Катче за инспирација - мудри/поучни/мотивирачки текстови

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Наидов на текстов од Урош Милошевски, па не е лошо да го прочитате

Депресијата на мојата генерација

И сега што? Прашање кое секојдневно се поставува. Или што утре, задутре, догодина... Ќе биде ли подобро? Ќе биде ли полесно? Ќе биде ли воопшто... Оптеретени сме до максимум. Секој ден, секаде, за никаде...

Денес сме сите образовани. Стручњаци...Експерти за се, од игла до локомотива... Се си знаеме бре...најдобри сме! А пак секојдневно и со години си ја кркаме суровата реалност, како поп-алва или оџа-баклава. Се срамиме да си признаеме дека ја утнавме работата... Тонеме самите во себе. Вредностите одамна се изгубени, како и нашата генерација... А можеше поинаку..., секако дека можеше, а и мораше!

Завршивме факултети, магистриравме, докториравме...Наоружани сме со знаење до заби. И? Работа немаме, или имаме...онаа за 300 евра. Си работиме бе...приватно...со вујче, копаме бунари...Што работиме бре? Дома дреме генерацијава...будна до 5, спие до 2...и така секој ден! Без работна навика, без волја, без идеја... А фино не советуваат...да го направиме првиот чекор...да измислиме топла вода...да станеме Стив Џобс, Бил Гејтс... Ама слабо нешто... Чекаме од родителите решение, а тие немоќно ги шират рамениците. Па што да ти прават бре? Ќе платат струја, парно и бензин и ќе им остане за семки... Сакаме да се осамостоиме да формираме семејство...ама како? Со 300 евра плата и 1100 евра квадрат? Епа ако си мангуп купи стан... Или да..., ќе живееме повторно сите заедно, како во некои други времиња...или никогаш не сме ги поминале тие времиња? Ама први сме во Европа, трети во свет...не знам за што беше...абе најдобри сме...барем така чув на телевизија...

Станавме зависници, вистински. Зависници од дрога, алкохол, компјутери, телефони... Децата веќе не растат во паркот пред зграда...тие растат пред компјутер со некои насилно нереални животни, со пукање, порно филмови... Мајките веќе не ги викаат за ручек од тераса, туку им ѕвонат на мобилните телефони... Нема веќе џамлии, жмурка, фудбал, баскет...нема, децата станаа дигитализирани идиоти...

А ние? Нашата генерација? Онаа што требаше да ја издигне оваа држава... Онаа што требаше да направи квалитативна промена? Онаа што требаше да ги смени лошите навики? Што направивме ние? Ништо... Се претопивме во минатите генерации, потонавме со нив, нема никаква промена... Станавме робови...вистински робови... Без идеја, без иницијатива, без бунтовност, без мадиња... Станавме политички заморчиња и потрчковци на богатите газди...Си ја продадовме младоста, духот, енергијата... Седиме по кафани пиеме ракија со мешана и правиме муабет за историја, за патриоти, за предавници, за рекетари, за кој колку украл, за кој каква кола земал на лизинг а има 30 и живее во гарсоњера со баба му дедо му и родителите... А што прави нашата генерација од Европа? Не знам, немам доволно да одам да видам... Или имам? Не, со 300 евра не се оди во Лондон, Париз, Мадрид, Минхен... Или се оди? Со паштета, патлиџан, ајвар и цигари од дома... Не, така ич не одам! Ама бев јас всушност... Европска тура, 18 дена, 10 во автобус...испотен, леплив, смрдлив... Абе браќа и сестри со 500 евра не можеш да ја видиш цела Европа... Ама, боље ишта него ништа...

И? Како од утре? По старо...бајато, веќе видено... Се правиме глупи со сила...или сме? Не се спротиставуваме, на никого, за ништо! Главата во песок и шибај. Нит сум видел, нит сум чул... Ќути ќе те разберат! Не ќутам! Нека ме разберат, нека знаат дека не чини. Лошо е! Сакам да биде подобро! Сакам да се цени мојот труд, сакам да се цени моето образование, сакам да се цени мојот интелект, сакам да се цени мојата држава, сакам да се цени добра музика, филм, книга, сакам да се цени она што вистински вреди... Ок е дечко, ќе биде... Кога? Никој не знае... Некој ден... "Па на вас е сега редот, еве вие бидете паметни па оправете ја државава..." -Епа баш би сакале, ама не можеме... Залепени ви се задниците...Кора имаат фатено, не мрдате бе брат... Ама сам кој си оди? Дур има овци ќе има волна! Додека мојата генерација спие...многу лоши работи се случуваат додека мојата грнерација спие!

Лупање во гради? Јачање? Солун е наш Атина ќе ја делиме? Мртов албанец добар албанец? Лош филм момци... Очајно лош филм! Обично доаѓа кога нема идеи, кога нема решенија...а нема! Не се другите криви за сопствената неспособност! Нацинализмот, самобендисаноста, од нас почнал светот...ЛОШ ФИЛМ! Разбудете се! Не врви, не иде... Или иде? Па...за одвлекување на вниманието од катастрофалната реалност...и криминално богатење на поединци...е за тоа иде... И не возат и не возат и не возат на тој филм...а ние? Ние спиеме...мојата генерација спие! Лизни ваму, лизни таму...може ќе те вработат...може ќе лапаш 300... Ама такви времиња се дојдени...Се се менува...ама требаат мадиња...ги имаме? Јок!

Шпански па хрватски па турски...серии нормало! А квиз? А документарец? А дебата? Што ќе ни е...Си лапаме султани и пиштолџии секој ден! Башка имаш Миленко, Јанко, Латас...е они знаат стварно се! Они ти се како мајка и татко! Имаш и "пинк" имаш и "пајнер" имаш и наша копија на пинк и пајнер... Имаш и деца кои на памет го знаат новиот албум на Аца Лукас, идол им е Кеба, доживуваат емотивна екстаза на "муштулук" "београд"... Но нели, за вкусови не се збори...ама јас си зборам, таков сум, тоа не може да ми го одземете...или може? А....да, ќе заборавев, има и други деца..."различни"... Не разбрани од средината, општеството... Черга систем... Црни маички, долги коси, пирсче, стартка, лоша хигиена... Никој не ги разбира...они се кул разбираш, во друга димензија... Депресии драги мои...депресии!

И сега сум хејтер, така? Ништо не ми чини... Епа не ми чини! Што да правам кога "разумен компромис е разумен компромис" или така нешто...Пораснав со тоа срање! Доста веќе, ми се повраќа!
Значи ли тоа дека ќе лапам 300 и ќе се тргнам на страна (како мојата депресивна грнерација)?
Не! Нема да ме фатите на кондиција! Мора да го смениме филмот!
Не си одам од тука бе! Не одам...не земам пасош од друга држава...не ја продавам душата! Тука сакам филмот да успее, да биде добар...Тука да растам деца...Во мојата земја...ама визионерска, прогресивна...Свој на своето! Ова парче земја не е добиено на поклон...за него се гинело...со генерации! И нема потреба некој да ми кажува кој сум и што сум...кои ми се корените...си ги знам јас корените! Не ми продавајте реклами, јас не живеам во телевизор! Дај те ми перспектива... Овозможете ми да живеам како мојата генерација во Европа! Ослободете ме! Ама слободата не се поклонува...за слобода треба борба! Јас сум спремен за борба...а вие моја генерацијо? Се гледаме таму...во првите редови...за подобро утре, зошто немаме резервна татковина...барем не јас...​
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Маж бизнисмен и испраќа писмо на жена си:
"Драга, верувам дека ќе ме разбереш, сега кога ти имаш 54 години, имам потреби кои ти повеќе не можеш да ги задоволиш.
Јас сум многу среќен со тебе, ти си прекрасна сопруга и искрено се надевам дека нема да реагираш болно откако ќе ти кажам дека сум во Holiday Inn со Валентина, мојата 25 годишна секретарка. Не грижи се, ќе бидам дома пред полноќ."
Кога
мажот пристигнува дома наоѓа белешка на масата:
"Драги, ја добив твојата порака и многу сум ти благодарна за твојата загриженост. Да те потсетам само дека и ти имаш 54 години. И да те информирам дека кога ќе ја читаш оваа белешка јас веќе ќе сум во хотелот Fiesta со Марко, мојот тренер по тенис, кој исто како и твојата секретарка има 25 години. Бидејќи си паметен и успешен бизнисмен и ги разбираш бројките, ќе сфатиш дека околностите се слични... но со мала разлика: 25 влегува повеќе пати во 54, отколку 54 во 25...
Затоа не ме чекај порано од утре попладне!"
 

vaga1985

Разочарена од се
Член од
30 јули 2011
Мислења
1.564
Поени од реакции
418
Се надевам ќе ви се допадне :)
Во брак или не, треба да го прочитате ова ...

Сподели

Кога стигнав дома таа вечер жена ми ја послужуваше вечерата, ја фатив за рака и реков, имам нешто да ти кажам. Седна и јадеше тивко. Повторно ја видов болката во нејзините очи.
Одеднаш не знаев како да ја отворам мојата уста. Но, морав да и кажам на што мислев. Сакам развод. Ја отворив темата смирено. Таа како да не беше вознемирена од моите зборови, наместо тоа ме праша тивко, зошто?
Го избегнав нејзиното прашање. Тоа ја налути. Таа ги фрли стапчињата за јадење и извика кон мене, Ти не си маж! Таа ноќ, не разговаравме еден со друг. Таа плачеше. Знаев дека сакаше да открие што се случило со нашиот брак. Но, јас едвај можеше да и дадам задоволителен одговор, таа го изгуби моето срце заради Јана. Јас не ја сакав повеќе. Само ја сожалував!
Со длабоко чувство на вина, го подготвив договорот за развод, во кој беше наведено дека таа ќе ја добие нашата куќа, нашата кола и 30% од акциите на мојата компанија. Таа погледна во него и потоа го искина на парчиња. Жената која потроши десет години од својот живот со мене, ми стана туѓинец. Ми беше жал за нејзиното потрошено време, ресурси и енергија, но не можев да го вратам назад она што и го кажав, затоа што толку многу ја сакав Јана. Конечно таа заплака гласно пред мене, што беше она што очекував да го видам. За мене нејзиниот крик беше всушност еден вид на ослободување. Идејата за развод со која бев опседнат во последните неколку недели се чинеше дека сега е уште поцврста и појасна.
Следниот ден, се вратив дома многу доцна и ја најдов како пишува нешто на масата. Не вечерав, веднаш си легнав и заспав многу брзо, бидејќи бев уморен по поминатиот ден со Јана. Кога се разбудив, таа сеуште седеше крај масата и пишуваше. Мене едноставно не ми беше грижа, па се завртив на другата страна и заспав повторно.
Изутрината таа ги постави своите услови за развод: не сакаше ништо од мене, но бараше да помине еден месец пред разводот. Таа предложи во тој месец да се обидеме да живееме колку што е возможно понормален живот. Нејзините причини беа едноставни: нашиот син имаше испити по еден месец, а таа не сакаше да го попречи со нашиот срушен брак.
Тоа беше прифатливо за мене. Но, таа бараше уште нешто, ме замоли да се присетам како ја однесов во нашата свадбена соба на денот на нашата венчавка. Таа бараше за времетраење на месецот да ја носам надвор од нашата спална соба до влезната врата, секое утро. Мислев дека полудува. Но за да ги направиме нашите последните денови заедно поподносливи јас го прифатив нејзиното чудно барање.
И кажав на Јана за условите за развод на жена ми. Таа се насмеа гласно и мислеше дека тоа е апсурдно. Не е важно какви трикови ќе употреби, ќе мора да се соочи со разводот, рече со презир.
Мојата жена и јас немавме телесен контакт уште откако мојата намера за развод беше експлицитно изразена. Кога ја изнесов првиот ден, ние двајцата бевме некако несмасни. Нашиот син ракоплескаше зад нас, тато ја држи мама во неговата прегратка. Неговите зборови ми предизвикаа чувство на болка. Од спалната соба до дневна соба, а потоа до вратата, изминав повеќе од десет метри, со неа во мојата прегратка. Таа ги затвори очите и рече тивко, не му кажувај на нашиот син за разводот. Кимнав со главата, со чувство на вознемиреност. Ја спуштив надвор од вратата. Таа замина да чека автобус за на работа. Јас возев сам до канцеларија.
Вториот ден на двајцата ни беше полесно. Таа се потпре на моите гради. Можев да го почувствувам мирисот на нејзината блуза. Сфатив дека долго време не сум погледнал внимателно на оваа жена. Сфатив дека повеќе не е млада. Имаше брчки на лицето, косата и беше проседена! Нашиот брак го земал својот данок од неа. За една минута се прашував што сум направил со неа.
На четвртиот ден, кога ја кренав почувствував враќање на интимноста. Ова беше жената што даде десет години од својот живот за мене. На петтиот и шестиот ден, сфатив дека нашето чувство на интимност растеше повторно. Јас не ни и кажував на Јана за ова. Како што изминуваше месецот стануваше се полесно да ја носам. Можеби секојдневниот тренинг ме направи посилен.
Едно утро таа избираше што да облече. Проба неколку фустани, но не можеше да најде соодветен. Потоа воздивна, Сите мои фустани станаа преголеми. Одеднаш сфатив дека таа стана толку тенка, дека тоа е причината зошто ја носев се полесно.
Одеднаш почувствував како удар ... таа имаше закопано толку многу болка и горчина во нејзиното срце. Несвесно ја подадов раката и ја допрев по главата.
Нашиот син дојде во тој момент и рече: Тато, време е да ја изнесеш мама надвор. За него, гледањето како неговиот татко ја носи неговата мајка стана суштински дел од неговиот живот. Мојата сопруга со гестикулација му даде знак на нашиот син да се приближи и го прегрна цврсто. Го свртев моето лице на другата страна, бидејќи имав страв дека може да се предомислам во овој последен момент. Тогаш ја земав во моите раце, одејќи од спалната соба, преку дневна соба, до ходникот. Нејзината рака беше околу мојот врат нежно и природно. Ја држев цврсто, беше исто како на денот на нашата венчавка.
