Visage - е тоа беше место... :cry:
мое мислење:
расчекор - ОК, одличен звук, секакви луѓе, комерцијална музика, високи цени
инфинити - ТАПА, за оној што прв пат влегува: вториот пат ќе ти е полн deja vu -а. комерцијална повторлива музика, скапо, ајде, нека го напрат веќе еднаш турбофолкерски го заслужува тоа публиката. инаку, озвучувањето е можеби и најдобро во градов, а и вентилацијата беше супер, ама изгледа ја почуди некој...
лектира - не сеќава никој лошо озвучување и mp3-ки под 192kbps ? ОК журкајте се и лепете ги газињата на тоа вештачката кожа и поднаучете нешто од „направи сам“ ќе ви треба за инвентарот да го склопите. добри цени. го расипаа кафето. катастрофален распоред.
кафичи по сељачкиот дел од корзото (релација: краш - магнолија т.е. горно грне): игучи, магнет, милениум, симбол*, едно големо БЉАК! *БЉАКх2! знаете ли зошто е наречен магнет? - затоа што звучниците од прегласно рокање им содржат само магнети, испукала тоа мембраната, излегле навоите и сега имате одлично дисторзиран звук.
исклучок
порта-џез: одлично! ОДЛИЧНО КАФЕ. намќоросан персонал, ОК луѓе (добро влечи малце снобштина ама секаде ги има) ок цени, одлична музика (едно време им беше забаталена) подпросечно озвучување. добар дизајн, лоша просторна поставеност.
инстинкт - во фаза на развивање, добро кафе, малку високи цени, одлично озвучување, добра музика, луѓето како да се дојдени подизлезени од БЉАК-кафичите... има време, и надеж...
ГТ- не сум за таму- музиката не е по мој вкус, а многу ми се допаѓа, и распоред и дизајн, и озвучување, и цени,..
ПИВНИЦА - најлошо озвучено место , музиката нема тек (има(ше) паузи меѓу песни), тешка снобштина.
ИНТЕРМЕЦО - мн ми е фенси , да не речам педерастично, имаа кафе на времето, сега се како и сите кои ја открија дрогата за масите наречена МЕКСИКО - секакво кафе за секого. (знаете се мели истото зрно на различна машина во зависност од тоа што сакате: еспресо? макијато? нескафе?)
ХАРД РОК - без коментар
тие што ги пропуштив сигурно не биле ни за позитивни забелешки
заклучок:
утринско место: порта, инстинкт или лектира (одбегнувам оти го сменаа/расипаа кафето)
вечерно место: корзо+фонтана+парк ко ќе застуди ќе даваме повторно оценки.
edit: DEEP - добро местенце, за на зима одлично - со греење на дрва