Кафе барови

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Според мои проценки,трошоците би се движеле 1000 евра кирија,2000 евра вработени,струја,вода,3000 евра набавки = 6000 евра.
400 евра на ден да вадиш * 30 дена= 12 000 евра
Според мое мислење,секогаш си во ќар дупло со ваква инвестиција (нормално ако работи добро)
1)300 -400 пијачки на ден ли ке продаваш??? тешко...исклучоци или поголеми кафичи со појаки трошоци...

2)рекетот и инспекторите не го ставаш во калкулациите, за услужна дејност е задолѓителен
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Јас типувам на Irish Pub со голем избор на пива и храна исто така. Цени регуларни како и во секој пореномиран ресторан во Скопје. Локацијата по можност блиску до центар барем 80 квадрати локал со летна бавча, многу зеленило и фонтана по можност, таргет група странци. Ентериерот не треба да е кој знае каков (класичен ирски паб)и тоа не е голема инвестиција со исклучок на кујната, најголем проблем ти е да најдеш пегави црвенокоси и плави келнери/ки :), тивка ирска музика, преноси од премиер лига, лига на шампиони, сувенир шоп како анекс на ресторанот и нормално можност за плаќање со кредитни картици.
 
M

marsovka

Гостин
КАЗНИТЕ НЕ ГИ ПЛАЌААТ, ПЛОМБИТЕ ГИ КИНАТ

Кафеанџиите посилни од инспекторите

Најголемата глоба за кафулињата, рестораните или за продавниците што немаат фискална каса или не издаваат фискалнасметка е до 1.500 евра, колку што е нивниот минимален дневен промет

Трговците и угостителите не ги почитуваат мерките за забрана за работа од државните инспектори бидејќи знаат дека нема да бидат ригорозно казнети. Нивното самоволие оди дотаму што не ги плаќаат ни паричните казни. Иако повеќе сопственици на обложувачници и на едно кафуле во изминатите две недели ги искинаа пломбите и ги отворија локалите пред рокот од 30 дена, досега само газдата на една обложувачница во Тетово е кривично казнет со 1.000 евра. Ниту тој ниту другите газди се' уште ја немаат платено глобата што на самото место им ја изрекоа даночните инспектори.

Најголемата глоба за кафулињата, рестораните или за продавниците што немаат фискална каса или не издаваат фискална сметка е до 1.500 евра. Толку е минималниот дневен промет во локалите во центарот на Скопје, а максимумот достигнува и до 10.000 евра, во зависност од големината и од местоположбата. Судот во прекршочна постапка може да изрече дополнителна парична казна од 5.000 до 6.000 евра. За вработување работници на црно прекршочната постапка од Трудовата инспекција може да резултира со максимална казна од 4.000 евра. Дури и кога се кривично гонети поради кинење на пломбата, трговците и угостителите од судовите добиваат казни од околу 1.000 евра.

Во Управата за јавни приходи соопштуваат дека сопствениците на кафулето „Тренд“ во центарот на Скопје и на над 50 тетовски обложувачници се' уште ги немаат платено казните од по 1.500 евра.

- Кога инспекторите во повторените контроли ќе утврдат дека пломбата е оштетена или скината, поднесуваат кривична пријава. Во тек е постапката за повторно затворање на „Тренд“ поради непочитување на претходната забрана - изјави Весна Новаковиќ, портпаролка во УЈП.

Вчера требаше да бидат пломбирани и пет локали во Куманово, кои беа контролирани од даночните и од пазарните инспектори во саботата вечерта. Во минатата недела беа затворени дуќани на популарната „пластичарска“ улица во Скопје. Во УЈП тврдат дека казнетите ја почитуваат забраната за работа.

- Во една продавница и надвор имало роба. По затворањето на објектот, сопственикот продолжил да продава надвор, а тоа не е во надлежност на УЈП - објаснува Новаковиќ.

Во Тетово, речиси сите затворени обложувачници ги скинаа пломбите. УЈП досега поднесе само пет барања за кривични пријави, од кои една доби судски епилог, а за три се води истражна постапка.

Трудовиот инспекторат ги има истите проблеми со фирмите. Од 14 кафулиња и ресторани затворени во минатата недела, повеќето работеа викендов.

- Или работодавците не се свесни што ги очекува ако го кршат законот и не ја почитуваат забраната за работа или не се плашат од правната држава. Нашите инспектори ќе ги посетат сите и на тие што работат и покрај забраната ќе им поднесат кривични пријави - вели Феџри Селмани, директор на Државниот трудов инспекторат.

Тој признава дека најголем проблем се малите парични казни што ги изрекуваат судиите.

- Во прекршочна постапка судот може да одреди максимална казна од 200.000 денари. Кога ќе се земе предвид колку се одолжуваат постапките, работодавците не ги ни чувствуваат казните - изјави Селмани.

Експертите се согласуваат дека благите казни придонесуваат за самоволното однесување на деловните субјекти.

- Лекот се брза судска постапка и ригорозни казни. Кривичниот закон за вакво дело предвидува високи казни, дури и затвор до три години, но судиите не ги изрекуваат. Работата на инспекторите е во ред, но нема доволна синхронизација со судовите - смета Владо Камбовски, професор по кривично право на Правниот факултет.

Според него, министерствата треба да извршат притисок за што побрзо да се донесат закони за одделни области (царина, полиција, трговија, угостителство), за каде што може да се предвидат поголеми казни за прекршителите.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F92179AE1A441747AE6FD7CE969A4A64

И одозгора сметаат дека казните се премали :pipi:
срцки
 
Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Јас типувам на Irish Pub со голем избор на пива и храна исто така. Цени регуларни како и во секој пореномиран ресторан во Скопје. Локацијата по можност блиску до центар барем 80 квадрати локал со летна бавча, многу зеленило и фонтана по можност, таргет група странци. Ентериерот не треба да е кој знае каков (класичен ирски паб)и тоа не е голема инвестиција со исклучок на кујната, најголем проблем ти е да најдеш пегави црвенокоси и плави келнери/ки :), тивка ирска музика, преноси од премиер лига, лига на шампиони, сувенир шоп како анекс на ресторанот и нормално можност за плаќање со кредитни картици.
Druze kako ne e golema investicija be, samo za sankot ke ti otidat 10 iljadi evra minimum. :)
Pub bara golem sank od kvalitetno drvo, a toa kosta pari.

Inace da, dobra e idejata, iako nekako mnogu se nakotija pub-ovi vo Skopjevo, mada samo 3-4 drzat nekakvo nivo, megju koi i najnoviot Irish na kej, koj moram da priznaam deka e odlicen, megju najubavite mesta momentalno vo Skopje.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Освен во Тетово и Гостивар каде сега слободно се пуши во кафе-баровите,на друго место е тотална катастрофа доколку човек се зафати со ваков бизнис.:toe:
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Освен во Тетово и Гостивар каде сега слободно се пуши во кафе-баровите,на друго место е тотална катастрофа доколку човек се зафати со ваков бизнис.:toe:

Сакаш да кажиш дека во Тетово и Гостивар не казнуваат не постои таму законот ?
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Постои сине постои, законот на пушката :vozbud:
ц ц ц па зошто плакаме војска ко е до пушката нека му ја напикаат вгаз на тие што се прават херои
хехе значи стварно секоја ден по некоја глупост читам или слушам во државава и после немало инвестиции немало ова она па кај ке има кога се има а ништо не е како што треба да биде :S
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Druze kako ne e golema investicija be, samo za sankot ke ti otidat 10 iljadi evra minimum. :)
Pub bara golem sank od kvalitetno drvo, a toa kosta pari.

Inace da, dobra e idejata, iako nekako mnogu se nakotija pub-ovi vo Skopjevo, mada samo 3-4 drzat nekakvo nivo, megju koi i najnoviot Irish na kej, koj moram da priznaam deka e odlicen, megju najubavite mesta momentalno vo Skopje.
Да точно е дека тоа е најважниот дел од Пабот и треба да се посвети внимание, навистина не знам колку би чинело но сепак се работи за ресторан кој треба да го опремиш, дома да реновирам ќе појдат 5000 евра затоа и реков дека е ефтина инвестиција зошто маси и столици ти требаат само неколку и тоа наједноставни дрвени или пак клупи.

Уште една многу важна работа треба да имаш солидна веб-страна најмалку на англиски по можност мултијазична, соработка со сите веб - сајтови за туризам како wikitravel, lonelyplanet,tripadvisor,virtualplanet за да те препорачаат на нивните сајтови, соработка со сите останатите ирски пабови низ светот итн,итн.

За локали се знае девизата грам имиџ = сто кила вештина но ако се посветиш и сакаш тоа да го работиш во секој случај е еден од поисплатливите бизниси кај нас.
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
151
Поени од реакции
12
На секој чекор има по едно ново кафуле.Старите добро се држат,што значи има пари во овој бизнис кој никогаш нема да „умре“ исто како и меаните :)
Ме интересира колку се вложува,а колку се добива во овој бизнис,некои искуства?Колку ти требаат за почеток,колку фиксни трошоци има во месец и колку профитот е поголем од трошоците?
Ај некои работи од лично искуство...
најголемиот проблем во овој бизнис е неговата стабилност. Непостојан е и неретко се случува денес да имаш рекорден промет, а утре да неможеш трошоци да покриеш. Прв момент кој мораш добро да го решиш е локација и кирија. Улица Македонија и Кеј на Вардар ти е од 40евра квадрат кирија па нагоре. Значи за среден кафич од 150 квадрата ти требаат најмалку 6000 евра месечно за кирија.
Втор момент е средување.. е тука цена од ракав можам да ти дадам пошто таа варира многу, но без 20 000 евра инвестиција неможеш ни да почнеш со работа. Лиценци, регистрација, фискални и слично не се толку голем проблем тие ќе ги средиш брзо доколку немаш намерни сопки од конкуренцијата. (за ова другпат)

Како би ти изгледал еден работен ден? Повеќето кафанџии прават дневна пресметка наместо месечна т.е.
Сите на минималец пријавени заради инспекција, келнерките земаат дневница од околу 300ден и 4-5% од прометот што ќе го направат, шанкерите фиксно на 600.
во смена 2 келнерки и 1 шанкер минимум, освен навечер на журка.
Залихата ти зависи од тоа што и колку си продала, затоа неможеш да сметаш трошоци се додека не видиш колку промет си имала.

Реално прва смена на улица Македонија би правела од 15-25 000. До пладне е тапа, од пладне до 2 е преполно и потоа повторно тапа. Втора смена до 21 едвај 10 000, а за журките посебна математика.
Значи од кафе шема до 21 имаш во добар ден околу 30 000 (некој го спомна Тренд, за него не важи ова пошто таму има и храна, поголем промет но и поголеми трошоци, ние збориме за кафуле)
30 000 промет
- 30% грубо пресметана набавка за пијалок и кафе (под услов да имаш квалитетно кафе) = 9000
- 6000/30=200 евра дневно за кирија = 12 000
- 2 смени персонал = 2400 ден фиксно + 4% од 30 000 = 3 600
- секојдневни трошоци (скршил чаша, купил тоалетна хартија, шеќер, лимони, мраз итн) и расход = 3000 ден

значи 30 000 - 25 600= 4 300 ден

е сеа лупни ДДВ на 30 000 и веќе си во минус
кај се сметките за струја вода и кај се трошоците за кога недај боже ти се расипе мелница, фрижидер, ти се затне одвод?

и пази ова ти е во добар ден, замисли како е во лош ден, кога врне или е ладно или е ден на жалост или има нов закон или е јануари кога раздвиженоста е најслаба. :nesvest:

обично велат ако успеваш да ги вадиш сите трошоци до 21 часот секој ден, тогаш си на коњ. Ти остануваат ноќните журки за викенд како чиста заработка. ( за нив во следна прилика ме мрзи сеа)
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
да си паметен и така економски помоќен па да отворич некој кафич на прометно место сигурно нема да пропаднеш. е сеа треба инвестиција нормално и тоа не мала туку поголема инвестиција но сепак парите на крај ти се исплќаат... поготово да имаш соопствен локал односно да не плаќаш кирија дефинитивно ти се исплаќа на подолг рок...
шознам според мене се вади добра пара... еве чист пример. еден џус во продавница е 60 денара на пример од него три чаши ке извадиш и ке наплатиш по 80 денара пример... занеши за 60 дадени добиваш 240 денара - тие 60 = 180... добар профит... да не зборам за вотка на пример или коњак или узо кај што ќарот им е далеку поголем за разлика од соковите.. башка шо многу кафичи знаат и вода да ти акнат у пијачката.. и имајте на памет дека пијалоците шо ги зимаат 70% не им се оргинал да не речам од битпазар ги земаат шо се вика...
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
151
Поени од реакции
12
да си паметен и така економски помоќен па да отворич некој кафич на прометно место сигурно нема да пропаднеш. е сеа треба инвестиција нормално и тоа не мала туку поголема инвестиција но сепак парите на крај ти се исплќаат... поготово да имаш соопствен локал односно да не плаќаш кирија дефинитивно ти се исплаќа на подолг рок...
Ако имаш сопствен локал на прометно место, ќе си економски помоќен и нема да ти треба да се замараш со кафич деноноќно, туку ќе си го издадеш тој локал на некој друг што ќе се замара, а ти секако ќе земаш повеќе пари од него од киријата и ќе можеш да лежиш дома или да си работиш нешто друго.
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Ако имаш сопствен локал на прометно место, ќе си економски помоќен и нема да ти треба да се замараш со кафич деноноќно, туку ќе си го издадеш тој локал на некој друг што ќе се замара, а ти секако ќе земаш повеќе пари од него од киријата и ќе можеш да лежиш дома или да си работиш нешто друго.
мислам дека грешиш... ако ја иам локал и го давам за 1000 евра месечно место ти да ми даваш 1000 евра месечно и да вадиш промет нели нормално ако немаш промет нема ни кирија да плаќаш поточно ке затвориш локалот... шо ми беше муабетот. а.. место те пари да ги чекам јас од друг ке си го отворам јас кафичот па така имаш ќар повеќе.. место фиксно да ти е 1000 евра месечно нека биде и 1200 на пример 200 се подобро него ич.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334

За 200 еура плус не се исплати рмбањето цел месец, надмудрувањето со инспекциите, расправањето со пијани гости..итн.
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
За 200 еура плус не се исплати рмбањето цел месец, надмудрувањето со инспекциите, расправањето со пијани гости..итн.
друже.. ако ти си газда на кафичот имаш вработено персонал и има кој да се грижи за тие заебанции.. ако има некој ептен голем проблем тогаш ти ке настапиш на сцена.... муабетот со 200 евра е чист пример а верувај не се 200 повеќе се и тоа многу повеќе па кога кењ видиш се исплати!!!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom