украден текст,но мнооооогу добар..
Цел во животот, било каква, колку и да не изгледа реална, треба секој од нас да ја има...Посакувањето на нешто, т.е имањето на еден сон, и за тој сон да се оствари, не е потребно само да се помисли, и ако се увиди дека патот до целта е тежок, да си речеме - " Ех ова е тешко...не е остварливо..". Треба целта што ја замислуваме да ја посакуваме со цело срце, со цела душа, да сонуваме и кога не спиеме...Ништо, во овој живот што вреди да се има, не доаѓа лесно..Ништо неможеме да добиеме без нешто да жртвуваме...
Според мене, постојат два типа на луѓе. Првиот тип на луѓе, се оние кои целиот свој живот ги чекаат можностите на тацна, за на готово да ги земат. И тие безкрајно чекаат, притоа ќе завршат некој факултет што речиси и не ги интересира, почнуваат да работат нешто што го работат за да имаат за живеење, и да се рече дека нешто работат, а тоа воопшто не ни го сакаат, НИТУ го замислувале дека ќе го работат...И целиот живот ќе го поминат во жалење и фрустрации (за неостварување на она што НАВИСТИНА го сакале, но немале храброст да го остварат, и не биле спремни да ризикуваат за тоа НЕШТО), чекајќи некое чудо да им се случи...
Вториот тип на луѓе, се оние луѓе кои не чекаат можностите да им дојдат кај нив, не чекаат ништо на готово...Ако видат дека нема можност, тие ја креираат можноста...тие ја креираат својата сопствена среќа, со трудот вложен. Овие луѓе се оној вид на луѓе кои го живеат својот сон, го живеат животот на свој начин, онака како што го замислувале.
Една од разликите меѓу двата типа на луѓе, е стравот што едните го имаат, а другите го немаат, за да ризикуваат нешто, за да добијат нешто повеќе. Луѓето кои не се плашат да го "бркаат" својот сон, својата цел, по било која цена , се оние луѓе кои успеваат во животот. Тие ја програмираат својата психа, дека можат да остварат било што, макар и не успеале од прв пат, и не би успеале уште 100 пати, но знаат дека некако, ќе изнајдат начин тоа што вистински го сакаат, да го остварат, без разлика на се. Да Се, ама баш се е возможно, се додека се посакува со целото свое срце, со целата душа, дух, битие...
Многу луѓе(несерќните, искомлексираните, незадоволните) си се тешат, си олеснуваат на себе, со тоа што викаат дека успешните луѓе успеале заради тоа што имале среќа, имале среќни околности, живееле во место каде што имало услови, и така натаму..листата е огромна на вакви "олеснителни мисли". Секој успех е заслужен. Никој што успеал не го добил тоа по полесниот пат. Нема полесен пат, не постои shortcut до нашиот сон. Никој не успеал без препреки и кризни моменти во процесот на остварување на сопствениот сон. Кога ќе се најдеме во таков ќорсокак, кога ќе дојдеме до некоја препрека, треба само да се запрашаме..."Дали ќе имам доволно храброст да пројдам ние оваа пречка, или ќе дозволам да ме запре на патот кон остварување на мојата цел ?"
Препреките на патот, постојат заради една, и само заради една причина...Проверка на колку НАВИСТИНА го сакаме она што го посакуваме.Ниту еден бизнис , ниту еден успешен човек, успешен спортист, успешна компанија , не успеала со некаква маѓија, или преку ноќ...Сето тоа е продукт на макотрпна работа, и храброста да се помине преку БИЛО каква препрека во патот кон целта...
Самите ние сме нашиот моторен погон, и самите ние сме кочницата во животот. Само НИЕ можеме да си ја креираме сопствената судбина.
Секогаш постоеле, постојат, и ќе постојат луѓе кои ќе речат дека она што го замислуваме, е невозможно, неможе да се оствари...Единствениот некој, кој може да им докаже, дека СЕ во право, или дека НЕ СЕ, си само ТИ, и никој друг...Единствениот некој, што не задржува во остварување на целта, сме самите ние...Секогаш, кога нема да се успее во нешто, е најлесно е да се посочи некој друг, т.е да се обвини некој друг дека тој всушност е крив, што не сме успеале да го направиме она што сме сакале да го направиме...Но реалната слика е поинаква...све зависи од нас, и само од самите нас...Сите имаме шанса, секое утро, секој нов ден, да го направиме она што сакаме да го направиме...Никогаш не е доцна да го направиме она што од секогаш сме посакувале...Само ние избираме како ќе го поминеме животниот век, на кој начин, со кого и каде...
Само треба да се почне патот кон целта, онаа работа кон која имаме болна, опсесивна пасија, и само ако веруваме во себе, ќе бидеме зачудени до каде све можеме да стигнеме, и што све можеме да оствариме...Треба да веруваме, дека нашата цел е вредна за било каква жртва, за било колку жртви за конечно да се стигне онаму каде што се посакува, и да се оствари она што се посакува...
Следните генерации на успешни луѓе, идни успешни спортисти, музичари, пејачи, го знаат својот пат и знаат каде и како ќе завршат на овој свет...Дали ТИ знаеш ?