Ашколсум за темава.
Има такви песни какви што само на Балканот може да се направат и што на еден Германец или Швеѓанин милион години не можеш да му ги доловиш, објасниш а камо ли да му текне да направи нешто слично.
Една од најтешките ако не и најтешка песна што некогаш сум ја слушнал, нешто што ни на душман не му се посакува.
Кафанската сага продолжува. Кога зборовите малку значат. Ремек дело.
Е сега, на крај, панта реи, се се врти се се менува. Тоа што останува...
Некогаш среќата си оди а тагата уште не тропнала на порта.
За убавите работи што кратко траат
За една убава традиција што умира. Недела ден кога си со најблиските, кога се сумираат изминатите денови, кога се споделуваат добрите и лошите работи.
За наивните и оние што се коцкаат на големи влогови за љубов, за слепите.
За убавината на балканската еснаф жена, што цени, што се грижи, што сака, што го цени човекот свој, што се предава желна за допир, и за жал сорта што е во изумирање.
И секако другата, расипаната страна на балканската жена иначе не би биле тие што се нели? За тие што не заслужуваат да носат на раце златен чеиз.
За оние што ги напушта љубовта
Тагата лесно се простува, љубовта никогаш.
Во добро и зло, тука ни се песните, тука ни е кафаната. Пееме за неа, пееме со неа, таа пее за нас.
Знам, дефинитивно сум по муфљус од ди џеј Попе (или Шојка беше) и неговата полноќна програма на Зона М1 радио.