Но, нејзината помала тежина ме растажи. На последниот ден, додека ја држев во моите раце јас едвај можев да направам чекор. Нашиот син отиде на училиште. Ја држев цврсто и реков: не забележав дека на нашиот живот му недостигаше интимност. Возев во канцеларија .... скокнав надвор од колата набрзина без да ја заклучам вратата. Ми беше страв дека секое одлагање ќе ме натера да се предомислам ... одев нагоре по скалите. Јана ја отвори вратата и реков, Жалам, Јана, не сакам повеќе развод.
Ме погледна, вчудоневидено, а потоа ми го допре челото. Да не имаш треска? рече таа. Јас ја тргнав нејзината рака од мојата глава. Жал ми е Јана, реков, јас нема да се разведам. Мојот брачен живот беше здодевен веројатно затоа што таа и јас не ги ценевме деталите од нашите животи, не затоа што ние не се сакавме повеќе еден со друг. Сега сфаќам дека штом ја внесов во мојот дом на нашиот свадбен ден, би требало да ја задржам се додека смртта не не раздели. Се чинеше како Јана одеднаш да се разбуди. Ми удри силен шамар, а потоа ја тресна вратата и прсна во плач. Се симнав надолу и заминав. Во цвеќарницата на патот порачав букет цвеќе за мојата сопруга. Продавачката ме праша што да биде напишано на картичката. Се насмеав и напишав, Ќе те носам секое утро, се додека смртта не не раздели.
Таа вечер стасав дома, со цвеќе во моите раце, со насмевка на моето лице, трчајки по скалите, само за да ја најдам жена ми во кревет мртва. Мојата сопруга се борела со ракот со месеци, додека јас бев толку зафатен со Јана што дури и не бев забележал. Знаеше дека ќе умре наскоро и сакаше да ме спаси од негативните реакции на нашиот син, во случај да продолжев со разводот. Барем во очите на нашиот син - Јас сум саканиот сопруг ....
Малите детали од вашите животи се она што е навистина важно во врската. Не се работи за куќата, за автомобилот, имотот, парите во банка. Тие создаваат средина погодна за среќа, но не може да дадат среќа самите од себе.
Затоа најдете време да бидете пријател на вашиот брачен другар и да ги направите оние мали нешта едни за други, кои ја градат интимноста. Имајте навистина среќен брак!
Ако не го споделите ова, ништо нема да ви се случи.
Ако го споделите, можеби ќе спасите нечиј брак. Многу од неуспесшните луѓе во животот, се оние кои не сфатиле колку блиску биле до успехот, кога се откажале.
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Шекспир рекол: "Секогаш се чувствувам среќен. Знаеш ли зошто? Зашто не чекам ништо од никого. Да чекаш секогаш боли. Животот е краток. Затоа сакај го животот, биди среќен и секогаш смеј се. Живеј за себе и запомни - пред да зборуваш - слушај, пред да пишуваш - мисли, пред да повредиш - чувствувај, пред да мразиш - сакај, пред да се предадеш - обиди се!
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Вистинска приказна !
Двајца тинејџери на возраст од 16 години, машко и женско. Се запознаа преку интернет и со тек на време станаа најдобри пријатели. Девојчето живееше во Њујорк, а момчето во Лондон. Секогаш си помагаа и правеа да се чуствуваат одлично. Двајцата имаа бурни животи, но секогаш беа блиски еден со друг… Една вечер, зборуваа преку интернет.
Девојчето: Имам нешто да ти кажам.
Момчето: Да…?
Девојчето: Те сакам!
Момчето: И јас тебе!
Девојчето: Не… не на таков начин каков што мислиш….
Момчето: ……..
Момчето се исклучи, а девојчето плачеше и мислеше дека се уништила… Но, подоцна таа вечер и заѕвони телефонот, а тоа беше тој.
Девојчето: Ало?
Момчето: Еј здраво…јас сум!
Девојчето: Еј…слушај стварно ми е жал!
Момчето: Не! Да не ти е жал… Бидејки и јас те сакам!
Девојчето: Навистина? Ама ќе неможе да се гледаме еден до друг… Моите родители никогаш не би ме пуштиле да одам во Лондон…
Момчето: Знам…И јас исто. И моите не би ме пуштиле да одам во Њујорк… никогаш!
Девојчето: Ние… Ние би можеле да почекаме неколку години и да бидеме заедно.
Момчето: Би можеле. Морам да спуштам сега. Те сакам!
Девојчето: И јас исто.
Наредните неколку години тие останаа заедно, а нивната љубов беше се поголема и поголема. Еден ден додека зборуваа…
Девојчето: Ги завршив сите испити и сега имам доволно пари за да дојдам.
Момчето: Сериозна си?
Девојчето: Даа… Кога ќе се сретнеме?
Се имаа испланирано, а неколку дена подоцна, момчето отиде на аеродорм. Авионот на девојчето само што не пристигнал. Одеднаш се слушнаа шокирачки вести на телевизорот.
- „Авионот од Њујорк до Англија падна..1000 мртви…“
Момчето почна да плаче. Се врати дома и зема нож… Таа ноќ тој беше најден мртов во својата соба покрај компјутерот. Кога неговите родители го најдоа, најдоа и слика од девојката во неговата рака и мала порака „Нашата љубов премногу задоцни“.
Родителите на девојчето ја средуваа нејзината соба и го најдоа нејзиниот дневник… Во него најдоа слика од момчето и порака под неа – „ Ќе го видам… па макар да ме убие тоа!“
Двајцата се видоа, да, во рајот.
Ако си вљубен во некој, јави му се веднаш и кажи му дека го сакаш! Никогаш не знаеш што носи новиот ден, но нека секој ден да биде исполент со личноста што ја сакаш.
Споделете ја оваа приказна со некој кој ви значи…
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Иван сметал дека е паметен и ја замолил учителката да го префрли директно во гимназија, а оваа рекла дека треба да помине на тест кај директорот.

Директорот: Ајде Иван да видиме, 3x4?
Иван: 12

Директорот: 6x6
Иван:36

Директорот: главен град на Јапонија?
Иван: Токио

Тестот продолжил и по половина час Иван не згрешил, на крајот директорот е задоволен, но учителката сака да го праша нешто Иван.

Учителката: Добро Иване, кравата ги има четири, а јас ги имам две, што е тоа?
Иван: нозе учителке.

Учителката: Точно. Што има во твоите панталони а во моите го нема?
Директорот е изненаден од ова прашање.

Иван: Џебови учителке
Учителката: Точно. Каде жените имаат највиткани влакна?

Директорот на ова прашање се подготвува да интервенира, но Иван одговара. Па во Африка учителке.

Учителката: што е меко, а во рацете на жената станува тврдо?
Директорот ги ококорил очите ама Иван одговорил, лакот за нокти учителке.

Учителката: Што е тоа што мажите и жените го имаат на средината од нозете.
Иван: Колена учителке.

Учителката: Што кај мажените жени е пошироко отколку кај немажените?
Директорот после ова прашање неможе да им поверува на своите уши, но Иван одговорил, креветот учителке.

Учителката: Кој дел од моето тело е често највлажен?
Иван: Вашиот јазик учителке.

Учителката: Кој збор почнува на буквата п, а означува нешто што може да биде влажно или суво и што мажите сакаат да го гледаат?
Иван: Пат

Директорот без здив целиот жива вода од пот, го прекинува тестирањето и вели, нема да те пратам во гимназија туку директно на факултет! Дури и јас би одговорил погрешно на сите овие прашања.

Наравоучение. Човек со годините станува ПЕРВЕРЗЕН!
 
