Кајгана бесплатен психолог (ЧДА верзија)

  • Креатор на темата makedon^
  • Време на започнување
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
имам проблем секогаш кога ќе ги прочитам коментарите на дарк кинг почнува да ми се сере, а бидејќи тој е сегде ... секогаш почнува да ми се сере кога сум на кајгана, дали сум опсесивен ? што е мојата дијагноза, дали ми има спас? ЧП :(
Дијагнозата ти е следна - имаш проблеми со столицата.



Во темата хит на денот постирав "Aphrodite's child - It's five o'clock". Дали то автоматски значи дека сум предавник ?
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Мене ме мачат неколку дилеми. Прво, опасно се ложам на типови као Драган Вучиќ и Жаре Бербер. Како што знаете, се работи за еминентни интелектуалци, познати и признати во научните кругови. Дали тоа значи дека ја сум сапиосексуалка? Другарка ми вика дека сум сељакосексуалка, али ја не и верувам.

Друга работа, пред некоја вечер ја сањав Адријана Алачки како приготвува ѓомлезе на традиционален начин, а во позадина Орце Стефковски цупкаше во место и ја потпевнуваше „Слушам кај шумат шумите “. Никако не можам да го одгатнам сонов и тоа не ми дава мир.
Дали фактот што ја сонувам Алачки, која претставува архетип на традиционална македонска домаќинка, значи дека јас, макар и несвесно чезнеам за истото?
Дали мојата потсвест ми кажува дека е време да
го отфрлам плаштот на милитантна феминистка и да се вратам во мојот природен хабитат - кујната? Или па само сум си легнала гладна?

Ова па со Орце уште повеќе ме збунува. Дали јас, повторно несвесно, копнеам да бидам опеана и овековечена од страна на царот неготински - бардот на македонската народна музика?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.363
Ми тече носот.Дали сум нормален?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.717
Поени од реакции
13.431
Не сум инвентивен... Дали припаѓам во стадото?
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
83
Поени од реакции
22
Абе тоа јас оптимистички ти кажувам 4 месеци... Веројатно 4 саати...
 

ZigZag

Заменик министер
Член од
19 јули 2006
Мислења
347
Поени од реакции
248
Чешмата не престанува да тече. Имам делузии дека сум водоинсталатер и веќе сум 5cm во вода. Помош.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.980
Поени од реакции
12.606
Дали фактот што ја сонувам Алачки, која претставува архетип на традиционална македонска домаќинка, значи дека јас, макар и несвесно чезнеам за истото?
Дали мојата потсвест ми кажува дека е време да
го отфрлам плаштот на милитантна феминистка и да се вратам во мојот природен хабитат - кујната? Или па само сум си легнала гладна?

Ова па со Орце уште повеќе ме збунува. Дали јас, повторно несвесно, копнеам да бидам опеана и овековечена од страна на царот неготински - бардот на македонската народна музика?
Не мора да значи дека несвесно чезнееш за да станеш традиционална македонска домаќинка. Имено, Алачки е обид на Јаството(кое се појавува како божица, стара мудра жена или во случајов Голема Домаќинка) да искомуницира со свесното, да ти помогне да надминеш одредени предрасуди кои ги носи модерното опшество поврзани со традиционалните вредности на колкективната свест на одредена група.

Додека во вториот случај Орце е Aнимусот(синобрадиот) кој има задача (освен да те силува) и да ти помогне во исполнувањето на четирите фази на развој на личноста(кои секако заборавив кои беа), и истовремено да создада енергетска рамнотежа во животта.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Мене ме мачат неколку дилеми. Прво, опасно се ложам на типови као Драган Вучиќ и Жаре Бербер. Како што знаете, се работи за еминентни интелектуалци, познати и признати во научните кругови. Дали тоа значи дека ја сум сапиосексуалка? Другарка ми вика дека сум сељакосексуалка, али ја не и верувам.
Многу е нормално за една млада македонска жена да има влажни соништа за Драган Вучиќ, институтот за психоанализа " Алтан Ак'л"од катедрата на турскиот универзитет за медицина докажа дека македонската жена има нов ген по петвековното турско ропство. Генот популарно наречен "Калеш Анѓа" кој е крстен по реверзибилна психологија делува на пресинаптичките клетки на хипокампусот и доведува до фатална привлечност на македонската жена кон турските серии и секако апологетите на истите како Драган Вучиќ.
Жаре Бербер е синдром на жените со кратка фризура и тука психолошкиот проблем е едноставен. По наездата на геј бербери, пардон стилисти како Сретен Костиќ, Ношпал, Дадар итн, на медиумите, на македонската жена која гледа ТВ по 13 часови дневно во просек и беше потребен тип како Жаре кој со подгорено лице од правење фолија за раноградинарство во сопствениот двор, набрекнати жили кои би можеле да цепат сув даб на едно мавање со секирата и силен вокал кои би ги засенил осум пијани Драчевчани на семејна слава.


Друга работа, пред некоја вечер ја сањав Адријана Алачки како приготвува ѓомлезе на традиционален начин, а во позадина Орце Стефковски цупкаше во место и ја потпевнуваше „Слушам кај шумат шумите “. Никако не можам да го одгатнам сонов и тоа не ми дава мир.
Дали фактот што ја сонувам Алачки, која претставува архетип на традиционална македонска домаќинка, значи дека јас, макар и несвесно чезнеам за истото?
Дали мојата потсвест ми кажува дека е време да
го отфрлам плаштот на милитантна феминистка и да се вратам во мојот природен хабитат - кујната? Или па само сум си легнала гладна?
Ова е резултат на подсвеста од последните проекти на охридскиот градоначалник.


Ова па со Орце уште повеќе ме збунува. Дали јас, повторно несвесно, копнеам да бидам опеана и овековечена од страна на царот неготински - бардот на македонската народна музика?
После лошото искуство со опевањето на војводите Љубчо и Брат Љубе, мислам дека тука се работи за некаква скриена форма на мазохизам.
Тука би делувала терапија со гласот на Латас кои ја чита програмата во 100 чекори.
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Не сум инвентивен... Дали припаѓам во стадото?
Тешко прашање. Моментално сум до 6та сезона на Фрејзер, кога ке ја завршам цела серија ке бидам подобар Кајгана психолог и ке можам да ти одговорам подобро.

Во меѓувреме ако не ти е решено прашањето со стадото пробај пикни се во некое јато. :)
 
Член од
17 декември 2008
Мислења
4.232
Поени од реакции
3.868
Мене ме мачат неколку дилеми. Прво, опасно се ложам на типови као Драган Вучиќ и Жаре Бербер. Како што знаете, се работи за еминентни интелектуалци, познати и признати во научните кругови. Дали тоа значи дека ја сум сапиосексуалка? Другарка ми вика дека сум сељакосексуалка, али ја не и верувам.

Друга работа, пред некоја вечер ја сањав Адријана Алачки како приготвува ѓомлезе на традиционален начин, а во позадина Орце Стефковски цупкаше во место и ја потпевнуваше „Слушам кај шумат шумите “. Никако не можам да го одгатнам сонов и тоа не ми дава мир.
Дали фактот што ја сонувам Алачки, која претставува архетип на традиционална македонска домаќинка, значи дека јас, макар и несвесно чезнеам за истото?
Дали мојата потсвест ми кажува дека е време да
го отфрлам плаштот на милитантна феминистка и да се вратам во мојот природен хабитат - кујната? Или па само сум си легнала гладна?

Ова па со Орце уште повеќе ме збунува. Дали јас, повторно несвесно, копнеам да бидам опеана и овековечена од страна на царот неготински - бардот на македонската народна музика?
Другаркати е во право,aко некој бара 100% природно ти бараш

А автоматски со ова ти се разрешува и втората дилема... :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom