blue ladybug
Фанг ловер
- Член од
- 5 февруари 2013
- Мислења
- 5.210
- Поени од реакции
- 11.803
Леандрич сигурно имаш тефлонска тава по дома. На таква тава не се лепат палачинките, па нема да имаш потреба да го подмачкуваш тавчето.Нема шанси ова, јас вака прва храбро да се откажам, ова е за мене научна фантастика. Со среќа дечки, јас еднаш бркав дебели палачинки по таван, втор пат реков не
А за дебелината да ти биде таман, ќе ставаш помалку смеса. Јас на пример смесата ја ставам со кутлач кој е доста голем и ако го наполнам цел, ептен дебели излегуваат. Ако ти е голем кутлачот ќе го наполниш до пола или 3/4 (зависи и од големината на тавата колку смеса собира во неа) и ќе ја намалиш температурата на ринглата за тавата да биде помалку загреана и да имаш доволно време да ја разлиеш смесата подеднакво на цела тава.
Ќе пробаш, сигурно првите две-три палачинки ќе ти се расипат, ама четвртата ќе ја погодиш 100 посто.
Ајде биди малку храбра и амбициозна за палачинките, гледаш тука сите сакаме да ги видиме твоите палачинки!