Мене ме мачат неколку дилеми. Прво, опасно се ложам на типови као Драган Вучиќ и Жаре Бербер. Како што знаете, се работи за еминентни интелектуалци, познати и признати во научните кругови. Дали тоа значи дека ја сум
сапиосексуалка? Другарка ми вика дека сум сељакосексуалка, али ја не и верувам.
Друга работа, пред некоја вечер ја сањав Адријана Алачки како приготвува ѓомлезе на традиционален начин, а во позадина Орце Стефковски цупкаше во место и ја потпевнуваше „Слушам кај шумат шумите “. Никако не можам да го одгатнам сонов и тоа не ми дава мир.
Дали фактот што ја сонувам Алачки, која претставува архетип на традиционална македонска домаќинка, значи дека јас, макар и несвесно чезнеам за истото?
Дали мојата потсвест ми кажува дека е време да
го отфрлам плаштот на милитантна феминистка и да се вратам во мојот природен хабитат - кујната? Или па само сум си легнала гладна?
Ова па со Орце уште повеќе ме збунува. Дали јас, повторно несвесно, копнеам да бидам опеана и овековечена од страна на царот неготински - бардот на македонската народна музика?