А бе Пабло, лесно е да се умре, знаеш ли?
- Што зборуваш бе будало?
Знаеш ли бе ти Пабло, дека лесно е да се умре? - НЕ! Одговори Пабло, како мислиш лесно е да се умре? - Ме допраша..
Така бе Брат, сум чул дека лесно умирал оној кој не бил нигде, што не патувал..
Кај си патувал бе море тротинету? Ме праша Пабло, но морав да продолжам, бев пијан, само зборував како навиен а Пабло ме слуша и ме гледа, ми прави од тоа муабетот.. Добар е муабетот, те и јас продолжувам да зборувам, така да, стоев со таквото во раце, мочајќи накај едно ебавалниче мувлосано од мочки, во црна темница, свртен со погледот кон небото, веќе на разденување, а месечината и сонцето во исто време наѕираат, како бре да не го пресечам во тоа прашувањата и да не продолжам со зборувањето...
- Така бе брат, лесно е! Оној кој не чита, оној кој не слуша музика, оној кој не наоѓа задоволство во себе повеќе бе Пабло.. Лесно умира!
Лесно умира оној што се претвара во роб на навиките и секоја ден истите граници! И овде сакам да мочам! Овде, на среде пат! Граница е-ате! Зошто секогаш да мочаме во онаа смрдејана! па овде сакам, а овде и полесно ќе се изветрее! Нема да смрди!!
Рутини, Граници!
- Па да! - дофрли Пабло, Рутина ни е овде да мочаме на враќање..
Ебати рутината брат!, му велам. Ние сме уметници, така?! Јас цртак, а ти потпишуваш по нешто, имаш и баеѓи прочитано! - Да, ми одговори ко пушка, а мислев дека е и попијан од мене!
Епа, му велам, Пабло, да муибам, секоја песничка иста ли е?! - Не бе брат, ни црткине твои не се исти!
Се сложивме со братов, попијани и од правиот Неруда и од Де Мело, демек гушнати накај дома, те ни продолжија тоа ножињата по натака...
Брат! оној кој не менува рутина, оној што не облекува друга боја на маица, се во истата, а и не зборува ни со оние што не ги знае... Заеби!
Мораше да каже нешто мојот Пабло, не остануваше ќутенката тој! Брат ми е Пабло, навистина си го сакам! Сите знаат!
Се Сложувам со тебе Пабло! Заеби! Умрел тој таквиот бе, брат!
Да ти кажам.. Длабоко продолжи Пабло со неговитге искуства.. Имав една девојка, стварно бе мртва, усрана, ни па во кревет, тогаш тоа навистина го мислев, значи мртва, избегана од страстите со врела емоција од оние кои им светат очите и те полнат во твојата напуштена душичка, ко нејзе ќе си умреш, ко бештијана.. и тоа пополека, а така и влагаше исто, пополека! Ха-ха!
Замисли брат, продолжи Пабло, како ќе умре полека оној што не го менува животот ни кога е незадоволен од работата, ни кога не сака да се откаже од она сигурното за она несигурното, ни кога не е уметник како нас.. Хахаха!! - Се изнасмеавме ебате Нарцистичките пијандури!
Ма даа, Уметник во животот, морав да му дофрлам, бар сме тргнале по соновите.. Хмм, Си тргнал ли бе ти брат навистина по сонот, или се лажам?
- Идам де, и си продолжи тој со муабетот..
Знам дека бар еднаш во животот и јас и ти, сме си дозволиле да послушаме по некоја дарка од некого..
Мислиш, не сме бегале од тој муабет? - Го прашав.. Да! Ми вели.. Ќе умревме до сега, ако не беше така, и тоа онака пополека, хаха!
Еј црвено е брат! Стој тука, Застани бре!! Се издра Пабло, но не ме застана! Продолжив на сред улица дерејќи се! Се вртам во кругови гледајќи нагоре кон небото, сега и сонцето беше поголемо, коли фрчеа околу мене, се дерам на цел глас, а братов по мене, тој исто, драници и свирканици, не ни е ништо! Невидливи сме! Така и беше, Чувство како избањат во недела!! Те пројдовме преку улица, вртејќи се ко недоквакани! Одлични бевме!
Мене душата ми беше горе на небото, толку одлетана од слобода, ја гледав како мафта со тоа крилјата. - Душата ми лета слободна на небото алоо! Срцето да сака да те гушне! Живо, Живо и ПОЖИВО! Во Живо! СТРЕАМ! Хаха!
Живеј денес! Посабајлечки не огреа тоа слаткото сонце, леле колку е убаво тоа сабајлечко сонце, во "после 5", кога се разденува.. Ризикувај денес бе Пабло, Направи нешто! Не оставај пополека така, како што зборувавме, да ти влегува! Немој пополека! Среќен! Не заборавај да бидеш Среќен! Лесно е да се умре лесно! Само биди среќен!