Кајгана миленичиња

Член од
18 јули 2011
Мислења
58
Поени од реакции
20
ЧУЧИЧУУУУУУУУУУУУ , така јас ги викам мачките-незнам зошто.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.844
Поени од реакции
20.343
Не ми се верува дека вака спијат, види ги бе душички, едвај чекам ова малово мое да потпорасне и да земам маче, сега нејќам има душата да и ја извади.
 
Член од
26 февруари 2012
Мислења
96
Поени од реакции
43
ЧУЧИЧУУУУУУУУУУУУ , така јас ги викам мачките-незнам зошто.
Хахаха мене таквите чудни прекари и имиња ми се поинтересни, оние другите се досадни веќе сите се исти :)
 
L

Lu

Гостин
Не ми се верува дека вака спијат, види ги бе душички, едвај чекам ова малово мое да потпорасне и да земам маче, сега нејќам има душата да и ја извади.
И моите вака спијат :)
Си имаат своја фотеља и секоја вечер заедно си спијат.
Еве слики кога беше мало маченцето.







 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
^ Коку ќеш,од каде и кога ја зема.
Преубава е
 
Член од
28 март 2012
Мислења
23
Поени од реакции
16
Имам малтезер што го крстив Лука.
Јас му го одбрав името, барав италијанско име затоа што во тој период бев опседната со Италија (не дека сеа не сум), а името мораше да има некое значење. На италијански Lucca значи светлина, а Лука мој ми преставува огромна светлина и среќа во мојот живот, па затоа се одлучив за тоа. :)
Друго.. сум чувала две златни рипки што ги крстив Хари и Џини - спрема ликовите во Хари Потер.
Исто имав и два папагали, машки и женски - Живко и Живка. Не им ги дадов јас имињата ама им беа погодени, имаа многу енергија во нив. :)
 
D

Deleted member 55587

Гостин
Црн Пит Бул, се вика Мона. Се мислeвме прво меѓу Шила, Луна... за на крај да испадне Мона.
Додуша правилно и е Рамона така ја пишува во книшката, а Мона и е нагалено.
Ја крстивме јас и сестра ми, а не добивме инспирација од нигде, туку едноставно нагаѓавме имиња типични за кучиња. Сакав името да и биде уникат ако ја крстевме Шила, али тоа е што е, убаво е и ова :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom