Има многу пари во овој бизнис, ама и се пропаѓа. Профитот пред се зависи од прометот, но тој може многу да варира.
Ме интересира колку се вложува,а колку се добива во овој бизнис,некои искуства?Колку ти требаат за почеток,колку фиксни трошоци има во месец и колку профитот е поголем од трошоците?
Иако немам некои конкретни искуства како сопственик ни пак како вработен во кафе бар, ќе се обидам да изнесам една кратка анализа.
Прво, мора да се пронајде соодветна, што е можно попрометна локација, деловен простор слободен за изнајмување. Потоа се отпочнуваат преговори за киријата и воопшто за сите детали од договорот со сопственикот на деловниот простор, што е многу важно.
Цената на деловниот простор ќе зависи од следните фактори: атрактивност на локацијата, квадратура, рок(траење) на договорот, и од детали како состојба во која се затекнува деловниот простор (односно од одредувачките фактори на влогот во ентериерно уредување и поставување инвентар, и правата кои над истото ќе ги имаат странките после истекот на договорот или евентуалниот негов раскин).
Други детерминанти во висината на основниот влог неопходен за започнување со работа се: 1.набавка или изнајмување на инвентар и негово инсталирање; 2.естетско, ентериерно и промотивно уредување; 3.набавка на пијалоци односно обртни средства; и 4.набавка или изнајмување на озвучување. И ќе заборавев, 5. трошоци за регистрирање на бизнис и лиценца за работа.
Фиксни трошоци после отпочнувањето со работа на кафулето би биле: расходи за плати и придонеси на вработените и некои фиксни давачки кон државата, киријата, можеби сметки за вода, и друго ништо.
Бидејќи имам размислувано и се имам распрашувано за прометот и за профитите на местата каде сум се движел, би сакал да дадам еден пример за да процениме која навистина е доходовноста во овој бизнис, преку соодветен систем од пресметки кои би претставувале една реална слика. Цените на услугите се добро познати, оттука приходите - просечен промет за одреден капацитет се знае колкав може да биде, сумата од трошоците исто така, па оттука можеме да ја пресметаме и профитабилноста.
Не е лошо во обзир да се земе и факторот рекет, но за тоа немам информации каков е тарифникот.
Ај после ќе му се пробам прецизно да составам една приходна и расходна страна, вклучитено сите вложувања во планска структура со бројки, за да видиме шо е како е со математиката. Во меѓувреме нека каже некој ако знае колкави се трошоците за лиценца за работа на кафе-бар (не ноќен клуб, кабаре и сл.). За другиот износ колку толку имам добра претстава.
.. и колку профитот е поголем од трошоците?
Да, овој е еден од ретките профитабилни бизниси каде многу често профитот е поголем од трошоците. Тоа од старт се забележува во сама услужна маржа: пример, едно пиво го набавува од пивара 20 ден или помалце, а на истото приходува 100 денари или повеќе (во Скопје).