Еве рецепт и за оваа недела -
Палачинки
Ова е
основниот рецепт по кој јас ги правам, ако поинаку ги припремате, напоменете го постот кога ќе ги постирате.
Состојки:
250 мл. млеко
250 мл. кисела вода
300 гр. брашно
3 јајца
1-2 лажички зејтин
сосема малку сол
Припрема:
Изматете ги јајцата со солта ( значи сосема малку сол ) и постепено додавајте го млекото и киселата вода. Додадете го и зејтинот и продолжете да матите. Со лажичка постепено додавајте го и брашното за да не ви се направат грутки. Ако немате миксер, можете и со жица за матење ама со поголема сила.
Оставете ја смесата барем 10 минути да одмори или додека да ви се загрее тавчето. Натаму постапката за пржење сигурно ја знаете. Треба да имате нелепливо тавче и сосема по малку да го намастувате пред секоја палачинка. Јас тоа го правам со салфетка. Во филџан ставам зејтин и со салфетката премачкувам.
Количината на состојките можеби ќе варира сосема малку во зависност од брашното, големината на јајцата ама одприлика ќе знаете дали треба да додадете течност уште сосема малку или брашно.
Полнењето е по ваша желба, солени или благи. Имате можност за импровизации и креативност, па само осмелете се и оваа недела да не готвите!

)
Олимпија јас сум готова.

)