојте подобрите другари има мал хендикеп и живеам најнормално со него а и он живее најнормално со сите.
Тоа е добро, но мене повекето ме избегнуваат поради тоа, а мојот хендикеп и не е така мал но барем засега не би сакал за тоа. А тоа ме измачува.
 
O

Orion.

Гостин
Тоа е добро, но мене повекето ме избегнуваат поради тоа, а мојот хендикеп и не е така мал но барем засега не би сакал за тоа. А тоа ме измачува.
Другар ми има хендикеп на раката, не може да ја движи. Хендикепот воопшто не е причина луѓето да те избегнуваат. Добро сега јасно е дека има секакви луѓе но тие луѓе што те избегнуваат не се луѓе туку ПЛИТКИ суштества што само џабе го трошат воздухот на земјава.
 
Јас сум со висока ампутација на ногата, згора на тоа пелтечам, и ме одбегнуваат. Се страмат бидејќи се движам со помош на патарица и затоа што пелтечам.
Ти благодарам што ме подржуваш и што имаш поинакво мислење од оние кои ме опкружуваат.
Се надевам ќе бидеме во контакт...
Среќни празници.
 
Дткањето верувам дека може да се среди на логопед или психијатар во зависност од тоа која е природата на појавувањето. Исто и амптуцијата не треба да те спречи да го живееш животот затоа што на секој може да му се случи. За ова не ме факај за збор сепак завси од мн работи а јас не сум доктор меѓутоа веројатно може да се стави вештачка нога, а ако не можеш тоа да си го дозволиш може ќе можеш понатака во животот не е сташно.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Често го слушам прашањето:Кога би добил 100 000 , 1 000 000, 1 000 000 000 евра/долари, кога би нашол многу злато, кога би го имал највредниот дијамант што би направил и сл., за што би ги искористил ? Знаете ли како им одговарам ? Им одговарам: ќе си купам ферари,ај фон, куќа во Мајами, стан во Париз, ќе дадам дел на најблиските, плажа во Калифорнија и одговори кои значат ништо повеќе од празно трошење на парите. А кога сам си го поставувам прашањето си одговарам: ќе задржам мал дел за мене, а другите ќе ги дадам на тие што најмногу им требаат: гладните, болните и бездомниците. А вистинскиот одговор на прашањето треба да гласи: ќе ги дадам сите пари на гладните, болните и бездомниците, но знаете ли зошто не им одговарам така ? Затоа што луѓето кои ми/ви се блиски сакаат да го слушнат мојот одговор, тие никогаш нема да ви простат доколку го направите тоа од вистинскиот одговор. На почетокот ќе ве фалат и ќе ви велат дека се горди со вас што го имате направено тоа, но после некое време ќе ве осудуваат и ќе ви се смеат зад грб кога ќе ја работите вашата обична работа со плата која изнесува 15 000 денари. Ќе ви се исмејуваат затоа што не возите ферари, немате куќа во Мајами туку во провинцискиот дел од Македонија, немате плажа во Калифорнија, туку на ден два од летото одите во Охрид. Мене/вас куќата во Мајами, ферарито, станот во Париз не ми/ви се потребни. Тие им требаат на гладните, болните и бездомниците. Јас и ти немаме потреба од пиење скапи вина и јадење лосос, нас би можела да не нахрани и паштета, не ни е потребно ферари, и автобусот врши превоз. Но јас и ти сме луѓе, носиме маски, сакаме престиж, сакаме да газиме по црвен ќилим, да гледаме како другите манифестираат восхит кон нас, сакаме да имаме јахти кои би ги поседувале, нас егото ни расте правопропорционално со висината на нашата сметка во банката, ние попрво би ги потрошиле парите за скап поклон и би му ги дале на некој/а маж/жена, јас и ти сме луѓе, ние би дале пари за шофер кој ќе не вози и ни ја отвара вратата, како да самите не сме способни за тоа. Јас и ти сме луѓе, ние сме доволно бедни да купиме парче облека кое изнесува четвртина од платата на родителите, ние сме доволно бедни да сакаме да поседуваме нешта кои не ни вршат никаква функција, ние сме доволно бедни да поседуваме ај фон наместо телефон од 1000 денари, јас и ти сме доволно бедни да делиме совети, а да не ги применуваме, но дали ќе бидеме доволно богати да го сториме тоа што го пишува во вистинскиот одговор ?
Тоа мислам дека нема да можеме да го знаеме додека не дојдеме до таа позиција. Ама мислам дека можат да се направат претпоставки врз основа на тоа каков си кога ги немаш тие пари. Дали си алтруист и хуман човек? Дали си дарувал крв? Дали си отишол на некој хуманитарен концерт со цел на некое дете да му дадеш еден оброк повеќе, или кров над глава, или облека? Ако си вистински алтруист, ако од срце сакаш да помогнеш на некој без да очекуваш ништо за возврат, не се сомневам дека си личност која дел од својата среќа ќе сака да ја сподели со оние кои имаат помалку среќа во животот. А ако си таков, верувај дека кога ќе платиш 200 денари за карта на концерт во кој нема вистински да уживаш затоа што ѕвездите што пеат не ти се омилени, а благородното чувство што те исполнува затоа што знаеш дека си направил барем едно нешто што било во твоја моќ да го поправиш безнадежното ти е доволно за да се гордееш со себе, тогаш верувам дека ако некој те гледа криво и ти зборува зад грб затоа што си решил да се лишиш од луксуз за некој да поживее уште некој ден повеќе, нема да ти биде гајле. Затоа што чувството кога ќе направиш добро дело те храни доволно, за тие зборови да не можат да допрат до тебе. Тогаш мислам дека нема ни да се посомневаш во својот избор, затоа што барем некое време ќе можеш да поминеш денови без да се прашуваш како да помогнеш на некои што се во толку незавидна положба.

Како основач на темава сакам да ве запрашам Вас. Како хендикепиран човек да се склопи во "Нормалниот свет" кој гледа на хендикипираните со други очи?
За ти како да се вклопиш во 'нормалниот свет' може ти се каже едноставно да се опуштиш. Затоа што, остај на страна ногата и пелтечењето. Дали луѓето кои немаат хендикеп, кои се 'нормални', дали тие не се кријат од луѓето? Дали тие немаат дел од себе кој го задржуваат внатре, не сакајќи никој да дознае за него? Дали тие немаат непоправливи маани и грешки направено што ги избегнуваат кога ќе ги прашаат каков човек се? Секогаш секој за себе го презентира само најдоброто. Ретко кој некогаш ќе каже јас сум наивен и нехуман, сакам да исмејувам туѓи недостатоци, се хранам со туѓиот неуспех, наместо јас сум забавен, дружељубив, чесен и фин. Сфаќаш? Сите имаат некој хендикеп. Зависи кај некои е од физичка природа и сите можат да го видат, кај некои од психичка. А кај некои од психичка, но тие умеат добро да го скријат. Сметам дека мааните се всушност хендикеп. Дали мислиш дека верен христијанин, кој оди секоја недела во црква и го моли господ да му ги прости гревовите, да му го прости неверството кое го направил е можеби подобар човек од тебе, и помалку треба да се избегнува, само затоа што има две нозе и правилен говор? Дали мислиш дека некој што е омилен во друштвото поради тоа што е директен во посочувањето на туѓите ндостатоци треба помалку да се избегнува од тебе? Дали мислиш дека човек што е способен да распне мачка на гранка од дрво и да ја остави така да умре, или човек што е способен да отруе живо суштество, или да го згази со кола, или да натепа невино куче кое никому ништо не згрешило, треба помалку да се избегнува од тебе? Дали мислиш дека тие луѓе не треба да се затворат во соба и никогаш да не го погледнат светот во очи поради своите маани? Дали се тие посовршени од тебе? Остави ја ногата. Штом ти е направена ампутација верувам дека била направена со цел да ти се спаси животот. Сум слушнала дека да се умре не е најлоша работа што може да се случи, многу на твое место би рекле дека е полошо да живееш со една нога отколку да умреш, ама дали е навистина така? Со една нога и добар карактер можеш многу повеќе да направиш од тие што лежат два метри под земја. Верувам дека си ставен на избор: да се соочиш со светот и да се обидеш да го промениш мислењето на другите за тебе, со твојата личност да ги придобиеш, или да се затвориш дома и да се осудиш самиот на пропаст. Верувам дека тие луѓе не се толку важни, колку ти што си си важен на себе. Секогаш, секогаш ќе постои некој на кој нема да му пречи штаката. Ќе има и таква девојка. Ќе има и другари. Издигни се над обичните човечки сфаќања. Дали обичните луѓе се подобри од тебе? Дали се?
 
V

Viktor g

Гостин
Еве ме мене пак да си ги кажам маките барем да ми олесни. Имавме прилично мирен дом без караници и други испади но во последно време нешто се измени татко ми се повеќе е нервозен и се почесто се расправаме дома има некоја тензија и се започнува за нешто што е без врска ( на пример за вести на тв) многу ми е тешко ваков притисок се чуствувсм виновен иако не е до мене се почесто имам главо болки и си осеќам како нервот ми “игра“ ми доаѓа да побегнам далеку од сите , но нескам да ги повредам и покрај се ги сакам и почитувам и коа рече ќе умрам што ќе правите , а јас само му возвратив не се секирај може ќе умрам пред тебе. Неможам денешниот разговор многу ме вознемири кажувајќи море уште тебе да те дошколувам па да ти се плукнам во животот:zid: и слични такви некој испади неможам повеќе стварно збеснувам и не се чуствувам силен ко порано за да издржам се што ќе ми сервират они и животот понатака:pred:
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028

Претпоставувам дека татко ти е постар човек, и на постарите ова им се случува, како резултат на тоа дека им опаѓа контролата. Како на целото тело, мускулаурата на пр., така и на психичките процеси. Па така, како помлади внимаваме шо ќе кажеме, можеме да си ги контролираме емоциите, хормоните ни се на нормално ниво (скоро секоаш :Р ) , имаме физичка сила итн, а како постари, кажуваме работи за кои не размислуваме, не водиме сметка за туѓите емоции, нашие ги искажуваме побурно наместо да потиснеме, хормоните се намалуваат и со тоа доаѓа до промени од секаков вид итн.

Од друга страна, ти си млад, сеа си осетил што е живот, сакаш да бркаш девојчиња, да излегуваш да си се занимаваш со ствари кои ти се од интерес, си имаш свои проблеми, се те нервира, хормоните ти вријат и неќеш баш уште расправии со твоите.

Што значи дека сосема две спротивни работи се случуваа кај вас дома, и во такви ситуации настануваат проблеми кои најчесто се за глупости.
Гледај да имаш поголема толеранција за татко ти, објаснувај му со убаво, речи му да не вика туку да ти каже со убаво, не избувнувај, кажувај му повеќе вицеви и сл.

Што се однесува до главоболките, знам како е да имаш неподносливи главоболки, јас имав такви што дури ми се повраќаше од болка, ама, за среќа има доктори. Оди кај матичниот прво, кажи му симптоми. Мене ме пратија на невролог и правев некои снимки. Види тебе шо ќе ти речат. Бегањето ништо нема да ти реши, само ќе ти отвори повеќе проблеми. Нормално е дека се те вознемирува, ама глеај да не си земаш се при срце. Не секое мрчење НЕ е крај на светот. Глеај малце да ги игнорираш стварите, селектирај шо ќе дозволиш да те вознемири а шо не. Ако ептен имаш тензија, оди истрчај се или вежбај некако да го изфрлиш тоа, пушти гласна музика и скокај по дома...
Со мирно, без бегање, без кршење....
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.437

Би се сложил во се`, но ова малку ми е контрадикторно. Од една страна викаш дека пострарите не можат да контролираат емоции, хормони, а од друга страна пак тоа дека кај младите е застапено истово. Кое е сеа правилно?
Као што имам чуено кај постарите е оноа климактерично стање кое мислеше да го спомнеш но тоа повеќе ми личи на страв од неуспех во животот: Што ќе биде со моето семејство, зарем толку години протрачив за да сторам нешто што може уште утре да исчезне. - Типичен страв од неуспех и губење на приматот врз фамилијата (децата се осамостојуваат - немаат желба друг да им го води животот).
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Би се сложил во се`, но ова малку ми е контрадикторно. Од една страна викаш дека пострарите не можат да контролираат емоции, хормони, а од друга страна пак тоа дека кај младите е застапено истово. Кое е сеа правилно?
Kaжав, на старите им опаѓа контролата и затоа „збеснуваат“ а младите имаат вишок енергија, хормони ова она и затоа збеснуваат. И коа две збеснати страни ќе се рчнат, настанува мала војна. :)
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Како основач на темава сакам да ве запрашам Вас. Како хендикепиран човек да се склопи во "Нормалниот свет" кој гледа на хендикипираните со други очи?
Да бидиме брутално искрени ти мора да ја прифатиш реалноста дека си различен и никогаш нема да можеш правиш многу работи шо физички нормален чоек можи да ги прај. Според то ти треба да најдиш соодветни работи кои те прат среќен, сигурно постојат работи кои ти носат среќа. Ограничи го битисувањето во својата комфорт зона, зошто илузионите очекувања единствено можат да допринесат во твоја несреќа и разочарување. Сите ние копнееме по работи кои не можеме да ги имаме, идеата е да не дозволиме тие да го диктираат нашето расположение. Нека те прај среќен то шо го имаш, наместо да те прај несреќен то шо го немаш.

Светот е таков, луѓето се такви и биолошки е нереално да очекуваш луѓето да не те гледаат со други очи. Ти си тоа шо си и луѓето секогаш ќе те доживуват различно ако имаш некаков хендикеп. Во животот не добиваш то шо сакаш, добиваш то шо добиваш, пронајди се себеси и можиш да бидиш посреќен од секој нормален чоек.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Еве ме мене пак да си ги кажам маките барем да ми олесни. Имавме прилично мирен дом без караници и други испади но во последно време нешто се измени татко ми се повеќе е нервозен и се почесто се расправаме дома има некоја тензија и се започнува за нешто што е без врска ( на пример за вести на тв) многу ми е тешко ваков притисок се чуствувсм виновен иако не е до мене се почесто имам главо болки и си осеќам како нервот ми “игра“ ми доаѓа да побегнам далеку од сите , но нескам да ги повредам и покрај се ги сакам и почитувам и коа рече ќе умрам што ќе правите , а јас само му возвратив не се секирај може ќе умрам пред тебе. Неможам денешниот разговор многу ме вознемири кажувајќи море уште тебе да те дошколувам па да ти се плукнам во животот:zid: и слични такви некој испади неможам повеќе стварно збеснувам и не се чуствувам силен ко порано за да издржам се што ќе ми сервират они и животот понатака:pred:
Не е се така црно. Што мислиш, вакви и слични ситуации нема во секој дом? Секако дека има. А проблемот, и јас мислам како Магде :). Мислам дека проблемот е во разликата во годините. Во различни периоди од животот се посветуваме на различни работи, различни работи ни се приоритети и интереси. А и тоа што ти си уште во години кога ти 'вријат' хормоните, па си поосетлив од обично. А и татко ти, е во тие години кога младоста се губи, доаѓа тажната старост, немоќ. Сега ти откриваш, се интересираш, а тој венее. И обично ни е тешко кога се работи за нас самите да размислуваме објективно, па полесно ни е да ги обвинуваме другите. Од твој аспект татко ти не е фер зашто така зборува и се расправа за глупости, кога ништо не си му згрешил. А од негов, пак, може ти не си фер што не го разбираш кога му требаш. На наши години, во нивни очи збеснуваме и не знаеме шо сакаме. Може сега тој се фрустрира зашто физичките можности не му се веќе така достапни како пред 20 години. Може му е тешко зашто веќе не може со иста ефикасност да ги извршува своите обврски. И менталните функции му ослабуваат. Стави се на негово место, јас не можам да знам него кои работи го мачат. Можеби се пари во прашање, работа... Вие само знаете како ви е дома. Почни да забележуваш околу што се интересира, околу што се нервира и ќе ти биде полесно да го сфатиш и да се ставиш во негова кожа. Мислам дека само така можете некако да ги избалансирате односите дома. Пробај и него да му објасниш како ти е тебе за и тој да те сфати. Кажи му што ти смета и те нервира, и би требало да се разберете на фин начин.
 
Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Јас сум со висока ампутација на ногата, згора на тоа пелтечам, и ме одбегнуваат. Се страмат бидејќи се движам со помош на патарица и затоа што пелтечам.
Ти благодарам што ме подржуваш и што имаш поинакво мислење од оние кои ме опкружуваат.
Се надевам ќе бидеме во контакт...
Среќни празници.
Majka ми работи во болница, во одделот каде што ампутираат.Вика дека ако човек тоа си го сфати лесно и веднаш се помири, полесно го тера животот.
Имам една баба. Нема една нога од 20тата година од животот, поради некоја несреќа. Не ја спречило да се омажи и да изгледа 3 сина, и на стари години да се грижи за ослепениот сопруг. Она има сега 92 години. Уште е жива и здрава. Уште сама си готви, си постила. Има вештачка нога, за која ако не ти кажат нема да знаеш.
Братучед ми имал несреќа со комбе. Повредил нерв и останал инвалид. Не му фукнционираат нозете и делумно рацете. Тој е еден од повеселите луѓе кои ги знам. Сите свадби се весели заради него. Порачува куп песни.
Јас имам физичка мана на лицето. Некој нерв е заебан. Ама уште се смеам. Има денови кога ми е тешко да се гледам во огледало, кога се воздржувам да не се насмеам, а сум весела личност. Жално е што не се крие со шминка или барем со облека. Ама дечко ми ме сака ваква, веќе 10 години. И мајка ми и татко ми и брат ми и другарка ми и колегите и колешките....Супер ми е што ме сакаат оние кои ми значат. За другите, не се грижам.
Така и ти. Не се грижи за светот дали те сака. Живеј како секогаш. Ако мислиш на тоа ќе те измени. Оди колку што можеш повеќе, Јас ќе се смеам колку што можам повеќе.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Што ке каже кајгана психологот за мојов проблем?
Кога сум сам дома во соба поготово кога ке легнам и само така одмарам не спијам, ми доаѓаат еден куп мисли, идеи, информации, ми текнуваат случки, разговори и сл, и мислам дека да почнам да ги пишувам работите за кои размислувам во тие моменти ке можам дури и книга да издадам.
Во кратки црти, милион информации во минута, она што дизајнерите би го нарекле brainstorm.
А кога треба да правам муабет со некој не можам да бидам толку отворен со мислите и не можам да создадам таков квалитет на говор, како што ми текнува во моментите кога сум сам.
На пример на факултет кога треба да презентирам некој проект. Тогаш толку многу се возбудувам што се блокирам и сакам се одеднаш да кажам и тоа што го кажувам не е добро составено односно течно. Преголема напнатост чувствувам, а истото е и кога правам муабет со некој нетолку познат, подалечна личност, па како да се пазам што ке кажам и на некој начин се блокирам.
Не звучам во тие моменти грдо, ама сепак, не можам да го пренесам она ниво на мисла која можам додека сум сам и размислувам.
Еве и на овој начин сега додека го пишувам ова, се чувствувам толку комотно и слободно и мислам дека могу јасно ја пренесувам мислата, ама да седнеме очи во очи ова што го кажувам ке гокажам во две реченици и нема толку јасен да бидам.
Ваш совет?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom