ИНТЕРМЕЦО - мн ми е фенси , да не речам педерастично, имаа кафе на времето, сега се како и сите кои ја открија дрогата за масите наречена МЕКСИКО - секакво кафе за секого. (знаете се мели истото зрно на различна машина во зависност од тоа што сакате: еспресо? макијато? нескафе?)
Да,во право си,така е.
Стварно е многу фенси место. Брат ми одеше на времето таму ко беше паб и последниот пат ко беше тука седнавме заедно,за 10 мин испивме,прелиставме по еден весник и пато го фативме од шо се осеќавме неудобно.
Јас со текот на времето, друштвото најпоќе таму ме влечка,па се поднавикнав. Ги множам со нула сите фаци шо ми се чини дека ме гледаат однаопаку и се турка.
Па брат ми ко разбра дека таму одам ми вика во Т-Мобиле одиш?
Демек оти се внатре било ко реклама од
Т-Мобиле,почев од шанкот циклама и така..:pos2:
Не ме бендисва музиката воопшто.
Од паб,го трансформираат кафичот во Lounge club и место да пуштаат Lounge музика,тие некоја музика врска со мозокот шо си нема пуштаат. Шо вели брат ми, ентериерот и стилот го приспособија како креативност само, колку да бидат различни и оригинални(шо не треаше долго време,оти сит после направија копи-пејст),а не оти намераваа во целост да го пратат стилот(се мисли и на музиката,на луѓето шо пратат таква музика,таквиот круг на луѓе и сл.).
А јас не сум чоек шо седи секој ден по 2-5 пати по кафичи т.е на кафе,поинаков стил на живот имам,не ми прај едноставно ќеф то. Понекогаш сум расположена да множам со нула(сите шеми,фаци,простаци,фијаска и сл.),ама најчесто не сум.
Све у свему, пак ќе речам,од проста маса нема куртулвачка и секој учи да ужива и ужива како шо сака.