Член од
10 јули 2011
Мислења
12
Поени од реакции
11
Сакате инспирација?

Еве нешто од мене:

Животот е даден за живеење, ЖИВЕЈ!
Ако некогаш се разочараш и се сметаш за несреќен/а, НАСМЕЈ СЕ, оти тоа е моментално!

Под итно излезете од умот! Умот уште од детството ни е програмиран да веруваме во нешто, да се однесуваме по некое правило, да живееме по некое правило. ЖИВОТОТ НЕМА ПРАВИЛА!
СПОЗНАЈ СЕ СЕБЕСИ! Ти не си човек, ти си духовно битие!

Зошто дојде тука во овој свет? Зар не сакаш да живееш?

Ако живеам од умот, постојано ќе ја барам среќата, среќата не можам да ја најдам ако ја барам бидејќи нема место каде што престојува, зар не сте се сетиле досега на тоа? ЈАС СУМ СРЕЌАТА и ЈАС трансформирам се да биде како што треба!

Замисли, каков би светот БЕЗ ПАРИ!!! Ако од утре парите ја изгубат вредноста, дали и ти ќе се изгубиш со нивната вредност? САКАЈ БЕЗУСЛОВНО!

ПРОНАЈДИ ЈА УБАВИНАТА ВО ПРИРОДАТА! Пешачи, дружи се, спортувај, храни се здраво и не биди роб на туѓи мислења!

Начинот на КОНТРОЛА на оваа планета е со СТРАВ! Страв да не бидам исмеан ако се облечам онака како што се чувствувам, страв да не ме осудат дека не слушам она што сите слушат, страв дека ќе бидам оној што сакам да бидам. Зошто да не бидам тоа што сакам??? Зошто ми е животот ако живеам за туѓите желби? ЈАС СУМ КРЕАТОР НА МОЈОТ ЖИВОТ И НА СЕБЕСИ. ЈАС СУМ ОНОЈ ШТО СУМ, ЈАС НЕМАМ ИМЕ И ПРЕЗИМЕ, НЕМАМ ЕТИКЕТИ НА СЕБЕ!

ЈАС СУМ ЧИСТА СВЕТЛИНА! А што прави светлината? Само свети и ги осветлува сите околу себе! Бидете и вие светлина бидејќи и тоа отсекогаш бевте! Сетете се кои сте зар заборавивте што си ветивте на себеси пред да се родите?

Дојдовте за да живеете, да црпите искуства, да учите нови нешта, да се спознаете себеси!

Животот не е јадење, пиење и секс! Животот е даден за себеспознание! Кој не се спознал себеси не може да излезе од робството во кое го втурнуваат уште од дете! Општеството не сака свесни луѓе бидејќи тие го рушат од темел, затоа што нивната светлина ги иснпирира другите!

Не плашете се, бидејќи во вас е се, Вие не сте ова тело, ВИЕ СТЕ ВО ТЕЛО! Затоа никој не може да ве повреди!

ЖИВЕЈ!
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
8 те постапки на мајка ми од кои се научив
на скромност и пожртвуваност

Се родив како единец во многу сиромажно семејство...Сиромашно до таа мера што немавме доволно храна а не па нешто повеќе.Во ретки прилики имавме по малку ориз дома...Мојата мајка ќе спремеше скромен оброк и ќе го истресеше својот дел во мојата чинија велејќи:
“Јади сине,јас не сум толку гладна“-ова е првата.
Кога малку потпораснав,мојата мајка,по завршувањето на домашните работи ќе отидеше на реката која беше блиску до куќата,надевајќи се да улови риба за да јадам здрава храна и да се развивам како секое друго дете.Па,успеа да улови дури две риби, ги подготви за ручек и ми ги стави и двете пред мене.ЈАс јадев риба а мајка ми го јадеше тоа што остануваше зад мене на коските.Гледајќи го тоа,моето срце затрепери и ја ставив другата риба пред мајка ми,но таа ја врати и рече:
“Сине,изеди ја и оваа другата,бидејќи ти знаеш дека јас не сакам многу риба“- Ова е втората.
Времето поминуваше и дојде ден да тргнам на училиште.Бидејќи немавме доволно пари за школување ,мајка ми отиде во една продавница за алишта и се договори со сопственикот да продава облека по куќите на богатите луѓе. Една ладна ,дождлива ноќ,мајка ми се задржа малку подолго на работа.Чекајќи ја,се загрижив и отидов да ја побарам.Ја видов како носи торба со облека и тропа на вратата на некоја куќаЈа повикав:“Мајкооо,ајде дојди да си одиме дома,касно е и ладно е.Утре ќе продолжиш!“
Таа се насмеа и рече:“Сине мој,јас не сум толку уморна“ – Ова беше третата.
Дојде ден за полагање на училишните испити.Иако беше многу жешко,мајка ми сакаше да појде со мене на училиште.ЈАс влегов да полагам,а таа остана во доворот,грижејќи се за мојот успех.Кога завршија испитите,излегов надвор,таа ме дочека со топла прегратка .Во рацете држеше ладен и свеж сок кој го купила за мене .Кога почнав да пијам,се свртев и погледнав на неа;на нејзиното чело и се слеваа капки пот.
И пружив да се напие ,но таа рече:
“Сине,само ти пиј,јас не сум толку жедна“- Ова беше четвртата.
По смртта на мојот татко мојата мајка живееше тежок живот како вдовица.Ја презема сета одговорност за водење на куќата бидејќи мораше да се грижи за се.Животот стана потежок,а ниечесто гладувавме.Покрај нашата куќа живееше мојот чичко и тој често ни праќаше храна за да ја ублажиме гладта.Кога соседите видоа дека нашата состојба стана неподнослива ја советуваа мјка ми која беше се уште млада ,да се омажи за чивек кој би ни помагал.Меѓутоа мојата мајка го одби овој совет со зборовите:
“ЈАс немам потреба за љубов.“- ова беше петтата.
По завршувањето на факултетот ,добив добро платена работа во една фирма и одлучив да ја преземам одговорноста во куќата.Како слабееше здравјето на мајка ми,не можеше веќе да продава алишта по куќите,па така почна да продава по пазарите.А кога одлучи да престане да работи,издвоив свој дел од платата и и го дадов,а таа одби да го прими велејќи:
“Чувај ги сине,своите пари,мене не ми требаат многу пари.“ – Ова беше шестата.
Без разлика што добив работа, продолжив да учам и набрзо магистрирав.Постигнав успеси и ги зголемија моите приходи. Една германска фирма ми понуди добра работа во Германија.Навистина се израдував и почнав да сонувам за среќен живот.Откако отпатував и ја средив својата состојба и се јавив на мајка ми и ја повикав да живее кај мене.Таа не сакаше да ми смета и ми рече:
“Сине,јас не сум научена да живеам удобно“ – Ова беше седмата.
Како поминуваше времето,мајка ми се повеќе старееше и набрзо се разболе од малиген карцином.Во тие тешки моменти некој мораше да се грижи за неа.Заминав кај неа и ја затекнав во постела.Кога ме погледна,се обиде да се насмеа.Срцето ми се кинеше гледајќи ја толку слаба и исцрпена.Не беше веќе таа мајка што си ја познавав...Солзите почнаа да ми се слеваат по образите,но таа сакаше да ме утеши и ми рече:
“Сине,не плачи,не чувствувам толку болка.“- Ова беше осмата.
Откако го изговори тоа,ги затвори очите и веќе не ги отвори.На сите кои го уживаат благословот на живи родители им препорачуваме: Чувај го овој благослов пред да тагуваш за неговиот губиток.
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
По еден силен земјотрес во Јапонија, спасувачите наидоа на шокантно откритие. Во една куќа нашле жена којашто била легната во многу необична положба...

Под урнатините нашле млада жена клекната на колена, а рацете и биле потпрени на некој предмет. Спасувачите со тешки маки успеале да ја извлечат жената, а на нивно големо изненадување, под нејзиното тело нашле 3-месечно бебе завиткано во шарено ќебенце.
Жената го жртвувала својот живот за нејзиниот син, со што ја направила најголемата жртва на една мајка – го дала својот живот за нејзиното бебе да преживее.
Докторите го прегледале бебето коешто во моментот спиело, па соопштиле дека тоа е сосема здраво.
Заедно со него, во ќебенцето бил завиткан и мобилен телефон на којшто пишувало: „Ако преживееш, мора да запомниш дека те сакам“. Спасувачите претпоставуваат дека мајката во последните мигови од животот сакала да остави порака за синчето.
Никој од присутните не остана рамнодушен на несебичниот гест на оваа мајка, којашто направи се за да го спаси животот на своето бебе.
apan.jpg500.jpgsegaaaaaaaaaaa.jpg
 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
735
Поени од реакции
704
Човек стар 70 години кој целиот живот се занимавал со сточарство, поточно овчарство, добил пензија од државата како подарок, доволна за да преживува.
Една новинарка на доделувањето го замолила да и раскаже еден дел од својот живот, кој нема никогаш да го заборави и кој ќе му остане засекогаш во сеќавање.
Старецот ја започнал приказната: „Имав 20 години и наидов на куче во шумата. Го земав со себе и си го присвоив. Поминуваа месеци, а комшиите почнаа да ми зборуваат дека сè повеќе личи на волк и дека треба да се ослободам од неа. Бев млад и не сакав никого да слушам, таа ми беше многу приврзана, каде и да одев, одеше со мене и ме чекаше. И така поминуваа годините...
Еден ден прилегнав да се одморам, кога низ сон слушнав некаква бука, ржење и викање. Додека дојдов на себе и станав, се беше стишило. Излегов надвор и го видов целото стадо овци заклано, а волчицата цела во крв седи и гледа право кон мене, малку од страв малку од бес.
Се стрчав во куќата, ја зедов пушката и ја убив тука на лице место.
Не знаев што да правам со овците па ги викнав комшиите да ги однесат додека месото не се расипало и усмрдело. Како што ги собираа овците, меѓу нив пронајдоа три заклани возрасни волци.
Дури тогаш сфатив што направив...
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Приказна за најубавата жена на светот

Еднаш една група момчиња расправале на темата: Како изгледа најубавата жена на светот? Едниот сакал црни очи. Другиот сакал плави очи,бескрајно длабоки ,како небото. Третиот,па најмногу сакал кафеави очи,топли и насмеани.А за косата..,едниот зборувал дека се поубави оние со кратка коса, а другиот тврдел,со долга.Едни се воодушевувале на оние со високо и велич
енствено држење,а другите на оние со нежна и елегантна фигура.
И секој од нив мислел дека неговото мислење и опис е најточно и не престанувал да ги убедува другите во исправноста на својот суд. Гледајќи дека така нема да стигнат до заедничко согласување,конечно решиле да одат до еден мудар човеки да го слушнат неговото мислење.
“Почнавме да расправаме“,му рекоа,“и не успеавме никако да се разбереме.Кажи,ни мудар човеку,која жена е најубавата на светот?“
После подолга пауза, тој одговори со овие три збора:
“ТАА КОЈА ШТО ЈА САКАШ.“
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
како да најдете добро училиште

Родителите избрале за својот син добар учител . Утрото дедото го повел внука си на школо. Кога дедото и внукот доѓле во школскиот двор, ги окружиле деца.
- Каков смешен старец, - се исмевало едно момче.
- Еј, малечок дебелко, - срекол друг
Децата вриштеле и скокале околу дедото и внукот. Ѕвончето заѕвонило и учителот ги повикал децата внатре
Дедото решително го зел внука си за рака и заминал .
- Ура, јас нема да одам во школо, - се израдувало детето.
-
Ќе одиш., но не во ова, - луто одговорил дедото. – Јас ќе ти најдам тебе школо .

Дедото го одвел внука си дома и сам пошол да бара добар учител.
По пат вишол школа, влегол во дворот и чекал, учителот да ги пушти децата на одмор . Во некои школи децата не обрнувале на старецот внимание, в други – се исмејувале и го задевале. од сите тие дедото молчешкум си заминувал. Накрај он влегол во мал двор на не многу големо училиште се наслонил на оградата и чекал Зазвонело ѕвоното, и децата излегле во дворот .
- Дедо, вам ви е лошо, да ви донесам вода? – рекло некое дете
- кај нас во дворот имаме клупа - седнете ве молам-одморете се , - предложило друго дете.
- Ако сакате , ќе го повикам учителот? – прашало трето дете.
Наскоро во дворот излегол младиот учител . Дедото се поздравил со него и рекол :
- Накрај јас го најдов најдоброто школо за мојот внук .
- Вие грешите дедо, нашето школо не е најдоброто Тоа е малечко и тесно -.
Старецот не продолжил да спори - се договорил со учителот и заминал
Вечерта мајката на детето го прашала дедото:
- Татко, вие сте неписмен . Зошто мислите дека тоа школо што го најдовте е најдобро - и дека го најдовте најдобриот учител ?
- По учениците се познаваат и учителите - одговорил дедото.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom